Прашања на кои сакате одговор, а никогаш не сте го добиле !

  • Креатор на темата Креатор на темата Keepitreal
  • Време на започнување Време на започнување

Keepitreal

И сега ?....
Член од
18 септември 2012
Мислења
386
Поени од реакции
371
Ме бунат многу прашања за кои многу тешко можам да пронајдам одговори.. Ова ми е инспирацијата да ја започнам темата. Тука поставуваме прашања на кои сме сакале, а не сме добиле одговори.. Се надевам тука ќе ги добиеме тие мистериозни одговори...
 
Зошто сме само протагонисти во овој делумичен Свет?
 
Зошто побогу некои луѓе не знаат за доста кога се работи за упикување и живеење измислен ( читај: туѓ) живот?
Дали да плачам или да се смеам работава :facepalm: .
 
Дали сум можел да променам некои работи пред извесен период и да не сум во оваа положба сега?
Дали имало лек за оној кој ме сакаше најмногу на светов? а не го најдов и дозволив да се случи тоа што се случи..:unsure:
Која е суштината на животот? За што сме родени? Дали некој воопшто на светов ја разбира вистинската смисла за нашето раѓање, живеење и постоење?
Зошто колку и да сум добар со луѓето на крајот ми се качуваат на глава и ми враќаат со лошо?
Има уште многу но џабе е, остануваат неодговорени докрај.
 
@bebush
Што е тоа во луѓето тажно што живеат што живеат во животи туѓи?

--- надополнето: 11 октомври 2013 во 02:16 ---
@MajMyH

Од минатото само учи од грешките.
Не вреди да ја удираш главата од ѕид за што би било кога би било.
Смислата на животот е да се живее.

Зошто колку и да сум добар со луѓето на крајот ми се качуваат на глава и ми враќаат со лошо?
Можно е да има повеќе причини тука.
Најкратко не сите луѓе ја заслужуваат твојата добрина.
 
Зошто колку и да сум добар со луѓето на крајот ми се качуваат на глава и ми враќаат со лошо?
Не велам дека ова важи за тебе, но во врска со прашањето. Некогаш мислиш дека си добар со луѓето и правиш добро но всушност се обидуваш сам себе да си направиш добро. Понекогаш доброто што го правиш за некој е лошо. Никогаш нема да можеш на сите да им погодиш. Што и да направиш со најчиста мисла и намера, ќе се најде некој кој ќе биде навреден од тоа и ќе те направи најголемиот идиот и хипокрит на планетата.
Затоа останува само едно, секогаш кога правиш нешто со чиста мисла и чисто срце, без скриени намери и добивка, не треба да го правиш за да им погодиш на другите, туку сам да се задоволиш со своите постапки. Знај дека и тоа секогаш не успева, ќе се најде некој .... секогаш се наоѓа некој кој ќе те мрази ...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom