Прашања поврзани со Android Market (Google Play)

  • Креатор на темата Креатор на темата nikola2004mkd
  • Време на започнување Време на започнување
Имам ZTE Blade Q со андроид оперативен систем ама во последниов период почна да ми прави проблеми со Google App Store и Google Play Services. Имам меморија и на телефонот и на мемориската картичка ама не ми дава да симнувам ниту пак апдејтирам апликации, порано тоа го решавав само со бришење на кеш меморијата додека сега единствено делумно се решава проблемот со бришење на апдејтите на апликациите Google App Store и Google Play Services. Откако ќе ги вратам на фабричка верзија апликациите може да се симнува и апдејтира ама ми бара да ставам понова верзија од тие две апликации, откако ќе ставам нова верзија симната од интернет на Google App Store и Google Play Services пак се активира проблемот. Притоа исто така не ми дава да преместам апликации од телефон на мемориска картичка ми вика дека немам меморија а има повеќе од 1 ГБ слободни. Некое решение за овие проблеми, или проверени од вас симнати рачно овие две апликации? Благодарам однапред. :)
Имам ист таков тел и проблемот се јавувава во тоа што таа внатрешна меморија е поделена на два дела од по 1гб. Internal storage и Phone storage. Сите апликации се симнуваат во Internal. Провери тука како стои состојбата. Settings>Storage> ...
Ако тука си полн, тоа е тоа, малку ти е 1гб. Втората внатрешна меморија ти функционира ко божем СД картичка и за таа работа апликацијата треба да може да се префрла на друго место, односно на вистинската СД картичка. Не знам зошто ја имаат направено таа глупост, но со таквата состојба испаѓа дека тел има само 1гб внатрешна меморија.
Колку за помош може да ти се најде и Clean master (иконата е едно плаво/жолто метличе) но колку ќе помогне не знам, зависи од апликациите.
 
Значи вака, значи плеј сторе ја зафркава ЦЕЛАТА работа сo insifuccient space. Имав 200мб простор и неможев преку плеј стор да симнам апликација од 17мб. Го најдов апк-то, го ставив во мемориската, и си се инсталира нормално. Значи сепак плеј сторот е крив за ова.
 
Имам ист таков тел и проблемот се јавувава во тоа што таа внатрешна меморија е поделена на два дела од по 1гб. Internal storage и Phone storage. Сите апликации се симнуваат во Internal. Провери тука како стои состојбата. Settings>Storage> ...
Ако тука си полн, тоа е тоа, малку ти е 1гб. Втората внатрешна меморија ти функционира ко божем СД картичка и за таа работа апликацијата треба да може да се префрла на друго место, односно на вистинската СД картичка. Не знам зошто ја имаат направено таа глупост, но со таквата состојба испаѓа дека тел има само 1гб внатрешна меморија.
Колку за помош може да ти се најде и Clean master (иконата е едно плаво/жолто метличе) но колку ќе помогне не знам, зависи од апликациите.
Така, phone storage и internal storage. Јас мислев дека internal storage ќе биде всушност картичката ама не е. Можеби единствено решение е апликациите да се симнуваат на картичка и инсталираат на неа ако е можна таква опција, треба да проверам не знам дали е возможно. Само тоа го гледам како решение инаку картичката ќе користи само за музика, слики и сл. и нема да помогне за проблемот. Јас пак користам, app cache cleaner.
 
http://www.howtogeek.com/114667/how...y-default-move-almost-any-app-to-the-sd-card/
 
Јас имав таков проблем,со тек на време почна да ми покажува дека меморијата ми е при крај, и кога деинсталирав апликации ми се ослободуваше малце од меморијата. Ги деинсталирав сите апове и ми останаа само фејсбук и опера мини, и пак нема меморија.... па го нагодив фабрички телефонот со што сите работи ми беа избришани..... после одново почнав да ги симнувам истите апове и верувате ли многу симнав и имав меморија,дојдов до заклучок дека, во тие три год. ниту еднаш не сум го фабрички нагодила тел.и со тоа од секоја апликација остануват податоци кои работат во позадина, и тоа све се собира, без разлика дали сите рабори ќе се избришат од тел пак нема меморија, треба темелно да се избрише/очисти и ќе се опрае. ;)
 
На кинески телефон купен од сет http://set.com.mk/index.php?route=product/product&keyword=c5000&product_id=41520 не може да се инсталира апликацијата од стопанска банка, пробано и преку гугл плеј и како апк не се инсталира никако. Други апликации се инсталирет нормално без никаков проблем. Чаре некое имат?
 
Кога сакам да симнам некоја апликација од Play започнува да се симнува. Но ако се тргнам од Play, и си работам било што, или едноставно го заклучам телефонот апликацијата не се симнува, или ќе се симне, ама не е инсталирана. Или па ќе треба да појдам на Play Store и тогаш пак почнува да се инсталира. Или ако имам повеќе апликации за симнување се симнува втората.

Порано и 10 апликации да сум ставел за симнување, си се симнувале и инсталирале.
Не е проблемот до телефонот. на три телефони истиот проблем.

Чаре?
 
Колку кошта од прилика некој да ти напраи апликација, едноставна, пермисии за повици само или такви ствари. Или не може вака на слепо,треба да се види шо како?
 
Дечки, Google Play Music, е бесплатна апликација? Ја користам само за слушање музика пошто немам друг плеер за музика.
 
Дечки, Google Play Music, е бесплатна апликација? Ја користам само за слушање музика пошто немам друг плеер за музика.
Апликацијата е бесплатна за слушање на локални фајлови, се плаќа само за користење на нивните сервиси за слушање музика онлајн.
 
Апликацијата е бесплатна за слушање на локални фајлови, се плаќа само за користење на нивните сервиси за слушање музика онлајн.
Ахам. Значи, песните што ми се во телефонот и во мемориската можам да ги слушам бесплатно. Тоа сакав да го знам пошто ми пишваше нешто 30 дена бесплатен период ама не знаев зошто е тоа. Си реков после 30 дена да не ми бара да плаќам па за без пари да не можам да слушам музика.

Фала многу, другарче. :D
 
Можеш да активираш 30 дена бесплатен период, само немој да заборавиш да го исклучиш сервисот затоа што ќе почне да ти наплаќа.
 
Можеш да активираш 30 дена бесплатен период, само немој да заборавиш да го исклучиш сервисот затоа што ќе почне да ти наплаќа.
Не, не уклучувам ништо. А како би ми наплаќал? Треба со картичка од банка, не?

И зошто некогаш како да се закочува, не ми ги пее песните?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom