Прашања до Атеистите II

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Па и што друго да очекувам од христијанин да замавнува со прстот “ќе видиш ти“. Твоето постоење е доказ, точно, ама дека ти постоиш а не бог. Кога ќе објасниш како тоа ти знаеш, ако можеш се разбира, па ќе видиш дека не е избор. Ај еве пробај бар на 5 минути одлучи да не веруваш, можеш?
Ја не замавнувам со прст(само кажувам) ја сум никој и ништо и тотално ограничен без Негова интервенција во мојот живот..Работите кои ја не ги гледам и над кои немам апсолутно никакво влијание и контрола му ги препуштам на Него а тој совршено на негов начин ме избавува од секаква можна пиздарија која јас ја правам како избор и сум мислел дека е добар за мене која на крај се испоставува дека била замка која ме чекала да наседнам ко млад мајмун..

Стави ме во потпис да биде комплетно уживањето со назнака каков типАЦ ме пресмеа,овој е бетер од Пуно..:coffee::cool:
 
Слободна волја е илузија. Не постои такво нешто. Ниту ти си избрал да веруваш, ниту пак јас да не верувам. Верувањето/неверувањето не е избор.
Инаку QR мој ти знаеш дека бог постои, глумиш дека знаеш.

Не е двоумење. Или веруваш или не веруваш, или знаеш (или пак тврдиш дека знаеш) или не. Зошто па да не коментирам? Ми се може.

Имаш слоободна волја? Хаха, како не. Според вашето учење, бог го знае секој можен исход, нема тука слободна волја, богот ти го одредил дули и врувњето. Пак ќе речам според вашето верување, не според мене.

Имаш право да коментираш ама чудно ми е зошто коментираш нешто шо воопшто не те интересира.Мане на пример воопшто не ме интересира ловот.Познавам ловџии кои нон стоп мелат дали гонеле кучињата.Јас ич не коментирам не ги прашувам пошто ме боли QR дали терале или не.А тебе Хермане не те имам сретнато на друга тема освен на оваа.Така да малку ми е контрадикторно.
Автоматски споено мислење:

Значи според тебе вербата е само избор? Ако парва напише поради слободна волја дека одлучил од сега дека верува, тоа е тоа?

Значи ти го немаш совладано? Се совладува воопшто или е доживотна неделна претплата?
Не ама се борам со своето его.Поради егото постои и булинг,садизам агресија.
Автоматски споено мислење:

Не би рекол..... се е релативно... во очите на твоето домашно милениче на кое се му обезбедуваш си бог, бог стварно реален а не замислен.

Второто ... за егото ... отсуство на его значи и... понизност, потчинетост, податливост, искористивост, наивност и сл.
Го мешаш егото со самодоверба.
 
Последно уредено:
Имаш право да коментираш ама чудно ми е зошто коментираш нешто шо воопшто не те интересира.Мане на пример воопшто не ме интересира ловот.Познавам ловџии кои нон стоп мелат дали гонеле кучињата.Јас ич не коментирам не ги прашувам пошто боли QR дали терале или не.А тебе Хермане не те имам сретнато на друга тема освен на оваа.Така да малку ми е контрадикторно.
Па чуди се ако ти е чудно, што да ти кажам. Кога богот го ставате пред човекот не можеш да ме разбереш. Кога човекот ќе ти стане побитен од богот, тогаш ќе ме разбереш. богот не ме интересира, и нема зошто да ме интересира, никој жив досега што постоел или сега постои не успеал да го докаже. Интересни сте ми таквите како тебе кои веруваат во нешто за кое немаат добра причина, а не па доказ.
 
А од кај знаеш па ти дека немам длабока причина?На крај краева кој е твојот лајф мотив?Која е твојата животна филозофија?Пошто овдека е темата прашања до Атеистите а не обратно.Која е смислата на животот?Каде наоѓаш инспирација да продолжиш?Или тоа го правиш по инерција?Дали во атеистичките општества човекот е најбитен?
 
Го мешаш егото со самодоверба.
Јок!
Едното со другото се надополнуваат, едното без другото не може да опстои! Слободно стави знак за слично и еднакво истовремено.
 
Бидете внимателни што зборувате

Matthew 10:32-33
New International Version

32 “Whoever acknowledges me before others, I will also acknowledge before my Father in heaven. 33 But whoever disowns me before others, I will disown before my Father in heaven.
 
А од кај знаеш па ти дека немам длабока причина?На крај краева кој е твојот лајф мотив?Која е твојата животна филозофија?Пошто овдека е темата прашања до Атеистите а не обратно.Која е смислата на животот?Каде наоѓаш инспирација да продолжиш?Или тоа го правиш по инерција?Дали во атеистичките општества човекот е најбитен?
Нема смисла, барем не за мене. И тоа го прави животот депресивен и бесмислен. Да бидам искрен ви завидувам на вас верниците, да можам да бирам би бирал да бидам верник, вас животот ви има поголемо значење и смисла. И не само тоа, и многу други работи, мислам дека животот би ти бил полесен и поисполнет доколку си верник.
 
На роѓендан сам, пију вино, да си иду дома па ке ви се прикључу.
:icon_mrgr:

@Херман не ми одговори за никнејм.

Лаик, ти си доказ дека лаички се зимаф стфари здеаво за готово, пред да се улегне у некакфу вербу. Без грам срам и начитаност.
Ти си брат дефиниција за невербу, господ на две столчиња, биполарно растројстфо.
Извини овакој дирекно, али мислу дека нешто карфиоли у тфој мозак, не су правилно повржани.

Епа овој е праф проблем. Личан лајфмотиф и индивидуално искустфо. Мозак е најголем мајндгејмер у природу.

Да не беше личан лајфмотив, ке беше глобална верба у едно нешто, нешто божанстфено и семоќно, нешто што упорно не убедуете нас скептици, без грам докази.
Автоматски споено мислење:

Која е бе смисла на живот?
Да се има било какфа верба у нешто?
Макар не било докажано дека постои, битно да се веруе?
Да се троши драгоцено време на непотребни ритуали, палење сфеќe, молење, постење?
Да ти ебу такфу смислу на живот.
Да бидеш потчинет од нешто и да се плашиш од истото дали ке гориш у пекол?
Смисла нула.
 
Последно уредено:
Јок!
Едното со другото се надополнуваат, едното без другото не може да опстои! Слободно стави знак за слично и еднакво истовремено.
Ево на пример јас сум добар пливач.Самоуверено влегувам во вода можам да пливам поголеми релации.На тоа поле сум самоуверен.Ама ако почнам да се понашам арогатно, се фалам со тоа и ги исмеавам тие шо имаат страв од вода значи кај мене почнало да работи егото.
Автоматски споено мислење:

Нема смисла, барем не за мене. И тоа го прави животот депресивен и бесмислен. Да бидам искрен ви завидувам на вас верниците, да можам да бирам би бирал да бидам верник, вас животот ви има поголемо значење и смисла. И не само тоа, и многу други работи, мислам дека животот би ти бил полесен и поисполнет доколку си верник.
Фер одговор!
 
А од кај знаеш па ти дека немам длабока причина?На крај краева кој е твојот лајф мотив?Која е твојата животна филозофија?Пошто овдека е темата прашања до Атеистите а не обратно.Која е смислата на животот?Каде наоѓаш инспирација да продолжиш?Или тоа го правиш по инерција?Дали во атеистичките општества човекот е најбитен?
Од каде знам дека немаш причина? Со години на форумов не си спомнал која е таа. Личните сведоштва и искуства не се ниту причина ниту доказ. Ако веќе стриктно се држиш до тоа која е „темата„ овде не ми е проблем во прашања до христијанстијаните да ти го поставам прашањето. Но еве ќе ти одговорам пак, иако ти одговорив индиректно, требаше тоа да го разбереш. Човекот е мојата философија и лајт мотив. Човекот пред се и над се.
а ова последново ти е смејурија од прашање „Дали во атеистичките општества човекот е најбитен?“ Кои се тие атеистички општества? Јас барем не знам за такви. Не ни пробувај да поистоветиш социјализам со атеизам. Ќе ти одговорам вака, во СИТЕ општества треба да е човекот најбитен.
 
Последно уредено:
На роѓендан сам, пију вино, да си иду дома па ке ви се прикључу.
:icon_mrgr:

@Херман не ми одговори за никнејм.

Лаик, ти си доказ дека лаички се зимаф стфари здеаво за готово, пред да се улегне у некакфу вербу. Без грам срам и начитаност.
Ти си брат дефиниција за невербу, господ на две столчиња, биполарно растројстфо.
Извини овакој дирекно, али мислу дека нешто карфиоли у тфој мозак, не су правилно повржани.
Автоматски споено мислење:

Епа овој е праф проблем. Личан лајфмотиф и индивидуално искустфо. Мозак е најголем мајндгејмер у природу.

Да не беше личан лајфмотив, ке беше глобална верба у едно нешто, нешто божанстфено и семоќно, нешто што упорно не убедуете нас скептици, без грам докази.
Автоматски споено мислење:

Која е бе смисла на живот?
Да се има било какфа верба у нешто?
Макар не било докажано дека постои, битно да се веруе?
Да се троши драгоцено време на непотребни ритуали, палење сфеќe, молење, постење?
Да ти ебу такфу смислу на живот.
Да бидеш потчинет од нешто и да се плашиш од истото дали ке гориш у пекол?
Смисла нула.
А зошто верата ја сваќаш како потчинетост?Христијанството пред се се базира на љубов.Сакај го ближниот свој.Мене вербата ми помогна во еден многу тежок период.Иначе бев готов ако ме обземеше безнадежност немаше да се извлечам. Тоа е мое искуство не го наметнувам никому.Затоа постои слободна волја.Твое е да одлучиш јас не судам само споделувам мое искуство.
Автоматски споено мислење:

Од каде знам дека немаш причина? Со години на форумов не си спомнал која е таа. Личните сведоштва и искуства не се ниту причина ниту доказ. Ако веќе стриктно се држиш до тоа која е „темата„ овде не ми е проблем во прашања до христијанстијаните да ти го поставам прашањето. Но еве ќе ти одговорам пак, иако ти одговорив индиректно, требаше тоа да го разбереш. Човекот е мојата философија и лајт мотив. Човекот пред се и над се.
а ова последново ти е смејурија од прашање „Дали во атеистичките општества човекот е најбитен?“ Кои се тие атеистички општества? Јас барем не знам за такви. Не ни пробувај да поистоветиш социјализам со атеизам. Ќе ти одговорам вака во СИТЕ општесва треба да е човекот најбитен.
Комунизмот и болшевизмот на пример.Атеитички општества срж.Сакаш да ми кажиш дека во тие општества човекот е најбитен?Дека Сталин ,Берија, Црвените Кмери, го почитувале живот на поединецот?И да те потсетам.Темата е прашања до Атеистите.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom