Јас, сепак, ќе кажам дека не си во право генерално, во постов.
Додека Реза Пахлави беше на чело на Иран, немаше никакви проблеми со Исламот. Немаше шеријатски закони, кои датираат од минатото.
Истото беше и во Турција, која се прероди после Кемал Ататурк, и сфати каде е напредокот.
Но, што се случи? Доаѓа ајатолахот Хомеини и ги испревртуе Иран. Во поблага форма, се случува тоа и во Турција.
После нивното доаѓање, полека се повампируваат лошите навики од шеријатот и Отоманската империја.
Прогресивците го сфаќаат тоа, и се борат на свој начин против истото.
Каде е тука САД и Европа, во муабетов?
Мене ме интересира, зашто секој еден муслиман, кој живеел надвор од исламските земји, не сака да се врати во истите, уште помалку, ако му наложат шеријат?
Сите оние кои го виделе благодетот на науката, техниката и технологијата, знаат колку е саатот. Еден од нив си и ти, само што глумиш нешто тука.
Затоа на Исламот, му се потребни неуки луѓе, на шеријатот му се потребни верници во окови, за да може да опстане. Секој што ќе види поарно, ќе го отфрли сето тоа. Затоа најголема неписменост има во Исламските земји, и не се дозволува образование за секого.
Замисли жената муслиманка да ја оставите да избере без последица, меѓу шеријатот и исламот од една страна, и западот и атеизмот од другата страна. Па човеку, за лек нема да имате ниедна жена бе.
Исламот владее, исто како и што се ширел - со меч и многу тортура.
Идеме ред по ред хронолошки.
Прво не е во ред да се генерализира.
Второ, немој да мешаме баби и жаби.
Што е проблемот со Иран? Сега не чини иран, а чини сирија т.е башар ал асад, а двете се едно исто.
Какви проблеми има денес Иран со исламот?
Што и фали на туркска. Мнозинство на население се муслимани имаат секуларна држава испреплетена со исламски традиции. И добро и оди. Факт.
700 години била шеријатска држава, од едно село на граница со винзантија гази Осман успеал да направи една од најголемите империи во светот. Голема грешка со шеријатот направиле.
Кај се САД и европа.
Кој го создаде бин ладен. Кој ја финансира ал-каеда. Кој го направи косово држава и за што.
Од кај доаќаат радикалите денес на балканот.
Или усвари не бе, исламот е крив. Да да, европа и сад миротворци се.
Науката техниката и технологијата биле основа на шеријатските држави во минатото и затоа тие држави имале просперитет. Вообновување на грчката наука, филозофија и математија се прави во шеријатска држава. Додека европа била во мрачна доба науката цветала во шеријатската држава.
Кои се најголеми извезувачи на радикалисти.
Иран = шиити. Саудиска Арабија = Вахабисти.
Има тука нешто не јасно. Со ова мене се ми е поприлично јасно.
Во кои банки ги чува саудиската династија своите пари. А бин ладен кај ги чуваше.
Една аналогија на твојот пост.
САД. Демократија. Земја агресор. Илјадници земји има окупирано. Сите пиздарии во светот ги има направено (у задњи век наравно).
Американски устав - Топ. Екстрае. Не знам дали си го прочитал. Подобро секуларно уредување нема.
Зашто во пракса така се манифестира уставот? Кој е крив. Уставот. Демократијата. Американците. Политичарите. Или една мала група во позадина.
Христијанство. - Библијата не е насилна. Кој не ја читал не знае. Колку крстоностни војни се направиле.
Кој е крив. Ватикан, христијаните, бибилијата, исус?