Потрошено пријателство?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Дали ви се случило да имате другар/ка со кој се дружите подолго време и во одреден период да се почувствувате како да немате што повеќе да и кажете на таа особа?

Едноставно ќе излезете заедно и немате за што да зборите, се осеќате како сите разговори да пресушиле и немате ни потреба веќе да зборувате за било што?

Дали пријателството може да се потроши? Да го снема од чиста мира?

Ви се случило ли на вас вакво нешто?
 
ахам....тоа се случува со новите пријатели ... 1 месец гз и гаѓи после не си се фермаме воопшто:toe:така ќе прозборат ако им треба нешто... или да прашат нешто :XD:
 
Но за тоа мора да има причина дали од моја или нејзина страна.
Кај добри пријатели не верувам дека може да се случи да пресуши разговорот.
Али ако со некој се гледаш секој ден си искрен и ги делиш речиси сите тајни, но од одредена причина се одалечувате и потоа веќе не знаеш што да муабетиш и до каде да одите со разговорите. Веќе не знаеш дали имаш доверба во таа личност. Мене ова ми се случило. Менување на карактер со текот на времето, веќе некои граници се преминаа, но никогаш нималку не се скаравме со другарката него само се одалечивме. Сега муабетиме празни муабети безвезални, а порано секоја тајна ја делевме.
Но кажав за се има причина. Без причина не може некои добри пријатели само едноставно да снемаат теми на муабет.
 
Се случувало да има моменти во кои мислам дека повеќе нема што да се збори, но тоа се само кратки „кризи“, секогаш доаѓа нешто ново. Лошото во тие периоди е што кога нема теми за разговор, упорно свесно пробуваме да поставиме некоја тема, што најчесто е неуспешно, и пак води до молк во моменти кога се очекува разговор. Но сепак, вистинското пријателство не може да пресуши така, молчаливите периоди поминуваат.
 
Има понекогаш кога им помалку за зборење, ама знаеме дека тоа е само периодична појава, бидејќи статистички тоа варира, некогаш има повеќе некогаш има помалку теми за разглобување. Освен тоа токму затоа идеме се дружиме и со други па да има нови интересни приказни и ситуации за разглобување.
 
па ми се случума понекогаш сме цело време заедно а понекогаш не се гледаме може и по месец и после пак сме заедно
 
Не ми се случило вакво нешто. Во принцип, имам 3 другарки кои се оние-вистинските. И со нив гледам да поминувам што повеќе време, никогаш не ни е досадно. Работата е во тоа што сме различни карактери, па се надополнуваме, надоградуваме... Се развиваат дебати, зезанции, споделуваме искуства, едноставно си го знаеме секој еден дел од животот. Тие ми се како споменар, во кој не може да помине ден, а да не напишам нешто.

Што се однесува до другите, останатите другари, со нив се гледам повремено, на една-две недели и за тоа време се собрало материјал за зборување и раскажување импресии. Ако другарството ,,се истроши" значи било со краток рок на траење. Такво сте го купиле. Не било квалитетно.
 
јас со моите другарки секогаш имам тема за која би разговарале. ако не нешто ново барем ќе се потсеќаме на некој убав момент од минатото кога сме се забавувале и сме правеле 300 глупости
 
Крејзи ин Лав ти си стварно крејзи :)
не е тоа потрошено пријатрелство тоа е до расположението и него и тебе ако само едниот е по позитивно расположен или негативно од другиот пак ќе има некој муабет....
Потрошено пријателство (затоа што нема веќе теми на муабет)?
ти мислиш дека има крај на темите за муабет Позз
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom