Donald Sikert
Jane Vitington
- Член од
- 28 ноември 2008
- Мислења
- 8.283
- Поени од реакции
- 5.614
Не говориме за замислена бајка,таква држава постоела,тоа што ти денес го нарекуваш мрачно доба,во исламската држава било златно доба.
Е сега прашањето за муслиманите:
Вака,како прво постои една битна разлика која и ти сам ја напомена.
Државата во секуларните држави ни се качи на глава со религиски слободи и немешање на религијата во управувањето на државата. Тоа во нашава држава е прекршено милион пати но нејсе,не е тоа муабетот.
Поентата е: Ако државата се декларира како секуларистичка и демократска тогаш нормално е јас како припадник на било која религија да очекувам да се почитуваат моите религиски права и слободи во таа држава.
Но доколку на пример заминам да живеам во држава која е прохристијански ориентирана и во уставот отворено вели дека тоа е демохристијанска држава и дека муслиманите спрема државата имаат обврска тоа и тоа,државата према муслиманите има обврска тоа и тоа,и местото на муслиманите во таа држава е таму и таму.
Тогаш или ќе ги прифатам условите или ќе си барам друго место за живеење.
Но ако државата уставно си е секуларна,и религијата е одвоена од државата тогаш нормално дека ќе барам тоа да се почитува и да се почитуваат моите права во таа држава бидејќи државата ми го гарантирала тоа.
Додека на пример: ти одиш во с. арабија и уште од старт ти велат: Друже ова е муслиманска држава,правата на христијаните се тоа и тоа,обврските тоа и тоа,и сега узми или остави.
Начисто си бе друже.
А ако државата ти продава муабет како тоа е демократска држава и загарантирани ти се сите верски слободи,а тоа не го исполнува,е тогаш е тоа друг муабет.
А се додека си свесен каде одиш,и какви се правилата на однесување,кој ти е крив
Јас не можам да појдам во Ватикан и да барам да бидам поголем папа од папата.
Но затоа можам во држави кои во државното уредување им стои дека ти ги гарантираат твоите верски права и слободи.
Ајде вака. За тоа дека шеријатската држава, која постоела во минатото, била златно доба за Исламот, ќе речеме дека е така. Нејзините плодови, биле секако вкусни за тоа време, за оние кои биле нејзини жители. Сигурно не и за останатите.
А, прашање е, дали таквите шеријатски закони и одредби, ти конвинираат и тебе во 21 век. Можеш само од инат да кажеш дека се во твоја корист.
За прашањето, мислам дека свесно или не, го одбегна директниот одговор.
Не ми објаснувај теоретски, што нуди секуларна, држава, што Хриситјанска , што исламска. Знаеме.
Прашањето еве уште поконкретно - дали ти како муслиман се чувствуваш подобро во МАкедонија, земја од Западна Европа (Франција, Германија), САД кои се декларираат како секуларни, или пак во С. Арабија која се декларира како шеријатска?
Тоа ти кажи ми - каде ти е подобро, зошто, и кои разлики ти ги чувствуваш на своја кожа.