Не, туку која бил неговиот исламски мотив за тоа? Ако вие Сулејман го сметате за еден од ретките кои практикувале вистински шеријат а самиот си кажа дека во исламот единствено одбраната е дозволена, од кого се бранел Сулејман кога решил да освојува?
Немој да ми ставаш зборови во уста.
Ниту сим го бранел сулејман, ниту па ми е омилен султан.
тргни историски, осман бил гази, на гранцата со византија, неговата територија била константно напаќана од христијаните, тој возвраќал на тоа. Имаш константни препукувања. ММЕ кој прв почна

Како што расте неговата моќ така и растат конфликтите со византија. Што не тука јасно.
Имаш непријател кој те напаќа. На ниедна освоена територија немало со сила конвертирање на хритијани и евреи во ислам, напротив си ги задржале сите свои права, судењето за нив се одвивало по нивните верски правила. Како што растела моќта на османлиската империја европа а пред се Ватикан гледа дека треба да го реши тој проблем па финансира различни востанија од арапите против османлиите и јавно започнува крстоносни војни. И на балканот се воделе крстоностни војни не само во ерусалим
Нелогичноста е што дискутираме за османслиите а не за исламот. Да не мешаме баби и жаби. Не може некој султан или постапките на некој султан да ги поистоветиш со исламот.
Јас правам дистинкција. Ти не правиш. Како илустрација, мојата дистинкција е дека јас сум длабоко уведен дека христијанската вера не е насилна и дека Исус не бил насилен иако Ватикан (наследникот на господ на земјата ала калифат) започнал крстоностни војни, јавно повикувал на истребување на се што не е католик, палел луѓе на клада.
Па не крива библијата што некој ја искористил за своја цел. Таква е природата на човекот.
Не можеш по постапките на борџија да имаш слика за библијата.
Ама кој го разбира тоа.
--- надополнето: 23 август 2013 во 11:53 ---
Веќе ти реков, можам да ти постирам еден куп цитати од муслимани на форумов кои тврдат дека Сулејман практикувал вистински ислам. Сакаш?
Ама тоа е нивен проблем бе друже.
И во претходниот пост ти пишав, види убаво прочитај, најискрено ти пишпувам, не поистоветувај дела на некој човек кој може да тврди што сака во врска со религија и религиска книга.
Многу муслимани во мкд и на балканот имаат некоја романтичарска врска со османлиската империја од друг аспект, и се поврзано со неа за низ е позитивно.
Тука е темата ислам а не што мислел рушит, асан и усеин за османлиите. Повеќето од нив не знаат ни три султани да ти набројат.