Прашања за Исламот III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
1. Да.
2. Во ред е тоа,само дај линкот да видам за што точно се работи.
3. Ти си го планираш времето друже,ако си доволно умешен со намаските времиња и да се раководиш според сонцето,ќе клањаш тогаш.
Ако си во недоумица, и знаеш дека ќе се вратиш за време на тој намаз во твоето место тогаш клањај го намазот кога ќе се вратиш.
Аллах не не оптеретува повеќе од нашите можности,ако си во такви места или да кажеме не знаеш каде е киблата,а се плашиш да не ти истекне намазот тогаш ќе се потрудиш и да направиш се што е до тебе за да го утврдиш времето на намазот или киблата итн итн,и иншаАллах исправно си постапил.

На Мухаммед а.с. тоа му е покажано како доказ,милост од Аллах,и тоа била свесна состојба каде на секој кат од небото се сретнувал со Аллаховите пратеници пред него и тие го признавале и посведочувале во неговото пратеништво.
Не е никаков сон туку свесно и реално,и муслиманите веруваат во тоа.
Ебу Бекр го добил прекарот Ес-Сидик(искрениот) заради таа случка,кога се случило ова патување Исраа и Мираџ, некои од присутните посомневале односно ниту потврдиле ниту негирале.. но не можеле да му речат на пратеникот а.с. па отишле кај ебу бекр и му рекле дека Мухаммед кажува дека за една вечер патувал од Мекка до Месџидул Акса па од Месџидул Акса до Сидретул Мунтеха.. Ебу бекр рекол: АКО ТОЈ ГО КАЖАЛ ТОА,ТОГАШ ТОА Е ТАКА,ЈАС ВЕРУВАМ.
Ова е показател на искреноста и верувањето во пратеништвото на Мухаммед а.с. и следењето на неговата пракса.
Ако сакаш да ти најдам предавања на оваа тема,ги има навистина многу и секое е посебно.
па не пишуваше ништо посебно, неможам да го најдам линкот, само беа набројани предзнаците и еден од нив беше тој, така како што го напишав. тоа значи дека киблата ќе биде уништена? ова за клањањето е малку комплицирано зашто може да се десат многу работи. пример да сум на бит пазар и се вика за икиндија и одам и клањам, а си одам дома и сонцето е веќе зајдено.....................а ова за умрените сакав да прашам дали во исламот постои таква појава.............дали е можно светци да се јавуваат на сон, и дали сите души, на сите умрени моментално се никаде или има некои во рај, пекол..............? може предавања..........
 
кога ќе го најдеш линкот постави го,ме заинтересира.
Се викало икиндија на бит пазар... си клањал и толку.. обврската е завршена, 2 пати ист намаз не си обврзан да клањаш. :)
 
http://www.povikkonvistinata.org/?p=4462 еве го најдов. причитај ги па имам и друго да прашувам за нив.......
 
го најдов и јас на босански
http://islam-iman.com/skrnavljenje-bejtul-harama-i-rusenje-kabe/

Ова се предзнаци пред Судниот ден.

http://www.youtube.com/watch?v=u0Vld5NoveE
Предавање на тема: Предзнаци на Судниот ден, појавата на Иса а.с. и рушењето на Ќаба.
 
интересни работи прочитав, .... ќе биде интересно.
ај прво да почнам со минатото (појавија и поминаа)
како тоа две големи групи на муслимани ќе војуваат? кога било тоа?
 
Тоа е битката на Сиффин,познатата битка после убиството на третиот праведен халифа Осман р.а.,помеѓу таборот на Алија р.а. и таборот на Муавија р.а.
Битката се случила 36 година после хиџра,се пренесува од Ебу Хурејре дека Пратеникот а.с. рекол: Нема да настапи Судниот ден додека не се соочат две големи војски. Меѓу нив ќе избие голема војна,а она на што повикуваат и едните и другите ќе биде идентично.
 
ок, сходно на ова, како тогаш се толкува сегашниот конфликт меѓу муслиманите? дали можеби се мислело на ОВОЈ конфликт, а не на ТОЈ?
 
Сегашниот конфликт меѓу муслиманите е повеќе поттикнат од надворешни фактори,разни служби,разни луѓе уфрлени во сите групи итн.
Сегашниот конфликт е друга тема,многу вмешани интереси.

Овде се мисли на тој конфликт, бидејќи тука било чисто,тоа била голема битка во која учествувале само муслиманите и тоа најдобрата генерација.
 
значи дека сега тоа не се две големи групи (суни и шиити)? ок нека биде така, и го прифаќам искрено ова, пошто има докази за таа битка.
идеме понатаму, ............. ќе шарам по податоците, ......... бр26. како тоа римјаните? римјаните се минато, или пак ќе има римска империја?
 
а зверот од земјата што претставува?
 
Ама Рим не е минато :)
Во хадис кој го бележи Муслим,хадисот е веродостоен,и еден е од предзнаците на Судниот ден во кој Мухаммед а.с. вели: Ќе го нападнете арапскиот полуостров па Аллах ќе ви даде победа,па ќе ја нападнете персија па Аллах ќе ви даде победа. После тоа ќе го нападнете Рим па Аллах ќе ви даде победа, па ќе го нападнете деџалот па Аллах ќе ви даде победа. s

Но ова се наговестенија и настани кои ќе се случат пред Судниот ден,поврзани со појавата на Деџалот,неблагодарно е да се врзуваат со некои денешни настани, кога ќе се случат,дали сега дали за 100 години.
Тоа Аллах најдобро знае.
--- надополнето: 9 февруари 2014 во 17:53 ---
а зверот од земјата што претставува?

Не знам, да се информирам па ќе одговорам.
Бидејќи се работи за предзнаците на Судниот ден а со тоа треба внимателно,со ајети и хадиси..
многу е неблагодарно да се земаат тие хадиси и да се толкуваат по нечие мислење и воља.
 
Последно уредено од модератор:
Ама Рим не е минато :)
Во хадис кој го бележи Муслим,хадисот е веродостоен,и еден е од предзнаците на Судниот ден во кој Мухаммед а.с. вели: Ќе го нападнете арапскиот полуостров па Аллах ќе ви даде победа,па ќе ја нападнете персија па Аллах ќе ви даде победа. После тоа ќе го нападнете Рим па Аллах ќе ви даде победа, па ќе го нападнете деџалот па Аллах ќе ви даде победа. s

Но ова се наговестенија и настани кои ќе се случат пред Судниот ден,поврзани со појавата на Деџалот,неблагодарно е да се врзуваат со некои денешни настани, кога ќе се случат,дали сега дали за 100 години.
Тоа Аллах најдобро знае.
не бегај со црвениот болд, ок? не е парламентаро тоа
ОН: не го спорам тоа дека е така кажано, ок е тоа. спорно ми е како тоа римјани во идно време? па еве ти ја спомнуваш и персија. и таа е дамнешно минато. не ми е јасно како ова е во иднина кога се што е спомнато е во минатото :confused: или пак како што напомнав, ПАК ќе има римска империја? пак ќе се создаде персија?
 
Како што веќе реков,со овие работи треба прецизно,по свои толкувања и нагаѓања не зборам.
Јас навистина не знам,не само што не знам.. и да знам неблагодарно е да јас ги толкувам овие работи.
Пратеникот а.с. во веродостоен хадис кажува дека предзнаци од Судниот ден е дека ќе бидат освоени Персија,Рим..
Дали ќе биде пак империја,или Рим денешен и територијата на денешна персија,Ирак,Иран..
Тоа навистина Аллах најдобро го знае.
Јас не можам од своја глава да давам толкувања.
--- надополнето: 9 февруари 2014 во 18:00 ---
Време е за намаз во џамија, се читаме подоцна :)
Интересна тема е ова ако не пробате да ја злоупотребите можам доста текстови,предавања да најдам и да пробам да одговорам на некои прашања.
Бидете поздравени. :)
 
Последно уредено од модератор:
Како што веќе реков,со овие работи треба прецизно,по свои толкувања и нагаѓања не зборам.
Јас навистина не знам,не само што не знам.. и да знам неблагодарно е да јас ги толкувам овие работи.
Пратеникот а.с. во веродостоен хадис кажува дека предзнаци од Судниот ден е дека ќе бидат освоени Персија,Рим..
Дали ќе биде пак империја,или Рим денешен и територијата на денешна персија,Ирак,Иран..
Тоа навистина Аллах најдобро го знае.
Јас не можам од своја глава да давам толкувања.
биди внимателен, али немој од страв да се кочиш. едноставно треба да имаш свои размислувања, .... ваљда
ок, ај тогаш вака. што ќе биде ако никогаш повеќе нема римска империја? а големи се шансите за тоа. испаѓа дека е грешка? и дека алах не е безгрешен?

ај да се префрлам на нешто полесно, минатото, нешто што е многу добро познато и кое може да се потврди од документи.
расцепувањето на месечината? порано не можеле да видат и докажат дека тоа било/небило. но денес е лесно да се докаже/побие, така?
 
Таман мислев дека ќе има нормална дискусија се враќаш на старата тактика, со свои заклучоци,што ако е ова, и ако е она а нормално немаш ниеден доказ,немаш ништо ама спремен си да заклучиш дека Аллах не е безгрешен.
Со ова можеш барем со мене само во место да се вртиш нити можеш нешто да постигнеш нити да промениш.
Аллах е најголем,и безгрешен, и вечен..
Ти што не веруваш тоа е твој проблем.
Ако така ги поставиш работите,можеме да разговараме и да дискутираме,а ако преку мои постови и сакаш да си изведуваш свои заклучоци и да ме убедуваш дека Аллах е безгрешен,ништо не правиш.

За месечината ќе си прашаш астрономичари јас не сум стручен за тоа.
Поздрав.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom