1. Да.
2. Во ред е тоа,само дај линкот да видам за што точно се работи.
3. Ти си го планираш времето друже,ако си доволно умешен со намаските времиња и да се раководиш според сонцето,ќе клањаш тогаш.
Ако си во недоумица, и знаеш дека ќе се вратиш за време на тој намаз во твоето место тогаш клањај го намазот кога ќе се вратиш.
Аллах не не оптеретува повеќе од нашите можности,ако си во такви места или да кажеме не знаеш каде е киблата,а се плашиш да не ти истекне намазот тогаш ќе се потрудиш и да направиш се што е до тебе за да го утврдиш времето на намазот или киблата итн итн,и иншаАллах исправно си постапил.
На Мухаммед а.с. тоа му е покажано како доказ,милост од Аллах,и тоа била свесна состојба каде на секој кат од небото се сретнувал со Аллаховите пратеници пред него и тие го признавале и посведочувале во неговото пратеништво.
Не е никаков сон туку свесно и реално,и муслиманите веруваат во тоа.
Ебу Бекр го добил прекарот Ес-Сидик(искрениот) заради таа случка,кога се случило ова патување Исраа и Мираџ, некои од присутните посомневале односно ниту потврдиле ниту негирале.. но не можеле да му речат на пратеникот а.с. па отишле кај ебу бекр и му рекле дека Мухаммед кажува дека за една вечер патувал од Мекка до Месџидул Акса па од Месџидул Акса до Сидретул Мунтеха.. Ебу бекр рекол: АКО ТОЈ ГО КАЖАЛ ТОА,ТОГАШ ТОА Е ТАКА,ЈАС ВЕРУВАМ.
Ова е показател на искреноста и верувањето во пратеништвото на Мухаммед а.с. и следењето на неговата пракса.
Ако сакаш да ти најдам предавања на оваа тема,ги има навистина многу и секое е посебно.