Позитивни и негативни работи од друштвото

  • Креатор на темата Креатор на темата B. Boop
  • Време на започнување Време на започнување
топ ми е друштвото ,си се иаме погодено и машките и женските со слични карактери. со повеќето од нив сум израснала заедно така да се знаеме премногу. се иаме карано ,пцуено , тепано меѓу себе и пак сме заедно на крај нема лутиш. и нормално дека после толку работи поминати заедно они попримиле нешо од мене и ја од нив ... бла бла си ги сакам бе! :)
 
Лоши влијанија немало, сме менувале често друштва, инклудед:дрога, манијачење, лоши муабети, алкохолизам, па ништо од тоа не влијаело на нас 4, зборувам за конгломерат од другарки кои менуваа друштва, а меѓу нив и јас. Ниедна од нас не пуши цигари, пиеме алкохол во граници на нормала,а за дрога, се експериментираше можеби кога бевме помали, сега ништо од тоа.
Во однос на некои други влијанија, можеби си влијаеме со мислењата, советите, но секогаш со добра намера, значи искреност на прво место, а од таму можеби и влијание, со мотив нешто да се смени кај некоја од нас..Во принцип се функционира една за сите, сите за една.
 
Имало и ќе има влијанија :) Тоа е нормално... Сум се дружела со секакви ама секогаш сум гледала да не ми влијаат лошо... И мислам дека имам успеано... И мило ми е поради тоа... И веројатно за тоа треба да и се заблагодарам на мајка ми (највеќе) затоа што ме научила како сама да проценам што е добро, а што не, без да ми брани да се дружам со некој.... А позитивни работи имам попримено... И сигурна сум дека уште ќе примам :) Затоа што сакам...
 
....друштвото мое си е супер....сеа за сеа..се е супер..лоши влијанија немаТ...дури мн позитивни работе научив од нив...хих но сепак ако не знаеш сама да процениш што е добро што е лошо...хммм незнам...тоа е лошото :pipi:
 
Некои од моето друштво пушат но јас не пушам неможат да ме натераат(никогаш не прбале тоа)да почнам да пушам ако јас не сакам.Инаку се стварно супер во ова друштво сум веќе неколку години и многу си ги сакам секогаш ми помагаат и се тука за мене нормално и јас за нив:back:Инаку мислам дека друштвото може многу да те измени....(повеќе негативно отколку позитивно)
 
Фала му на горнион што некои навики ги немам, прифатено од друштвото. Имам другарка која го остава капакот кренат ебаго, таква навика да добијам? :pos: Ипак, делам со неа кров, и по домите, и по туѓите доми, и екскурзии, и одмори... :icon_lol:

Никогаш не ме терале другар(к)и на алкохол, цигари, дрога, што и да е, од тие негативните. Секогаш кога ми било понудено било што, сум одбивала и уште никој не се осудил да ме тера на нешто што неќам.

Уствари, во моментов ми е појасно од кога и да е, пороците и јас немаме допирна точка со друштвото. Тоа ми беше само најбрзиот начин да дојдам првпат до цигара, самоиницијативно. Што ми се уарни покасно. :icon_lol: Јас не пушев од што многу добро ми стои цигара или убаво ми е низ чад да глеам луѓе. Задоволство е во прашање, вакво или онакво. И покасно - нервоза, наместо уживање. Ги оставив единствено од здравствени причини (на кои од време на време заборавам тотално :icon_lol: ).
Дури, другарка која пуши веќе со години, кога запалив пред неа и сe заборавив што е за право, пошто не извадив цигарата од уста и така... Здраво удишав, за малце ќе ме истепаше. :icon_lol: ("ти Кристино не си нормална, си се видела како пушиш, остај цигарата на секунда, воздухот кај ти е, диши, ова, она..." :icon_lol:
Истото важи и за алкохолот.

А навики од типот на узречици, гестови, смисла за хумор, покрети, ехеее... Милион имам, милион имаат. За некои не сум ни свесна, понекогаш си се фаќам сама себе како правам/кажувам нешто што сум го видела кај другар(ка). :)
 
Многу позитивни се. Уште од основно сме другари, е сега само тие отидоа во друго школо, и не беа некои такви да учат, но тоа не ми пречеше на мене. И дали е до мене, или до нив, но не ги прифатив тие лоши навики од нив. Непушачко друштво сме, само 2-3 пушат, ама не се случи некој од нас другите заради нив да запали цигара.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom