jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.645
- Поени од реакции
- 27.609
Мислам дека сите кои првпат се соочуваат со ова се на истиот став како тебе. Има еден Американец со Ерменско потекло, со доста искуство набилдано низ светските боишта 70тите и 80тите низ герилските војни... Нешто слично како Стрелков во денешницата, со добра и уиграна екипа околу себе, кој на некој начин е основач на армијата на Арцак и на нивната стратегија. Човекот загина во првата војна во Арцак, меѓутоа неговата тактика сеуште се применува. Всушност Стрелков ја користи неговата тактика.Со оглед на фактот што има спротивставеност и на база на религија, очекував поголема крвлочност. Инаку и покрај силниот патриотски јавен дискурс во Ерменија, сепак ми делува дека некои моќни разузнавачки структури ги хранат со квалитетно инфо, батали бајките![]()
Арцак е област која доколку имаш уиграна одбрана и спрепмна одлично се брани. Единствени две држави кои можат да го завземат се САД и Русија, одкако убаво ќе го изораат теренот, ако ме разбираш што зборам.
Единствен проблем на Арцак е што нема луѓе, вкупно се негде помеѓу 150К и 200К. Но тоа го решиле така што целото население го имаат милитаризирано. Буквално сите се војска таму. Башка имаат оружје на претек заробено од првата војна. Башка како што кажавме имаат добра стартешка поставеност и неможе ништо да им мрдне.
Оваа офанзива е подготвувана сигурно повеќе месеци од Турците, и најверојатно можел да се предвиди периодот кога ќе стартува офанзивата. И да речеме тоа се знаело 5-6 месеци унапред. Еве некој нас како Македонија да ни каже денеска дека Бугарија или Србија ќе не нападне за 6 месеци што ќе напраиме? Што можеш да напраиш за 6 месеци? Прво и основно немаш обучено луѓе, еве за оружје ќе купиш, ќе се снајдеш, а што ќе му праиш на оружјето?
Ако не си спремен бате џабе ти се и разознавачки податоци и све. Но престрелки во Нагорно Карабах, практички никад ни не престанале, нон стоп се кокаат, сега беше ми се чини во Јуни или Јули поголема престрелка. Наративот на владата на секое им е ќе го вратиме Нагорно Карабах. Значи луѓето на Арцак едноставно се спремни, не само спремни, како обука, него спремни да се борат и да гинат ако треба за тоа парче земја. Не дека тоа парче нешто посебно вреди, туку дека тоа парче земја станало симбол на одбрана на Ерменија. Црвената линија на Ерменците. За тоа парче земја не се спремни да се борат само жителите на Арцак, туку сите Ерменци од цел свет, каде и да се.
Можеби тебе од „наша“ перспектива ќе ти изгледа смешно и нереално. Но вистината е таа и затоа победуваат, а не дека некој им сервира информации или чуда. Арцак е станат таков симбол за Ерменците, што веќе дури и да го изгубат, тој ќе стане симбол на Ерменската борба во вековите што следат, слично како што е Масада за Евреите.
Последно уредено: