Прашања за Исламот III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Ова е веќе доста долго дебатирано, а нова со 25 годишната ќе ти го објаснам, 25 годишната слободно нека стапи во брак со оној кого го сака и нека си има колку му душа сака однос, само јас се сомневам на 25 годишната да не му сака душата секој ден различен па во то е проблемот.
Да ако е мажена на 17 години, на 25 ич нема да и се“ сака секој ден со различен. :pos:
 
Претпоставувам говориш за брак од љубов, каде девојката го избрала сама својот брачен другар.

Исламот наредува согласност на двата брачни другари за стапување во брак!!!
--- надополнето: 28 август 2013 во 17:46 ---
Да ако е мажена на 17 години, на 25 ич нема да и се“ сака секој ден со различен. :pos:

Тоа зависи од желбата на жената!
 
Грешиш, како може да се побуни народот против Ердоган кога Ердоган ја има довербата на 80% од граѓаните???

Како викаш дека ердоган ја вратил назад државата кога ја направе една од најразвиените, а згора на се додека цела Европа тонеше во кризи Турција бележеше раст?

Турција од пред 2 месеци нема ниту цент долг на ММФ и Светската Банка, прва држава што го направи тоа.

јас не реков дека јас го поддржувам и за мене е поприфатлив, туку реков дека за македонските Муслимани е тој поприфатлив, значи мнозинството го преферираат Турскиот систем, али и тука да бидеме јасни, не секуларниот, туку системот кој Ердоган сега го поставува, а едно да е јасно, народот е зад него, а не како што ти викаш против него!!

Сакаш да ми кажеш дека сакаат да им се забрани со закон алкохолот, сакаат да им нанесе шеријатски принципи, откако веќе ги согледале подобностите на она другото?

Ај нека биде по твое.
 
Тоа зависи од желбата на жената!
Тоа и ти кажувам цело време. Од нејзина желба, без разлика дали е во брак или не. Толку тешко е да се сфати?

Има жени во брак кои се ... ко штуки, а има кои не се во брак па несакат секој ден различен.
 
Сакаш да ми кажеш дека сакаат да им се забрани со закон алкохолот, сакаат да им нанесе шеријатски принципи, откако веќе ги согледале подобностите на она другото?

Ај нека биде по твое.

Штом 80% го гласаат ти самиот заклучи што сакаат!!
--- надополнето: 28 август 2013 во 17:49 ---
Тоа и ти кажувам цело време. Од нејзина желба, без разлика дали е во брак или не. Толку тешко е да се сфати?

а за тебе толку ли е тешко да сватиш дека зависи од жената дали ќе биде муслиманка или не??

ако постојано го прави тоа со секого и секаде не може да биде сопственик на Исламски Ахлак(морал), односно да биде муслиманка!!
 
Штом 80% го гласаат ти самиот заклучи што сакаат!!
--- надополнето: 28 август 2013 во 17:49 ---

а за тебе толку ли е тешко да сватиш дека зависи од жената дали ќе биде муслиманка или не??

ако постојано го прави тоа со секого и секаде не може да биде сопственик на Исламски Ахлак(морал), односно да биде муслиманка!!
........ зависи од жената дали ќе биде муслиманка............. :pos: Кого тоа лажеш? Нас ли или себе си?
 
Штом 80% го гласаат ти самиот заклучи што сакаат!!

Исто е и кај нас пријателе:P

Не сум сигурен дали е тоа мерило.

Замисли да на Турчин, му забраниш јени ракија:cool:
 
........ зависи од жената дали ќе биде муслиманка............. :pos: Кого тоа лажеш? Нас ли или себе си?

Повторно ме вадиш од контекст, тоа се дела на муслиманка, ако она го прави тоа значи дека не е муслиманка, разбираш??
--- надополнето: 28 август 2013 во 17:57 ---
Исто е и кај нас пријателе:P

Не сум сигурен дали е тоа мерило.

Замисли да на Турчин, му забраниш јени ракија:cool:

99% од оние кои гласаат за Ердоган не користат Јени Ракија!!
 
Бракот во исламот е најчисто и најубаво објаснет и дефиниран, тука нема да можете да најдете ништо нејасно и нелогично, се разбира ако сакате искрено да научите нешто за тоа и ако зад вашата желба за знаење не се крие друга намера.

Нема да најдеме ништо нејасно и нелогично?
Океј, ај да пробам.
Во исламот мажите можат да имаат повеќе жени, максимум 4 колку што знам, мада вашиот пророк бил привилегиран, па имал дваесетина.
Мене ме интересира, ако е нормално еден маж да има 4 жени, зошто тогаш во светот има горе долу ист број мажи и жени? Ако Алах сакал мажите да имаат по 4 жени, зошто не направил да се раѓаат 4 пати повеќе женски, отколку машки бебиња? Наместо тоа, на секои 100 женски бебиња имаме 107 машки бебиња. Заклучокот е многу јасен - математички е невозможно мажите да имаат по 4 жени, тоа би довело до ситуација каде што еден дел од мажите би имале 4 жени, а уште поголем дел од нив не би имале ниедна.

Тоа од некој си математички аспект, а еве малку и од емотивен аспект. Не постои жена која би сакала да го дели сопругот со уште 2,3 жени, во тоа можеш да бидеш сигурен. На ниедна жена не би и било сеедно да знае дека мажот има секс со сопругата број 3 во наредната соба, исто како што и ти не би бил рамнодушен да знаеш дека жена ти се плеска со некој друг во соседната просторија. Тоа е факт.
Нема среќа во таков брак, барем не за жените, а на мажите верувам дека им годи тоа што жените ќе се тепаат за нивното внимание и наклоност.

Тоа е што се однесува до бројот на жените, а кога праиме муабети за фактот што во исламот жената се смета за доволна зрела за брак а воедно и секс, во моментот кога ќе го добие првиот менструален циклус, доволно ти е да се консултираш со било кој психијатар или психолог, сите ќе ти објаснат дека девојче на 10, 12 или 13 години не е ни најмалку психофизички зрела, прво да донесе одлука дали и со кого ќе се мажи, второ да се носи со сите обврски кои ги носи бракот и мајчинството. Уствари, човек со два грама здрав разум не би ни имал потреба да прашува психијатри, би го знаел ова и сам, ама кај тебе е забележлив недостатокот од здрав разум, така да...
Па јас го памтам бе мојот прв менструален циклус бе, бев дете, седмо одделение бев, буквално бев се`уште дете и по цел ден возев ролери со другарките, и не ми паѓаше на памет да се мажам со никого, а најмалку со некој си 50 годишник, и никој не може да ме убеди во спротивното.
 
Поради нашата неограниченест денес ги имаме сите проблеми во светот, секоја неограниченост води до пропаст, штом бараш неограниченост онда имај однос со својата мајка и сестра, зарем е човечки и природно тоа??!
Јас убаво те прашав - на кој начин тебе те тангира што прави некој со неговиот сопствен живот? Со кое право ти се дрзнуваш да дефинираш друго човечко суштество како нечовечко, затоа што имал поинаков морал од твојот?

П.С. Што се однесува до проблемите кои водат до пропаст, потсетиме, каде се водат најкрвавите војни во моментов? Во кои земји?
Работата е во тоа што јас го сваќам различното, го знам и нен му пречам да си го живее така(иако треба) секој си живее по свое, но јас имам свој став и сметам дека тоа за мој поим е неубаво и неточно.

Не го избегнав него несвесно го изоставив, секој човек е должен да се залага за што подобро општество, бидејќи во тоа општество расте неговото дете, а општеството во голема мера влијае врз неговиот развој како личност.

како второ, што му беше гајле на Христос, на Ное, на Мојсие за Израелчаните па ги избави од робството кај Египќаните??
Како го сваќаш различното и не му пречиш, кога оправдуваш казни поради "неморал"? Која е таа дрскост сопствената моралност да ја прикажуваш како единствено исправна, а останатите да ги прогласуваш за нешто невредно, погрешно и зло?
 
Јас убаво те прашав - на кој начин тебе те тангира што прави некој со неговиот сопствен живот? Со кое право ти се дрзнуваш да дефинираш друго човечко суштество како нечовечко, затоа што имал поинаков морал од твојот?

П.С. Што се однесува до проблемите кои водат до пропаст, потсетиме, каде се водат најкрвавите војни во моментов? Во кои земји?

Како го сваќаш различното и не му пречиш, кога оправдуваш казни поради "неморал"? Која е таа дрскост сопствената моралност да ја прикажуваш како единствено исправна, а останатите да ги прогласуваш за нешто невредно, погрешно и зло?

Шеријатот го прави тоа, божјиот закон, а не јас или ти, принципот е принцип, природата е таа и ние мора да се раководиме и да живееме во склад со неа, општеството е она во што живееме, во кое опстојуваме, а потреба на човекот е да го оформува своето општество, денес имаме едно вакво општество, тебе ти се допаѓа, мене не, на некој друг не знам што и така.

Но едно е јасно, човечноста е битна солидарноста, хуманоста, поредокот и почитта, а системот кој вие го залагате е против сето тоа!!
 
Штом не ти се допаѓа, зошто не одиш во исламска земја да живееш? Зошто си сеуште овде?

Човечност, солидарност и почит каде поинаквите морални стандарди можат да чинат некого живот?
 
Нема да најдеме ништо нејасно и нелогично?
Океј, ај да пробам.
Во исламот мажите можат да имаат повеќе жени, максимум 4 колку што знам, мада вашиот пророк бил привилегиран, па имал дваесетина.
Мене ме интересира, ако е нормално еден маж да има 4 жени, зошто тогаш во светот има горе долу ист број мажи и жени? Ако Алах сакал мажите да имаат по 4 жени, зошто не направил да се раѓаат 4 пати повеќе женски, отколку машки бебиња? Наместо тоа, на секои 100 женски бебиња имаме 107 машки бебиња. Заклучокот е многу јасен - математички е невозможно мажите да имаат по 4 жени, тоа би довело до ситуација каде што еден дел од мажите би имале 4 жени, а уште поголем дел од нив не би имале ниедна.

Тоа од некој си математички аспект, а еве малку и од емотивен аспект. Не постои жена која би сакала да го дели сопругот со уште 2,3 жени, во тоа можеш да бидеш сигурен. На ниедна жена не би и било сеедно да знае дека мажот има секс со сопругата број 3 во наредната соба, исто како што и ти не би бил рамнодушен да знаеш дека жена ти се плеска со некој друг во соседната просторија. Тоа е факт.
Нема среќа во таков брак, барем не за жените, а на мажите верувам дека им годи тоа што жените ќе се тепаат за нивното внимание и наклоност.

Тоа е што се однесува до бројот на жените, а кога праиме муабети за фактот што во исламот жената се смета за доволна зрела за брак а воедно и секс, во моментот кога ќе го добие првиот менструален циклус, доволно ти е да се консултираш со било кој психијатар или психолог, сите ќе ти објаснат дека девојче на 10, 12 или 13 години не е ни најмалку психофизички зрела, прво да донесе одлука дали и со кого ќе се мажи, второ да се носи со сите обврски кои ги носи бракот и мајчинството. Уствари, човек со два грама здрав разум не би ни имал потреба да прашува психијатри, би го знаел ова и сам, ама кај тебе е забележлив недостатокот од здрав разум, така да...
Па јас го памтам бе мојот прв менструален циклус бе, бев дете, седмо одделение бев, буквално бев се`уште дете и по цел ден возев ролери со другарките, и не ми паѓаше на памет да се мажам со никого, а најмалку со некој си 50 годишник, и никој не може да ме убеди во спротивното.

Најпрво изучи го како што треба ставот на Исламот во врска со Бракот, потоа дојди да дебатираш.

Само две работи, а другите сама изучувај си го:

1. Исламот дозволува мажот да има две жени, но прв и основен услов е првата да му даде дозвола да земе втора!!

2. Исламот вика доколку се согласува од прва монструација па нагоре, препорачува во периодот од 20 до 27.

останатото истражи си го!!
--- надополнето: 28 август 2013 во 18:38 ---
Штом не ти се допаѓа, зошто не одиш во исламска земја да живееш? Зошто си сеуште овде?

Човечност, солидарност и почит каде поинаквите морални стандарди можат да чинат некого живот?

Доколку имаше едно селце било каде во светов каде што владее Шеријат, али во права смисла, биди сигурен дека до сега ќе бев веќе ојден!!

Човечност на никого не го кошта живот, али ако крадам нека ме кошта рака, ако посегнувам по туѓа среќа, нека ме кошта несреќа, доколку убивам, нека бидам убиен!!!

доколку еднаш ми се прости и поминам лесно, јас утере повторно ќе го направам истот, па дури и полошо, тоа е човекот!!
 
Ако еден систем за 1400 години неможел да се имплементира во пракса ниту во едно селце некаде во светов, тогаш како може да биде сметан за решение на целото човештво?

Ако собранието донесе закон за кој тврди дека е најидеалниот што постоел и ќе постои, но неможе да го спроведе во пракса, дали ќе му веруваш на тоа собрание?
 
ХЕХЕХЕХ

работата е што во тие 1400 години, преку 1000 години го имало, но после тоа, поради оддалечувањето на Муслиманите од принципите на самиот Куран го снемало овој закон од земјата, а уште пред 1400 години е веќе кажано дека тоа ќе се случи како предзнак на Судниот Ден, а повторно ќе се појави исто како предзнак на судниот ден, тоа се знаци на близината на крајот на светот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom