Потребна ви е помош околу мобилни? Пишете тука!

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво, дали некој знае како може да се активира 5Г на iphone 13 pro од телеком. Активирав преку телеком апликацијата и сега кога одам settings, mobile data, mobile data options, voice & data имам опции 2Г, 3Г, 4Г а нигде го нема 5Г. Рестартирав телефон, извадив картица и пак ставив пак ништо.
 
А картичката 5Г ли ти е?
 
Предлог за телефон околу 500E (макс 600).
Приоритет е квалитетот на камерата.
 
Ова во комбинација со GCAM или Mi11 Ultra.
 
Здраво!
Имам Xiaomi Redmi Note 10s. Понекогаш, кога се јавувам на некој, откако ќе ми крене, јас ништо не го слушам, а разговорот си тече. Исто така, при зборување, многу често самиот разговор прекинува (Hold), па треба да исклучам и пак да се јавам.
Дали е до телефонот или до операторите?
 
Телефонот.
 
Телефонот.
Значи најлош телефон што го имам користено во однос на баговите. Користев Huawei p9 lite неколку години и ниту еднаш немаше вакви работи, а и мрежа имаше повеќе. Повеќе не би зел Редми!
 
Welcome to the club
 
Дали знае некој со каков чипсет се Galaxy S22 или евентуално S21 FE телефоните кај нас во Телеком/А1? Претпоставувам Exynos, а Snapdragon го шие во секој поглед.

Планот беше да се земе S22, ама некако се предомислувам заради чипсетот и слабата батерија. Од друга страна S21 FE малку е послаб на рам меморија, реално јас би го земал S21 ама го има само по мобилари.

Како се споредуваат овие со IPhone 13 да речеме? Ако некој има искуство со било кој од овие или има предлог за друг телефон би ми било корисно.
 
На ит.мк што имам читано велат дека S21FE е snapdragon. S22 и S21 во Европа се со Exynos (евентуално по мобилари ако начекаш некој снеп).

Ајфон или Самсунг, дали сакаш иос или сакаш андроид. Не би правел споредба на перформанси.
Јас имав слична дилема пред година ипол, и се одлучив за S21 ради телефото камерата. Про моделот од ајфон ми беше надвор од буџет.

Гледам батеријата ти е важна, па не очекувај многу и од S21. Секој ден го полнам. 5-6 часа SOT некаде му е просекот.
 
жалосно. Ја шаомиво заборавам кога сум го пунел. И тогаш кога е на полнач околу пола саат и 100% е.
 
На ит.мк што имам читано велат дека S21FE е snapdragon. S22 и S21 во Европа се со Exynos (евентуално по мобилари ако начекаш некој снеп).

Ајфон или Самсунг, дали сакаш иос или сакаш андроид. Не би правел споредба на перформанси.
Јас имав слична дилема пред година ипол, и се одлучив за S21 ради телефото камерата. Про моделот од ајфон ми беше надвор од буџет.

Гледам батеријата ти е важна, па не очекувај многу и од S21. Секој ден го полнам. 5-6 часа SOT некаде му е просекот.
Од мобилари некако не ми се зема така да ми остануваат останатите официјални застапници.

Јас искрено не би се свичал на iOS и Android ми е прв избор, ама разгледувам опции и искуства.

Фала за инфо во секој случај.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom