Најчесто со хухкање од уста и после од фармерки или блузата. Некогаш со влажно крпче, ама многу ретко. Еднаш или двапати и тоа кога бил ептен замастен екранот, ама не скоро. Првите симптоми му беа вчера како сам да се прицка екранот или дугмињата. Значи си го оставаш мобилниот и гледаш нешто се случува, ама сепак реагираше на допир колку толку. После почна се повеќе и повеќе да не реагира на допир. Му ја извадив батеријата и го оставив да преспие. И сега сабајлево се однесува онака како што напишав. Мене искрено по симптомите ми делува како проблем со влага, што и ми е малце чудно пошто само јас имам пристап до него и допир со вода или слично немаше, а колку што сум во тек за тие работи гаранција нема. Па си реков да прашам тука пред да го однесам. Или некој совет да покушам без физички да го отворам( дека под гаранција) пред да го однесам на сервис.