Прво: Терминот ,,колективна одговорност,, на темава се употребува многу, многу, многу погрешно. Што е колективна одговорност? Некоја дефиниција за колективна одговорност во контекст на македонското законодавство е: Колективна одговорност е ПРАВНА одговорност на повеќе лица или на правно лице како целина, кога штетата, обврската или кривичното дело произлегува од нивно заедничко дејствување, организациска положба или законска врска, при што СЕКОЈ МОЖЕ ДА ОДГОВАРА ПОЕДИНЕЧНО ЗА ЦЕЛИНАТА НА ПОСЛЕДИЦАТА.
Е сега, правна одговорност значи да одговараш пред словото на законот а тоа значи да согласно законот бидеш процесуиран, значи обвинет, па судење, па пресуда.... за такво нешто мора нешто да имаш сторено или пак несторено а си бил должен да го сториш, тоа нешто во законот треба да биде предвидено како кривично дело и да имаш вина. Тоа во контекст на темава би значело обвинителот во обвинението да стави: обвинет - граѓаните на република македонија и да ги наведе сите по име и презиме- затоа што на ден тој и тој таму и таму сториле тоа и тоа поради што дошло до пожар во кој настрадале тој и тој... и да не гњавам натака да објаснувам што значи секој да може да одговара за целината на последицата, заедничко дејствување итн. Значи, колективна одговорност не е термин кој може да се употреби во контекст во кој се употребува на темава, затоа изгледа и неможе да се објасниме што сакаме да кажеме.
Кога зборуваме за тоа дали и колку некој ,,го искористил системот,, у смисла на тоа се вработил со врски, пецал без дозвола, возел без регистрација, платил помалку данок оти у општина бил шура му, добил петка оти наставникот му бил чичко.... тоа се дела за кои постои само лична одговорност, нема таму колективна одговорност. За тоа што lazar31 пецал без дозвола лично е одговорен тој а ако е со амин од рибочуварот тогаш и рибочуварот, никој друг. Тоа што МКД владе возел нерегистрирано возило лично е одговорен тој, никој друг.
Ние јес да сме гнила држава, јес да сме и фиран народ, но за конкретен настан како што е кочани, лаксарци, модуларна, автобусот у бугарија.... си има таму лична одговорност, имиња и презимиња кои треба да одговараат за тоа што го сториле, и тоа што јас сум пецал без дозвола или ти си возел без регистрација неможе да се стави во никаква врска и корелација со кочани. И не само овие ситни работи кои ги даваме како пример, неможе ниту големо срање како Палчо и бандата да се стават во врска со Кочани, тие направија тешко злодело и за тоа одговараат а за кочани треба да си одговараат точно определени лица кои го сторија тоа тешко злодело. И секое потурање колективна одговорност е подметнување кукавичко јајце кое заедно со кукавичкото јајце кое на очиглед на сите се подметнува со истрагата и обвинението, ке испили исход во судот ала модуларна, змиско око, ТНТ, Талир 1 и 2, Титаник, Топлик, Траекторија, Трезор, Таргет- Тврдина, Тарифа, Тендери, ТАТ.....