Нова година, нова книга
Чест и задоволство ми е да објавам дека втората збирка со моите преводи на расказите на хорор великанот Х.Ф. Лавкрафт штотуку се издаде.
Достапна е на
https://www.poligramaton.mk/p/knigi.html, а наскоро ќе може да се најде и во „Буква“, како и во сите библиотеки низ Скопје.
„Сенката над Инсмот и други грозотии“ содржи 13 нови раскази коишто се меѓу најважните светски дела во жанрот на хоророт и фантастиката, а сега за првпат се достапни и на македонски јазик.
Како и со првата книга, „Повикот на Ктхулху и други ужасии“, преводот на славно сложената проза на Лавкрафт беше мошне тежок, но мислам дека резултатот е книга којашто значително ги проширува синорите на македонската книжевност и е добар сведок за еластичноста, изобилството и способноста на македонскиот јазик.
Ова е втората од планирани 4 книги коишто ќе ја содржат целосната прозна библиографија на Х.Ф. Лавкрафт, преведена на македонски.
Како и секогаш, сите раскази во книгава и понатаму остануваат достапни за бесплатно читање онлајн на poligramaton.mk.
За прашања или коментари, тука сум.
poligramaton.mk
instagram.com/poligramaton/