Прашања до Атеистите II

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Ти го опишав средностатистичкиот профил (возраст, полов сооднос, образование) на современите атеисти врз основа на завиден број анкети пополнети од атеисти.
Знам, не е лесно кога твојата основна сила се старците и необразованото стадо.

Што се однесува до неписменлакот, почни од својот: појќе е од очигледно дека не си мрднал од затуцаноста и простотилакот од атеизмот, а уш‘е збориш за нечиј неписменлак. Плус, се сомневам дека познаваш барем еден верник, кој не е верник само како статистички податок, за кој можеш да кажеш дали е или не е писмен.

И конечно, дај препрепрепрочитај си го апсурдот од ТВОЈОТ пост, не од мојот.
 
Последно уредено:

Годиништа минаа но атео-комуњарската пропаганда, едно те исто меле ко празна воденица, стереотипи,предрасуди-прости верници- умни атеисти, бабички , дедовци затуцани, и истовремено истите вие што ширите стереотипи се кажувате за широкагради:tapp:.
antireligion.jpg

https://ru.wikipedia.org/wiki/Безбожнаја_пјатилетка
 
Што се однесува до неписменлакот, почни од својот: појќе е од очигледно дека не си мрднал од затуцаноста и простотилакот од атеизмот, а уш‘е збориш за нечиј неписменлак. Плус, се сомневам дека познаваш барем еден верник, кој не е верник само како статистички податок, за кој можеш да кажеш дали е или не е писмен.

И конечно, дај препрепрепрочитај си го апсурдот од ТВОЈОТ пост, не од мојот.
Во што се состои апсурдот, о севселенски, боговдахновен интелекту?!
 
Во што се состои апсурдот, о севселенски, боговдахновен интелекту?!

Ај да ти под обајснам, т.е. под разјаснам, оооо војводо...

Нај напред, еве го твојот пост:

„..За разлика од некогаш идеолошки наложуваниот атеизам од врвот на власта (во комунистичките и социјалистички држави), денес атеизмот се шири на индивидуална основа меѓу младите генерации. Например, ако се анализираат податоците од сајтот www.atheistcensus.com (каде се регистрирани анкетите на над 270 000 атеисти од целиот свет) ќе се види дека просечниот профил на современиот атеист е 30 годишен маж, со завршено универзитетско образование....„.

Кон првиот болд.

Велиш, атеизмот се ширел на индивидуална (а каква поинаку?...) основа меѓу младите. Па добро бе, како може атеизмот сам од себе да се шири, а притоа некој центар на моќ не решил да го спроведе тоа ширење? Атеизмот сам од себе решил се шири, таќе?...
Не, туку атеизмот не се шири, туку широките народни маси се препуштени сами на себе и оставени во духовен вакуум, затоа што центрите на моќ ја ускратуваат човековата потрба од духовност кај народот па истот тој народ, немајќи избор, го прифаќа она кое му е понудено, а тоа е едно обично „ништо„, односно, замената на духовните потреби со исклучиво материјали (потреби), комбинирани со бесконечен хедонизам и забава.

Кон вториот болд.

Велиш, на тој и тој сајт биле регистрирани анкети на над 270 илјади атиеисти (?) од целиот свет....Хммм. Ако сакам да спроведам анктета со од напред одредена намера и цел, како во случајов, ако сакам да докажам дека атеизмот се шири токму кај младите па дури и образованите, тогаш нај лесно ми е ако таа анкета ја спроведам токму во атеистичка средина, односно, во средина која нај лесно се наоѓа: денес имаш места на Земјава, особено на „западот„, каде граѓанството лаконски се изјансува за „атеистичко„ и за мене како анкетар, токму таквите места би биле идеални за анкетирање, со цел да покажам дека атиезмот се шири со невидена брзина, и тоа не кај кого било, туку токму кај младите, кои, појќе е очигледно, живеат во строго секулазирани и Богоотпаднички општества.

А еве ти и спротивен случај: ако направам анкета меѓу верните во Црквата, шти мислиш, колку од нив ќе речат дека се „атеисти„?...

Кон третиот болд.

Коментаров кон третиот болд веќе го начнав во по горниот пасус: токму младите до 30 или околу 30-тата година, се поединци кои живеат во обезбожен Свет па на истите не им преостанува ништо, освен да го земат само она кое им го нуди Светов: имено, Светов го нуди само световното и неговите вредности, за разлика од Христос, Кој ни понуду вечен живот на Небесата а не на Земјава.

И конечно, самото изјаснување за „атеист„ од страна на атеистите е обична лага, што значи дека тоа е истовремено и погрешен „влезен податок„ во предметната анкета па по системот „внеси ѓубре-излегува ѓубре„, можеш да видиш дека „заклучоците„ од споменатата анкета, според која токму младите 30 годишни и образовани луѓе се „атеисти„ се обична лага и замајување, затоа што токму тие кои велат дека се „атеисти„; немаат благе везе што значи поимот „атеизам„.

Миљон пати го поставив прашањето „Што е тоа „атеизам„?„ а за возврат добив дебилни одговори, но не од било кого, туку од самите атеисти од форумов.
 
Миљон пати го поставив прашањето „Што е тоа „атеизам„?„ а за возврат добив дебилни одговори, но не од било кого, туку од самите атеисти од форумов.
никако да го погодат одговорот кој ти го сакаш
миљонеру
 
никако да го погодат одговорот кој ти го сакаш
миљонеру

Let3,

одговорот кој го барам, треба да биде точен (!), а не одговор по моја желба. Према томе, барам одговор на прашањето кое го поставувам, односно, не барам превод на изразот „атеизам„.
 
Let3,

одговорот кој го барам, треба да биде точен (!), а не одговор по моја желба. Према томе, барам одговор на прашањето кое го поставувам, односно, не барам превод на изразот „атеизам„.
демек имаш енциклопедија со точен и од меѓународните фактори признат одговор
 
Миљон пати го поставив прашањето „Што е тоа „атеизам„?„ а за возврат добив дебилни одговори, но не од било кого, туку од самите атеисти од форумов.
Единствено дебилно е твоето неразбирање на поимите.
 
Let3,

одговорот кој го барам, треба да биде точен (!), а не одговор по моја желба. Према томе, барам одговор на прашањето кое го поставувам, односно, не барам превод на изразот „атеизам„.
Одговорот што е точен ти е даден мал милион пати. Атеизам - неверување во богови, божества и слични надприродни суштества. Не е ниту религија, ниту идеологија, ниту движење ниту завера! Зошто? Затоа што нема идеолошки компоненти, нема кодекси на однесување, нема догми, нема институции. Атеист може да биде и комунист и капиталист, и богат и сиромав, и интелегентен и глупав, и чесен и нечесен.... Попросто здравје од ова...треба човек тотален дебил да биде за да не го свати ова....после стотина објаснувања.
 
Единствено дебилно е твоето неразбирање на поимите.

Е ај кажи го твоето разбирање на поимот „атеист/атеизам„.
„Интернет„ ти е на располагање...:sneaky:[DOUBLEPOST=1449041663][/DOUBLEPOST]
демек имаш енциклопедија со точен и од меѓународните фактори признат одговор

Види троа по горе.[DOUBLEPOST=1449041823][/DOUBLEPOST]
Одговорот што е точен ти е даден мал милион пати. Атеизам - неверување во богови, божества и слични надприродни суштества.

Не прашувам како се преведува изразот „атеизам„, туку што е тоа „атеизам„.
Атеизмот и тоа како е идеологија.
 
Е ај кажи го твоето разбирање на поимот „атеист/атеизам„.
„Интернет„ ти е на располагање...:sneaky:
Кажано е 9891 пат. Тоа што тебе не те “аресува“ одговорот е твој проблем.

Не прашувам како се преведува изразот „атеизам„, туку што е тоа „атеизам„.
Атеизмот и тоа како е идеологија.
Никаква идеологија нема атеизмот.
 
Кажано е 9891 пат. Тоа што тебе не те “аресува“ одговорот е твој проблем.

Никаква идеологија нема атеизмот.

Не е кажано ништо: преводот на поимот „атеизам„ не е исто што и одговор на прашањето што е атеизмот.
Ај обиди се пак...„Интернет„ ти е на дланка, не се плаши да го најш точнио‘ одговор.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom