prasanje za zatvor

Член од
11 август 2022
Мислења
15
Поени од реакции
3
dali koga kje napraves krivicno delo i odes vo zatvor moze da go izgubes domot
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.578
имаше случка, пред 7-8 години, во Хрватска, имал стан, се оженил со раведена жена со голема малолетна ќерка, по некое време таа го пријави дека ја злоставувал нејзината ќерка, тој оди во затвор, сопругата се разведува од него ( има право за затворска казна над одредено време) но го задржува станот..
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.344
За какво кривично дело станува збор?
Мислам нема врска тоа освен нешто што ми доаѓа во глава е ако кривичното дело не е во врска со домот...нешто противправно стекнување на имот и такви работи(не сум сигурна).
Можеби и прашуваш ако ти е под хипотека, нешто со извршители итн...
Подобјасни малку.
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.171
Пред да ти фукнат кривична, пред да идеш на суд, ако веќе знаеш дека тоа следи препиши го станот на друг.
Ако си правел далавери со имоти ќе ти го земат.

Исто, ако ти е под хипотека, ако имаш рати за него, прашај си адвокат каква е процедурата мислам дека ќе ти го одземат бидејќи нели, не ги подмируваш давачките.
 
Член од
4 март 2023
Мислења
1
Поени од реакции
0
You risk losing your home if you commit a crime and are sentenced to prison .
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.555
Поени од реакции
8.381
Пред да ти фукнат кривична, пред да идеш на суд, ако веќе знаеш дека тоа следи препиши го станот на друг.
Ако си правел далавери со имоти ќе ти го земат.

Исто, ако ти е под хипотека, ако имаш рати за него, прашај си адвокат каква е процедурата мислам дека ќе ти го одземат бидејќи нели, не ги подмируваш давачките.
Џабе ќе го препишува, ќе му го земат на тој што го препишал. Може само да заебе некого да му го продаде
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.171
Џабе ќе го препишува, ќе му го земат на тој што го препишал. Може само да заебе некого да му го продаде
Не може да ти го земат. Суд/Извршител не смее да ти одземе нешто ако не е во твоја сопственост. Сега по ново и на член на фамилија смееш да препишеш и да не ти го земат.

Пола држава живее така, заглавена на едно име, имот/возила на друго.
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.555
Поени од реакции
8.381
Не може да ти го земат. Суд/Извршител не смее да ти одземе нешто ако не е во твоја сопственост. Сега по ново и на член на фамилија смееш да препишеш и да не ти го земат.

Пола држава живее така, заглавена на едно име, имот/возила на друго.
Не знам од кога е и како, ама лани едно другарче го гонеа за некој финансиски криминал, казна преку 200000 евра. Имаше џип од 80000 и го препишуваше на друг, ама како слушав од нив ако го осудеа ќе му го конфискуваа џипот. Колку е точно не знам, ама така муабет вртеа, среќа извади шупак, па ништо.
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.171
Не знам од кога е и како, ама лани едно другарче го гонеа за некој финансиски криминал, казна преку 200000 евра. Имаше џип од 80000 и го препишуваше на друг, ама како слушав од нив ако го осудеа ќе му го конфискуваа џипот. Колку е точно не знам, ама така муабет вртеа, среќа извади шупак, па ништо.
Зборам пред да започне постапка. Ако ти потегнале веќе кривична касно е.

Пред да почнат судови и све остало, се препишува на друго лице. Дури и кредити/банки ако те гонат а не си вработен и тогаш се препишува. Пошто за возило од 5К Еур ќе ти го проценат 2 и ќе ти го земат.
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.555
Поени од реакции
8.381
Зборам пред да започне постапка. Ако ти потегнале веќе кривична касно е.

Пред да почнат судови и све остало, се препишува на друго лице. Дури и кредити/банки ако те гонат а не си вработен и тогаш се препишува. Пошто за возило од 5К Еур ќе ти го проценат 2 и ќе ти го земат.
Да, така е.

Кога сме веќе тука не е лошо кога се купува нешто, стан или кола на пример да се побара од продавачот потврда дека не се води кривична постапка против него.
 
Член од
2 март 2016
Мислења
479
Поени од реакции
467
Да, така е.

Кога сме веќе тука не е лошо кога се купува нешто, стан или кола на пример да се побара од продавачот потврда дека не се води кривична постапка против него.
Нема потреба од такво нешто Законот за сопственост и други стварни права го заштитува купувачот дури и тој да му е далечен роднина (ова не важи за блиското семејство на продавачот затоа што се коси со други закони кои се lex specialis во однос на конкретното прашање) со други зборови продавачот да продаде на купувач недвижен/подвижен имот стекнато со кривично дело, од купувачот нема да се одземе тој имот затоа што купувачот го купил тој имот од продавачот кој бил носител на правото на сопственост во имотен лист (одредбите од Законот, за верба во запишаното во јавна книга) исто и за подвижна ствар, пример за автомобил, сопственост на подвижна ствар се стекнува со предавање на владение, во пракса сопственик на автомобилот е тоа лице кое е запишано во сообраќајната дозвола.
За роднини од потесното семејство на продавачот (сторител на кривично дело) важат други одредби. :)
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.578
Да, така е.

Кога сме веќе тука не е лошо кога се купува нешто, стан или кола на пример да се побара од продавачот потврда дека не се води кривична постапка против него.
не само кривична... имаше пред 5-6години ( може и 8-10), во Битола го продал станот и киднал во странство, ама жената ги тужела купувачите и пола им земала ( имале бракоразводна постапка и не биле поделени)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom