Изгледа никој од нас не е доволно освестен од тоа што ни се случи.
За Неверување е сето ова.
Летав Белград Скопје во петокот,во авинот беа 3 повредени деца... Не изгледаа добро,беа со завои целите во придружба на семејствата.
Меѓутоа верувајте беа пресреќни што си одат дома,и тие и семејствата! На душава ми дојде некоја "горчлива среќа" ако можам така да се изразам.
Си помислив на моментот од излегување во диско,добро расположени млади дечки и девојки ,пијачки ,флертувања ,живеење на младоста,и одеднаш се наоѓаш у воен авион пеплосан ,те носат некаде ни ти не знаеш каде,болки,ужас,мислиш на твоите дома,мислиш дали ќе преживееш,ако преживееш дали ќе изгледаш како што треба.
Ова што ни се случи не е трагедија,ова беше и сеуште трае е национална катастрофа.