PR сектор во Р.Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Hooligan
  • Време на започнување Време на започнување

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.359
Поени од реакции
701
Инспириран од интервјуто на Гоце Пачемски за Маркетинг365 блогот, од кое пренесувам еден дел:

Marketing365: До каде се стигна со реализацијата на иницијативата за формирање на здружение на стручњаци за корпоративни комуникации и односи со јавност?


Гоце : За жал Македонија е последна земја од регионот во која се формира вакво професионално здружение. Овој факт сам по себе говори на кој степен на развој се професионалните односи со јавноста во нашата земја. За среќа, по неколку неуспешни обиди, верувам дека тековната иницијатива ќе успее. Сегашниот иницијативен одбор кој брои 21 ентузијасти веќе ги подготви сите неопходни документи за основање, по што верувам дека најдоцна до крајот на годинава ќе биде одржано и основачкото собрание на Здружението за односи со јавноста на Македонија.

ја отворам темава наменета за ПР секторот во Р.Македонија.

Сакам да Ве прашам, колкумина од Вас се занимаваат со ПР професијата, дали има некој кој работи во ПР агенција?
Дали мислите дека има доволно простор и иднина оваа професија да се развива кај нас?Дали некогаш како фирма сте користеле услуги на овие агенции ? и сл..

Исто така ме интересира дали сте запознаени со оваа иницијатива погоре спомената за формирање на вакво здружение на ПР професионалци и кои луѓе ако знаете го сето ова организираат,за да можеме да ги контактираме?
 
Додека работев во невладин сектор секогаш користевме услуги од ПР агенции. Принципот на избор е кој подобро стои со нашиот директор и колку он добива од тој дил. Значи сите апсолутно сите работат на принципот на пријатели и мито.
Исто е и со пр агенциите кој се поврзани со државните институции, со големите компании и слично. На лепе очи никој не те зема за ПР. Простор во овој сектор има, но треба да си моќен човек со пријатели за да успееш. Најмногу овие услуги ги користат Америчките агенции, европските, Амбасадите, државните служби, Телеком, ЕВН, мобилните оператори итн.
Во тој бизнис има многу пари, но е затворен круг.
 
Додека работев во невладин сектор секогаш користевме услуги од ПР агенции. Принципот на избор е кој подобро стои со нашиот директор и колку он добива од тој дил. Значи сите апсолутно сите работат на принципот на пријатели и мито.
Исто е и со пр агенциите кој се поврзани со државните институции, со големите компании и слично. На лепе очи никој не те зема за ПР. Простор во овој сектор има, но треба да си моќен човек со пријатели за да успееш. Најмногу овие услуги ги користат Америчките агенции, европските, Амбасадите, државните служби, Телеком, ЕВН, мобилните оператори итн.
Во тој бизнис има многу пари, но е затворен круг.


Нешто слично прочитав и во едно претходно интервју на блогот, дека најчесто владата и странските компании и амбасади ги користат услугите на ПР агенциите.
Исто така пишуваше дека кај нас генерално се се сведува на побарување услуги поврзани со односи со медиуми, а многу малце се користеле другите услуги кои ги нудат ПР агенциите како на пр. лобирање, кризни планови и сл...

Веројатно или не им се даваат пари на нашите компании или пак не се доволно запознати со придобивките кои би ги имале ако ангажираат ваква агенција.
А кои вака ПР агенции ги препорачуваш ти како најсолидни од досегашното твое искуство во соработката со нив?
 
Немав можност за соработка со други бидејќи само со едни соработувавме, односно ние работевме, а они земаа пари. Така да јавно да не ги рекламирам мизерија во раскош се.
 
Хахаха што ќе ти е ПР агенција кога го имаш Латас кој вреди за 100...
Македонија е сиромашен пазар, 2 милиони жители имаат апсорпциона моќ колку 400 илјади жители во САД или негде во Западна Европа... која будала ќе се занимава со овој мал пазар?
 
Мислам дека баш партиите пред избори (а тие што имаат повеќе финансии - нон стоп) се можеби најголеми корисници..

Иначе поголемиве компании колку што сум запознат ПР секторите често ги поврзуваат, т.е. интегрираат со маректинг сектоирте во компаниите!
 
Денеска на Маркетинг365, е објавена информацијата дека конечно иницијативата за формирање на здружение за односи со јавноста во РМ е пред реализација и ќе се случи наскоро.

Основање на Здружение за односи со јавноста на Македонија (ЗОЈМ)

Мислам дека редно беше.Само во Македонија од регионов како што кажува Пачемски во интервјуто погоре немало досега.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom