Power Balance: „Енергетски баланс“ со шарлатански производ

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.526
Поени од реакции
35.550
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
На Power Balance му се заканува голем економски дисбаланс
Power Balance: „Енергетски баланс“ со шарлатански производ

Се чини дека американските судии го означија крајот на компанијата Power Balance која со години добро заработуваше продавајќи алки за раце кои наводно „ја зголемуваат телесната способност на луѓето“.
power-balance-energetski-balans-so-sharlatanski-proizvod-64104.jpg

Гумените алки („балансери“) со вградени холограми ги носеа и промовираа многу суперѕвезди како Коби Брајант, Шекил, Ламар Одом и Дејвид Бекам, меѓутоа тоа се луѓе кои добиваат „мрсни“ суми за да ве убедат вас дека носењето на гумичка со холограмче во рака ќе ве направи „супермен“.

Низ светот се продадени повеќе од 2,5 милиони примероци по цена од 5 до 30 долари.
Меѓутоа, минатата година Австралиската комисија за заштита на потрошувачите изнуди признание од калифорниската компанија дека алките всушност никому не му помагаат „според ветеното“: рамнотежа, сила и координација.

„Признаваме дека нема научна потврда за нашите тврдења, што значи дека ги заведувавме купувачите. Ако се чувствувате измамени од нашите реклами, со ова сакаме безусловно да ви се извиниме и да ви понудиме полно враќање на платената сума“, велат од компанијата.
power-balance-energetski-balans-so-sharlatanski-proizvod-64105.jpg

Но, ова признание не „запали“ во другите земји. Само недела дена после објавата на извинувањето, кошаркарскиот клуб Сакраменто Кингс речиси потпиша договор според кој името на компанијата требаше да биде пет години официјално име на салата во која игра НБА-лигашот.

Конечно, неколку дена подоцна, во федералниот суд во Лос Анџелес е поднесена тужба против Power Balance во која е истакнато дека компанијата продолжила со производство, продажба и рекламирање на алките и покрај тоа што самата признала дека „не делуваат“.
Според некои американски медиуми, во судскиот процес од PB се согласиле на надомест на штета во која ќе мора да исплатат оштета од 75 милиони долари, после што на компанијата и следува стечај, но од Power Balance тврдат дека... [прочитајте го остатокот на статијата на Кајгана]

Секогаш кога ќе видам некој со ваква алка, знам дека ќе поверува во се' што ќе му кажам. Дали има некој од вас кој ги носи овие гумени алки и навистина верува дека со нивното носење станува „помоќен“? И, дали освен Power Balance ги носите у гаќите наопаку со цел да добиете некоја друга супер-моќ?
 
Сестра ми вчера си купи, два саати и објаснував дека тоа срање не помага ништо.:tapp:
 
Имам другарчиња фудбалери па добро им стоеја онака како за имиџ ама никако неможев да ги убедам дека џабе шо ги носат кога на терен не вршат функција.
 
мене ми се грди на изглед.. нз како можат да даваат пари за нив...
 
Имам другарчиња фудбалери па добро им стоеја онака како за имиџ ама никако неможев да ги убедам дека џабе шо ги носат кога на терен не вршат функција.

За имиџ да, интересно изгледаат и јас само заради тоа сакам да си купам, ама онаа другата функција демек помагале нема врска,. Татко ми има од Цептер оргинална магнетна алка и он вика му помага.
 
Јас имам околу 4-5 со различни бои купени сите за 8 евра (бела, црна, зелена, црвена) и не дека верувам туку ги носев пред 1-2 месеци коа беа у мода коа секој втор имаше на раката таква, нит сум верувал нит ќе верувам чисто ради забава ги носев... :)
 
За каков пуст имиџ бе? Да се означиш дека си лесноверен, или? :)
Ете, сега има валиден линк и доказ дека сето ова е една голема измама. Слободно споделувајте го со останатите кои не се убедуваат со зборови.

Впрочем, кое им беше објаснувањето, како уствари функционира алката? Со криптонит да не ја прават?

Али сериозно, кога ќе размислам, сите луѓе што ги знам и носат ваква алка не се баш интелегентни. Да не речам, троа приглупи се.
 
За имиџ да, интересно изгледаат и јас само заради тоа сакам да си купам, ама онаа другата функција демек помагале нема врска,. Татко ми има од Цептер оргинална магнетна алка и он вика му помага.

Плацебо ефект. Google it if you don't know it.

Онтопик: После популизирањето на гумичкава луѓето почнав да ги делам на паметни и оние што носат пауер баланс алка.
 
За каков пуст имиџ бе? Да се означиш дека си лесноверен, или? :)
Ете, сега има валиден линк и доказ дека сето ова е една голема измама. Слободно споделувајте го со останатите кои не се убедуваат со зборови.

Впрочем, кое им беше објаснувањето, како уствари функционира алката? Со криптонит да не ја прават?

Али сериозно, кога ќе размислам, сите луѓе што ги знам и носат ваква алка не се баш интелегентни. Да не речам, троа приглупи се.
Треба да ме запознаеш :D
Не шала на страна, коа ги видов сите си реков зошто и ја да неам ? Јас сите ги купив за 8 евра истите во адидас ги гледам 30 евра наводно оргинал биле. Никогаш нема да поверувам и нема да верувам дека некаков аксесорис може да ми даде дополнителна моќ, всушност и против таа дополнителна моќ сум(стеродии и слични билдерски апчиња) рамнотежа и слично..
Ама ете излегоа ко што глеам од мода па ни ја не ги носам :)
 
Повеќето кај нас што се носат се кинески копии за уште поевтина сума, ама никогаш не изгледале привлечно за стил, па ниту функционални. Секоја мода не мора да се следи.
 
Power bullshit!
Па ова ни м од мода нема, а камоли стил:pos:.Да личеше на нешто можеби и ќе ги сфатев тие што го носат
 
Пандев го виделе со таква алка.., но за жал не му се подобрил перформансот.

Ова ти е типично пласибо ефект, лугето се утепаа од купување вакви алки дека беа добро изрекламирани, да го видат Роналдо како се мачка со свинска маст за 2 дена ке стане тренд така да лесно може да се манипулира во денешницава. Убава изрека имаше ,, Секогаш кога ќе видам некој со ваква алка, знам дека ќе поверува во се' што ќе му кажам.
 
Ако некому помага да го извади максимумот од сам себе тогаш зошто да не.
Пласибо ефектот легално се користи во медицински цели.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom