jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.645
- Поени од реакции
- 27.607
Генерално во Арцак, возрасното население е милитаризирано 80%, а и Ерменија многу не заостанува. Имаат редовен воен рок, имаат систем на резерва и во полиција и во војска, слично како кај нас пред 2001. Значи не е тука проблем војската."Натерани" се со коридорот кон својата енклава, евентуално и за да избегнат хуманитарна катастрофа. Вака за 5 години луѓево ќе си се иселат и ќе си го преземат регионот без непотребна галама во јавноста. Значи доколку иделе до крај немало да го добијат коридорот, ќе изгубеле некој војник плус и ќе се кренеше поише галама во јавност.
Смешно е дека некој ги натерал или дека немало да успеат до крај кога 90% од работата е завршена. Не е будала ниедна страна да потпише ваков договор освен ако не е пред тотален колапс. И сам викаш дека Прецедателот на Арцак го подржува договорот. Викаш дека 2% од населението им е загинато. Тогаш како мислиш дека би победиле Ерменците, ова не е среден век кај што секој воено способен маж може да се вооружа и да војува. Не е ни герилска војна, фул воен судир беше. Потребно е обучени луѓе за тоа, техника, све тоа е уништено.
Што се однесува до Азербејџан, пак ќе кажам, они внесоа Руска војска во НК. Тоа прво што си помислив и јас дека за 5 години ќе се исселат Ерменците и ќе си го земат Азерите назад НК. Но не го знаеме тоа. Види какви фанатици се Ерменците, мртвите ги откопувале да ги преселат. Дали сме 100% сигурни дека ќе се исселат. Како што гледам извештаи, Русите во НК се прифатени од Ерменците како ослободители. Руското присуство во НК на голем рок за Азерите би можело да значи дека НК е засекогаш изгубено. А никаква гаранција немаат дека коридорот ќе се одржува ако знаеме дека само Русија е гарант за истиот. Тоа значи дека Азербејџан од апсолутно победничка положба, дефакто прифатила Руска заштита на регионот, кој според тебе речиси го имаше во рака. Тоа мене ми кажува дека или не е вистина дека го имале во рака, или пак Русија имала доста уверливи методи.
Значи пак ќе кажам, како иде времето, некои работи ќе стануваат се појасни. Па така и ќе стекнеме појасна слика. Факт е дека доста компетентни луѓе во Ерменија не се согласуваат дека војната била изгубена и го сметаат ова за предавство. Но факт е и дека исто толку луѓе(надвор од владеачката партија) сметаат дека договорот е добар и дека тоа би значело осигурување на територијата на НК на долги стази. Веројатно и двете страни имаат некаква причина да веруваат во тоа што го зборат, а има можност и двете страни да се во право, меѓутоа не се согласуваат во пристапот. И во Русија има исто ваква поделеност на мислењата за овој конфликт.
Она што станува све поизвесно е дека најверојатно набргу во Ерменија ќе се смени власта, или може ќе има избори.
Последно уредено: