Повторно Нагорно Карабах ?

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување
Генерално повеќето Турци од Турските републики ја сметаат Турција како лидер во Турскиот свет. Но Азерите имаат посебна поврзаност кон Турција, од причина што биле дел од Отоманската империја. Алиев, ниту било кој Азер никогаш нема да го одбере Путин, пред Ердо. А за разлика од другите Турски републики, Турција во Азербејџан има замешано бајаги прсти. Рачунај дека Турците учествуваа и во првата војна на сличен начин како и сега. Турски воени инструктори се во Азербејџан од осамостојувањето до денеска.

Како што кажав, мое мислење е дека, или не била толку блиска победата на Азерите, или Путин директно се заканил со вмешување во судирот.

Не ги претставуваме работиве како еднодимензионални, јасно е дека има повеќе фактори. Но еден од тие фактори е и тоа што Алиев би сакал малку да го намали влијанието на Ердо, нормално без да се искара со него. „Русија ме натера“ е совршен изговор за тоа.
 
Генерално во Арцак, возрасното население е милитаризирано 80%, а и Ерменија многу не заостанува. Имаат редовен воен рок, имаат систем на резерва и во полиција и во војска, слично како кај нас пред 2001. Значи не е тука проблем војската.

Што се однесува до Азербејџан, пак ќе кажам, они внесоа Руска војска во НК. Тоа прво што си помислив и јас дека за 5 години ќе се исселат Ерменците и ќе си го земат Азерите назад НК. Но не го знаеме тоа. Види какви фанатици се Ерменците, мртвите ги откопувале да ги преселат. Дали сме 100% сигурни дека ќе се исселат. Како што гледам извештаи, Русите во НК се прифатени од Ерменците како ослободители. Руското присуство во НК на голем рок за Азерите би можело да значи дека НК е засекогаш изгубено. А никаква гаранција немаат дека коридорот ќе се одржува ако знаеме дека само Русија е гарант за истиот. Тоа значи дека Азербејџан од апсолутно победничка положба, дефакто прифатила Руска заштита на регионот, кој според тебе речиси го имаше во рака. Тоа мене ми кажува дека или не е вистина дека го имале во рака, или пак Русија имала доста уверливи методи.

Значи пак ќе кажам, како иде времето, некои работи ќе стануваат се појасни. Па така и ќе стекнеме појасна слика. Факт е дека доста компетентни луѓе во Ерменија не се согласуваат дека војната била изгубена и го сметаат ова за предавство. Но факт е и дека исто толку луѓе(надвор од владеачката партија) сметаат дека договорот е добар и дека тоа би значело осигурување на територијата на НК на долги стази. Веројатно и двете страни имаат некаква причина да веруваат во тоа што го зборат, а има можност и двете страни да се во право, меѓутоа не се согласуваат во пристапот. И во Русија има исто ваква поделеност на мислењата за овој конфликт.

Она што станува све поизвесно е дека најверојатно набргу во Ерменија ќе се смени власта, или може ќе има избори.
Нормално е во Ерменија сега да идат у крајност со ставови, кој се далеку од реалноста. Нит ќе тепале, нит договорот им е добар. Ќе видиме за 5, 6 години кој бил во право. Колку Ерменци ќе има таму процентуално и дали ќе има руска војска. Да не биде тогаш, маестрален потег на русија, ја извлече војската од проблематичен регион :D Ова е тотална победа на Турција и Азербеџан, пораз на Ерменија и мало губење на влијание на Русија во кавказот.
 
Не негирам дека е можно да си во право. Но ете тоа не значи дека не треба да дискутираме и да не ги ставаме на челинџ ставовите.

Кога зборам за ставови во Ерменското општество, не мислам на спротивставени мислења на форуми, туку на релевантни ликови, кои имаат информации од теренот и кога ќе размислиш малку и не се толку спротивставени околу фактичката состојба, туку претежно од резултатот. Додека владечката партија е со став дека било све изгубено.

Зошто Русија би идела на ваков еден договор, доколку тој договор за неа би значел губење на влијание?
 
Технологијата и Турција стојат зад воената победа на Азербејџан во Нагорно Карабах
 
Леле овој оон се посра од радост еј! :pos: :pos: :pos:
Честитки друже на победата! Веројатно си муслиман или Турчин, пошто ако си православец и олку се израдува на победата на Ердо не ќе да е на добро.
 
oon е докажан форумски туркофил, отпорано
 
Не негирам дека е можно да си во право. Но ете тоа не значи дека не треба да дискутираме и да не ги ставаме на челинџ ставовите.

Кога зборам за ставови во Ерменското општество, не мислам на спротивставени мислења на форуми, туку на релевантни ликови, кои имаат информации од теренот и кога ќе размислиш малку и не се толку спротивставени околу фактичката состојба, туку претежно од резултатот. Додека владечката партија е со став дека било све изгубено.

Зошто Русија би идела на ваков еден договор, доколку тој договор за неа би значел губење на влијание?
Русија е медијатор во договорот, не завојувана страна. Ја не викам дека Русија изгубила влијание ради договорот. Изгуби влијание поради тоа што ова беше регион во кој само Русија одлучуваше, а сега мораше да го земе во предвид и интересот на друга сила- Турција. Турција го помести статус квото и тоа ја реши војната.
Очигледно е дека на Русите им одговарало статус квото инаку имале 30 години за решавање на проблемот. Од друга страна започнувањево на конфликтот се поклопува со се поголемата решителност на Турција да војува во регионот.
 
Pashinyan e gotov, pretsedatelot na Ermenija bara negova ostavka,raspustanje na parlamentot i da raspishe izbori.
 
Русија е медијатор во договорот, не завојувана страна. Ја не викам дека Русија изгубила влијание ради договорот. Изгуби влијание поради тоа што ова беше регион во кој само Русија одлучуваше, а сега мораше да го земе во предвид и интересот на друга сила- Турција. Турција го помести статус квото и тоа ја реши војната.
Очигледно е дека на Русите им одговарало статус квото инаку имале 30 години за решавање на проблемот. Од друга страна започнувањево на конфликтот се поклопува со се поголемата решителност на Турција да војува во регионот.
Не е баш така, иако има големо влијание Русија во регионот, Азербејџан е про-западно ориентирана земја. Во Азербејџан САД и Турција ги држат конците и Азербејџан е дури и поблиску од Грузија кон НАТО. Рачунај дека покрај Турски инструктори во Азербејџан оперираат и Американски воени инструктори платеници на разни Американски компании.

Иначе мислам дека немора да чекаме 5-6 години за да видиме кој е во право :) Многу ќе биде динамична ситуацијата во регионот во наредниот период, а поготово со турболенциите што се случуваат во САД и смената на адмнистрацијата.
 
Споредбата на Русија и Турција на некој учесници на форумов и воопшто има такви ветришта во Македонија,го покажува само нивото на политичка култура и наивност во политичиот светоглед.
Русија е неспоредливо посилна од Турција во светски рамки а сходно тоа и во регионот на јужен Кавказ.
Русија и Турција соработуваат од взаемен интерес со тоа што Русија ги диктира спогодбите а Турција се обидува да ги вметне своите интереси во тие спогодби со одредени забелешки кои можат а и не мораат да се прифатат од страна на Русија.Турција точно знае до каде може да оди и што тоа ја интересира на Русија во меѓусебната соработка,како што ја знае својата положба борејќи се за опстанок во моментов.
Целиот пресврт во Ердогановата политика не беше предизвикан од идеолошки причини туку токму од борбата за опстанок на турската джрава ваква каква што ја знаеме денес.
Единствен гарант за нејзиниот опстанок од курдскиот сепаратизам кој е планиран и подржан од Западот е токму Русија.
Го знаат тоа добро и Путин и Ердоган и соработуваат меѓусебно против заедничкиот непријател.
 
Не бе друже работата е што секоја православна земја што беше со Русија го јаде стапот. Сега да не ги набројам примерите со Србија, Ерменија, Македонија 2001 и ред други примери. Во политиката има само интерес а не вера и емоцоии. Сега со последниот случај со Ерменија беше капак. Јас разбирам дека многу луѓе во Македонија умират за Русија и емоционално сакаат да ја видат Русија како најголема сила во светот од секаков аспект и како без грешници демек али не е така. Подобро е САД и Турција да ти се пријатели отколку со гробарот на православниот свет Русија. Иначе Русија лека полека почна да губи влијание во Кавказот, а и во Блискиот исток. Иначе овдека на кајгана дури и поразот се гледа како победа поради емоционалниот љубов према Русија.
 
Не бе друже работата е што секоја православна земја што беше со Русија го јаде стапот.
Сите православни земји што не се Русија, го јадеа стапот. Ма и Русија (посебно под Елцин, ама и сега) бајаги стап изеде... Е сега што тебе не ти е јасно кој го држи стапот, или не сакаш да согледаш, тоа е друга работа.

Нејсе. Нешто интересно од технички аспект: Karabakh war exposed the weak point of the Russian army
 
Не бе друже работата е што секоја православна земја што беше со Русија го јаде стапот. Сега да не ги набројам примерите со Србија, Ерменија, Македонија 2001 и ред други примери. Во политиката има само интерес а не вера и емоцоии. Сега со последниот случај со Ерменија беше капак. Јас разбирам дека многу луѓе во Македонија умират за Русија и емоционално сакаат да ја видат Русија како најголема сила во светот од секаков аспект и како без грешници демек али не е така. Подобро е САД и Турција да ти се пријатели отколку со гробарот на православниот свет Русија. Иначе Русија лека полека почна да губи влијание во Кавказот, а и во Блискиот исток. Иначе овдека на кајгана дури и поразот се гледа како победа поради емоционалниот љубов према Русија.

Абе нели русофилите се палат на православни браќаtm? Повторно се меле за "православни браќа" и повторно од личност која [дефинитивно] не е русофилна.

Очигледно само русофобите (или како сакате наречете ги) се оние кои се палат на тие два збора.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom