Повредено его

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување
Јас најискрено во животов најмногу страв имам од „мирни и добри“ луѓе. Незнам тие ми се темни дупки кои очекувам во секој момент да извадат нож и да те убијат :)

И добри луѓе нема генерално. Може за еден е добар, за другиот е смртник. Барем јас така мислам. Но јас и онака функционирам во црно бели свет без сиви нијанси :)

Те сфаќам што сакаш да кажеш, ама сакам да верувам дека има луѓе без трошка зло во себе. Јас лично знам едно семејство што верувам дека доаѓаат најблиску до тоа. Не ги знам до толку добро за да речам дека никогаш никому му немаат згрешено, ама и верувам на мајка ми кога ми вика дека и двајцата се баш такви, го вртат другиот образ, иако многу работи во животот не им одат како што треба. Сакам да верувам, зашто ако не верувам во тоа, ќе се откажам од луѓето и нема да имам блиски другари никогаш :D Па ако умрам од некој кој бил мирен и добар и ми извадил нож зашто конечно му дошло преку глава, нека е така, боље него да живеам без надеж :)
Избегавме од темава ама ај....
 
Тебе ти треба здраво да те заеби некој преку црвената линија, за да те подразбуди како би престанал со цмиздрење и сањање за бајки каде владеат завртени образи и морничава досада ;)
 
Тебе ти треба здраво да те заеби некој преку црвената линија, за да те подразбуди како би престанал со цмиздрење и сањање за бајки каде владеат завртени образи и морничава досада ;)

Прво, женско сум. Второ, зашто мислиш дека некој ме нема заебано? Трето, што тебе ти смета во шо сакам јас да верувам?
 
Мене исто и оние дебилни одмаздувања ко пример ќе ги земам најдебилните: гребење на колата со клуч или дупчење на гумите ми се показател за повредено его. Паѓање ниско и газење преку гордост и човечност за некоја си смешна моментална одмазда ти е типичен пример не на повредено, него на згмечено, искршено, уништено его. Или нервно растројство. Или и двете.

Е сега не знам колку се показатели, ама кога ги читав другите примери ми текна на оние женски муабети.
- Знам дека уште ме сака и тука ред примери зошто така мисли: не ја избришал на фб, и честитал роденден пет години по раскинот, се фатил со братучетка и само да и биде блиску и ред други глупости што не знам дали ги лажат другите, себеси се лажат или вистина во тоа веруваат.
 
Прво, женско сум. Второ, зашто мислиш дека некој ме нема заебано? Трето, што тебе ти смета во шо сакам јас да верувам?

Ете гледаш, веќе е подобро...покажа енергија. Не ми смета во што сакаш да веруваш, сакав да те напнам за да те поткренам од тежината што се чувствува низ редовите што ги напиша. Ме потсети на мој лош период во младоста, би сакал тогаш некој да ми го велеше тоа што ти го пишав јас тебе.
Извини, не знаев дека си џенцко, поздрав.
 
За мене нема повредено его. Тешко е да се препише на пропаст нечија самосвест ради распад на врска. Самосвеста може да се изгуби во прилично тешки ситуации како што е смртта, а се` останато е ирелеватно. Наместо его, би рекла дека станува збор за изневерена доверба, за предавство, за разнишување на силни емоции и на општата душевна благостојба на одреден период. Набрзо истата се полни со омраза, гнев, лутина, незадоволство од својата глупавост и од туѓата и дечкото одма добива епитет сељак, а онаа другана ќе ја шернуваат на мотика со муабети во инбокс.

Инаку луѓето не носат маски, тоа е клише фраза. Луѓето се блиски со некого или не се. Тоа што на почеток од врските се третира како носење на маска е всушност дистанца и период на осознавање и испитување на оној другиот. Затоа сите внимаваат на своите зборови, бидејќи не ја знаат туѓата реакција. Блискоста е пропорционална на поголема опуштеност, ослободена од првичните физички и психички стеги, помало трпение, но и поискрени чувства и моменти за споделување. Не знам зошто сите го кењаат периодот по 6 месеци врска. :D

Бонус за толеранцијата:

Let me explain something to you, Dave. There are two kinds of angry people in this world: explosive and implosive. Explosive is the kind of individual you see screaming at the cashier for not taking their coupons. Implosive is the cashier who remains quiet day after day and finally shoots everyone in the store. You're the cashier.
 
Ете гледаш, веќе е подобро...покажа енергија. Не ми смета во што сакаш да веруваш, сакав да те напнам за да те поткренам од тежината што се чувствува низ редовите што ги напиша. Ме потсети на мој лош период во младоста, би сакал тогаш некој да ми го велеше тоа што ти го пишав јас тебе.
Извини, не знаев дека си џенцко, поздрав.
Идеме оф топик и веројатно ќе не бришат ама ај....
Не сум наивна ако мислиш на тоа. Јасно ми е што се случува во светот, едноставно сакам да верувам во добро. Тоа не значи дека ќе се праам Мајка Тереза, или дека мислам дека сите се добри на светов. И незнам зашто мислиш дека ме напна.
Поздрав
 
Звучеше како неодамна да си излегла од стаклено ѕвоно...нема врска.
Верувај во добро тоа е ок работа, само гледај да не го забораваш ножот на појас оти преголемата верба знае да фрла во заборав.
 
Многу лоша работа е да ти повредат его.Поготово ако си емоционално нестабилен и незрел можеш да направиш многу глупи работи.Во моментот,а и кратко време после одмаздата ќе се осеќаш како да си го освоил светот.Потоа долго ќе ти биде жал што си го направил тоа.Али тоа е младост,лудост.:unsure:
 
fb.jpg

Еве еден типичен пример за оваа работа. Многу просто од страна на типов без разлика дали оваа заслужила... Немам коментари за вакво однесување...
 
Ете го егото после неколку години како испливува на површина со мислата: Е сега ќе те заебам јас тебе. И на Мотика ќе те ставам.

Значи не се работи за самопотврда која би му била доволна, се работи за јавно објавување за сите да видат дека он конечно „победил“.
После неколку години и него во вакво нешто ќе го видиме и кругот ќе се заврти.

Одвратно, али сурова реалност.
 
Примери има многу, на пример во темава. Кој од кој порасплакан. Сеа ќе види, сеа ќе види ќе пати копукот/курвата :ROFLMAO:, а не им е јасно дека за сеир служат. Одете работете нешто, не туку плачите.[DOUBLEPOST=1395811180][/DOUBLEPOST]Иии ова горново сеа го прочитав. Мислев ќе ја заебе, ќе беше јако да не и се расплачеше на крај.
 
Последно уредено:
Ете го егото после неколку години како испливува на површина со мислата: Е сега ќе те заебам јас тебе. И на Мотика ќе те ставам.

Значи не се работи за самопотврда која би му била доволна, се работи за јавно објавување за сите да видат дека он конечно „победил“.
После неколку години и него во вакво нешто ќе го видиме и кругот ќе се заврти.

Одвратно, али сурова реалност.

Ne mora da znaci. Jas, na primer, bi go napravila istoto samo za da dokazam kakva gadulja e curata.
 
Еве еден типичен пример за оваа работа. Многу просто од страна на типов без разлика дали оваа заслужила... Немам коментари за вакво однесување...
Како просто? Па во државава има толку неписмени идиоти, што ова му доаѓа како фри туроријал за таквите лингури кои мислат дека животот е заљуби се и толку.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom