Ipsi ако ме држи памтењето не покажа некое големо познавање од оваа област на темата креационизам против еволуционизам.
Еволуцијата онака како што ја знаеме е механизам кој содржи 4 елементи. (наследување, мутации, природна селекција и адаптација).
Последните два елемента вклучувајќи го и наследувањето се однесуваат на самиот вид и овозможуваат негово преживување и продолжување.
Мутациите се клучниот елемент. Тие се оние кои влијаат врз генските алели и може да влијаат врз генотипот на видот.
Четирите елементи заедно, теоретски би требало да придонесат за целокупната диверзификација на планетава. И тука започнуваат проблемите.
Се додека овие 4 елемента се во рамките на еден вид, нема проблем, и стои цврсто теоријата.
Не можеш да кажеш дека еволуцијата не ја интересира настанокот на животот, а притоа да тврдиш дека е одговорна за целокупната дивезификација на планетава. Тоа е политичка одлука да се префрли жешкиот компир на нова гранка, абиогенеза, не можејќи да се справи со него.
Прашањето е следно -
како сметаш дека овие 4 елементи, носат до нов вид, имајќи го предвид погорново?
Наследувањето е само пренесување на информациите, селекцијата и адаптацијата е само сурвајвл на видот, и може единствено да влијаат врз фенотипот.
Знаеш ли како се додаваат нови видови во класификацијата

Знаеш ли колку пати само во Македонија се откриени нови видови, особено на пастрмка

Рибите како класа се смејурија како нон-стоп има претумбации во видовите

Да не зборувам за нешто подоле.
Најчесто кога се зборува за ТЕ, во глава се прави филм за класата цицачи пред се, и секогаш се доаѓа до задоволителна слика. Но останатото е хорор друже.
Со други зборови овие 4 елементи се недоволни да дадат цврста подлога за целокупната диверзификација на планетава.
Потребно е уточнување на ТЕ.
Дотогаш, сосема релевантно е и спротивното мислење, односно неприфаќањето на истата, користејќи ги нејзините дупки како аргументи во негова полза.
Нешто слично налик твоето спротивно мислење во однос на религиите
Ги користиш нивните дупки, особено во светите книги за да формираш спротивно мислење.