Позерството во Македонија!

  • Креатор на темата Креатор на темата Dino-Dzoff
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
16 октомври 2011
Мислења
80
Поени од реакции
22
Возраст
37
(Не знам дали веќе има ваква тема, ако има *бриши)

Се повеќе и повеќе се појавува позерството во Македонија кога веќе станува збор за музичката сцена. Тука можете да се истурате колку сакате, да ругате колку сакате, и нормално ако има некој против да се контрате колку сакате. Затоа ве замолувам без задршки слободно да си го искажете вашето мислење!
 
11.04ovci1.jpg

money-in-hand.jpg

money_in_hand.jpg

Greedy_Businessman_Cartoon_110315-191861-938042.jpg

=

0.jpg

Шо има ја да ги ругам, таквите сами се ругаат со самото тоа шо се појавуваат на телевизија....
 
Кога отвараш тема, даваш вовед и редум дефиниции во врска со неа. Сакам да знам што е позер.
 
Позер = човек кој што е цврсто убеден дека копирајќи една личност, или наводен идол, за кого тој упорно мисли дека другите не знаат за него, може да му го подобри статусот во општеството.
--- надополнето: Oct 27, 2011 10:46 PM ---
Остај го овај сеа :D :D :D :D :D рапер треба да постани, и постов твој автоматски би требало да се дуплира :D :D :D

Темава е иста со таа за шмизлите и за не знам шо...
Длабоко, без ваква илуминација немаше да го разбереме тој неверојатно феноменален факт за темава.
Сериозно сум импресионирана еј ... чудесно, свака част на интелегнтниот респонс.

Он топик: Позерите се добро платени, нема потреба од разглабање на нивниот ментален склоп.Кога на луѓето им се дава лесен козумеризам без потреба да го разберат е најнормалната работа на светот да има распространување на појавата.
Интересно е да се хејта, ама нема да се смени вкусот на популацијата ... така што, that's all folks. :oops:
 
Не знам, не ми сметаат позерите.Мојата музичка интелигенција reigns supreme.Јас не идолизирам.Ме идолизираат.
 
„Хејтањето“ е интересно се додека е поткрепено со аргументи, се додека имаш со што да го оправдаш. За разлика од темава позерството, иако единственото оправдание е „тој има пари, па поткупил и се продал“, нема позадина, туку сериско производство на музика, која што е сосема погрешно сфатена и протолкувана, со што пак се шири уште поголема грешна претстава за смислата на музиката, и од сето ова, денешниот резултат е колосален кич и копија!
--- надополнето: Oct 30, 2011 12:12 AM ---
Не знам, не ми сметаат позерите.Мојата музичка интелигенција reigns supreme.Јас не идолизирам.Ме идолизираат.
Значи ако твојата музичка интелигенција reigns supreme, тогаш логично би било да ти сметаат позерите.
 
Хм?
Логично? Зошто е тоа логично? Јас немам апсолутно никаков проблем со луѓето кои стојат зад музиката бидејќи луѓето не ги сметам за интригантни.
Од друга страна, кога ќе чујам некое хармонски просто дело, па и одвратно по било кој стандард, сериозно ми смета.
Значи, се фокусирам на музиката.
 
Дека сметаш дека имаш добро познавање за музиката, би требало да ти сметаат позерите, со самото тоа што тие го загадуваат идејата за музиката, ти си должен да стоиш против тоа, што значи дека тие се твојот Arch Enemy.
А хармонски просто дело не мора да значи дека е одвратно, но секој со својот вкус. И текстот, без разлика дали е изрецитиран или испеан, зазема прилично голем дел од една музичка композиција.
 
Сум рекол и порано дека не ме интересираат идеологиите позади одреден музички жанр, ниту пак зад музиката. Затоа и никогаш не се фокусирам на текстот туку на начинот на кој истиот е интерпретиран.(артикулација, дикција, динамика и сл.)
Истото важи и за инструменталната мелодија.
Едина работа која ми пречи е пропагирање на неквалитетна проста музика и со тоа запоставување на подлабоките сфери на музикалноста.
Не велам дека хармонски просто дело по правило е одвратно, но потешко ќе усереш такво отколку џез стандард.Музикално гледано, генијалноста на уметникот се состои во способноста комплексните тактови и егзотични скали да ги склопи во квалитетна композиција.
 
Е сега кога појасни дека си љубител на џез, тогаш стварно за тебе текстот не ти игра ама баш никаква улога.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom