Си немам јас ваков проблем. Ако нешто не ми се допаѓа одма им го велам, да чекам да ме услужат... тешко. Секогаш сум културен, се понашам пристојно добар ден, фала, пријатно ама видиш не требало така.
Ете баш некни случка. Колку се фармеркиве? - Сега дечко, момент. По пет секунди, а бројче поголемо 50-ка бар да знам? Сега сега... зборам на телефон, и ти викам Маја леле таа со кој беше, со бифшиот на Ирена...
Ок фала на услугата... пријатно и поздрави ја другарка ти.
Повелете синдромот на сличен начин го одјебувам.

Прво ќе пробам да им дадам до знаење дека имам очи кои добро ме служат и дека разгледувам. Кога веќе ќе видам дека не можат да сфатат, си одам од дуќанот без никакво вербално објаснување.
п.с.
Морав да го едитирам постот. Ми текна за случка од пред некој ден.



Добар ден, патики високи за кошарка 47 број имате?
-Да, да повели дечко види од кој сакаш одбери си. И прашувам од еден модел нема, прашувам од друг нема, ок. Од кој модел има бар да пробам само за големината да видам. И ми даваат 46, пробувам гледам мало. Гледам дека било 46, му велам ама ви реков 47 дека носам. Е ако де, пробај ќе пушти можи... плус овие од МЗТ носат такви и од Работнички онај високиот мислам дека носи исти. Добро му велам, јас барам патика да ми го штити глуждот и да ме служи не ми треба да биде некојси којзнае каков модел. Продавачот: Епа пробај од овие, вакви носат Шекил и Коби шо играат во Лејкерс. Добро бе чоек, не ми треба патика од НБА плус не носат такви и Коби и Шекил имаат сопствена линија на патики и играат во различни тимови... Продавачот... ама јас... добро му викам, фала. А имате некоја патика која никој не ја носи а е 47 број? Ете ако ја купам на другите ќе им велите дека има еден дечко од Битола таква што носи.
Продавачот: Имам 45-ка ама голем е калапот, сигурно ќе ти е точна за 48-ка пасова... со воздушно перниче е, со клима од страна, кожа и специјална гума со која повеќе можеш да скокаш.
И си заминав...