Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.526
- Поени од реакции
- 35.550
- Возраст
- 40
- Локација
- Скопје
- Веб-сајт
- www.kajgana.com
На Power Balance му се заканува голем економски дисбаланс
Power Balance: „Енергетски баланс“ со шарлатански производ
Се чини дека американските судии го означија крајот на компанијата Power Balance која со години добро заработуваше продавајќи алки за раце кои наводно „ја зголемуваат телесната способност на луѓето“.
Гумените алки („балансери“) со вградени холограми ги носеа и промовираа многу суперѕвезди како Коби Брајант, Шекил, Ламар Одом и Дејвид Бекам, меѓутоа тоа се луѓе кои добиваат „мрсни“ суми за да ве убедат вас дека носењето на гумичка со холограмче во рака ќе ве направи „супермен“.
Низ светот се продадени повеќе од 2,5 милиони примероци по цена од 5 до 30 долари.
Меѓутоа, минатата година Австралиската комисија за заштита на потрошувачите изнуди признание од калифорниската компанија дека алките всушност никому не му помагаат „според ветеното“: рамнотежа, сила и координација.
„Признаваме дека нема научна потврда за нашите тврдења, што значи дека ги заведувавме купувачите. Ако се чувствувате измамени од нашите реклами, со ова сакаме безусловно да ви се извиниме и да ви понудиме полно враќање на платената сума“, велат од компанијата.
Но, ова признание не „запали“ во другите земји. Само недела дена после објавата на извинувањето, кошаркарскиот клуб Сакраменто Кингс речиси потпиша договор според кој името на компанијата требаше да биде пет години официјално име на салата во која игра НБА-лигашот.
Конечно, неколку дена подоцна, во федералниот суд во Лос Анџелес е поднесена тужба против Power Balance во која е истакнато дека компанијата продолжила со производство, продажба и рекламирање на алките и покрај тоа што самата признала дека „не делуваат“.
Според некои американски медиуми, во судскиот процес од PB се согласиле на надомест на штета во која ќе мора да исплатат оштета од 75 милиони долари, после што на компанијата и следува стечај, но од Power Balance тврдат дека... [прочитајте го остатокот на статијата на Кајгана]
Секогаш кога ќе видам некој со ваква алка, знам дека ќе поверува во се' што ќе му кажам. Дали има некој од вас кој ги носи овие гумени алки и навистина верува дека со нивното носење станува „помоќен“? И, дали освен Power Balance ги носите у гаќите наопаку со цел да добиете некоја друга супер-моќ?

.Да личеше на нешто можеби и ќе ги сфатев тие што го носат