Потценување

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Насловот кажува се.
Потценувате ли?
Вас ве потценуваат?
Кој е вашиот став за оваа појава?

Мене искрено многу ме нервира потценувањето на другите. Никогаш не ми било јасно зошто мора да се потценува нечиј труд, нечиј успех, нечие постигнување, кога никој не е крив за изборот кој ние лично сме го направиле.
Често некои луѓе знаат да речат дека нивниот успех е каде каде потежок да се постигне од оној на некој друг.
Меѓутоа, тој некој има поинакви цели, поинакви замисли и одбрал поинакви патишта за да постигне нешто.
Затоа не сакам луѓе кои секогаш, без оглед на се, потценуваат нечиј избор или нечија потешкотија.
Едноставно, потценувањето ми делува како покајување за сопствениот избор кој нуди тежок пат кон успехот и љубоморењето на туѓиот успех и неговата наводна леснотија.
Не ми е јасно, зошто луѓето кои потценуваат не влезат во кожата на оној кој го потценуваат и пробаат да опстанат на тој начин.
 
Кога некој ме потценува во нешто мислам дека рогови ми искачаат :) , вишак сила добивам и мотивација и ако го постигнам тоа што го сакам уживам во затворените усти :icon_lol: Мене потценувањето ми делува мотивирачки но кај некои луѓе не и искрено, вака општо гледано оваа појава ме нервира, но сепак, резултат е на мислењето кое сите ние го имаме еден кон друг.
 
Потценуваат луге кои не си ја гледаат својата работа и се мешат во туѓите животи.
Не потценуваат со тоа дека нема да успееме во науменото.
Сум била многу пати да не речам и од блиски и далечни роднини но тоа ми дава поголем мотив за да се борам и да успеам во науменото.
А и во она во кое сум успеала не го прифакаат.
Не сакам да потценувам.
Според мене тоа е грозна појава која ужасно ме иритира.
 
Лол... епа тоа некогаш го прајме и ненамерно... Пример.. Се спремаш за некоја трка, и го глеаш некој тип, онака, ни се загрева, ни ништо, мислиш дека само формално трча, и ве поминва сите..
 
Знам да потценам во заебанција, а да ме потценуваат не дозволувам.
Ги знам вредностите на луѓето што ми се драги, што се околу мене и знам што тие можат, а што не.
Некогаш е подобро на човек да му кажеш дека тоа што намерава да го прави е невозможно, отколку после да се разочара. Ама па без проба нема да знаеш дали навистина немало да успееш.
Иначе воопшто не е добро да се потценува. Немој после истата таа личност да те инзенади :)
 
Се случило да потценам некој.. и потоа и тоа како ме има изненадено.
Сум била потценувана од други.. али не знаеле какво трајно жарче сум си јас (нешто што сум го зацртала мора да го остварам).
Потценување како потценување - лоша работа, како и да е пак ке се врати на твоја глава ако ти си потценувачот. Гледам да не се мешам. Лично се обидувам да не очекувам многу многу од другите луѓе за да не останам разочарана на крај [зашо се изгорев многу коа бев оптимист].. може и од таму ете некогаш произлегло потценувањето од моја страна. Знам не е оправдување, али се прават грешки - сега се обидувам да гледам реално на работите.
 
Мразам кога ке потцени некој ама искрено и јас често сум ги потценувал луѓето.Тоа е тоа.Неможеш секогаш да бидеш свесен дека потценуваш некого и треба да разбереш дека и тебе некој кога те потценил исто така згрешил како и ти понекогаш што грешиш...Затоа секогаш се трудам да им се покажам на луѓето во вистинско светло и без глума и досега ми оди доста добро.(thats the right choice)...треба да имаш разбирање за луѓето и така ке можеш да го избегнеш тоа и во еднатата ситуација кога ти потценуваш и во другата кога тебе те потценуваат.Отприлика така некако...
 
И да несакаш некогаш несакајки потцениш некого. Зборовите ти излетуваат посебно ако пред тоа нешто те налутил.
 
Потценувањето го практицираат луѓе кои немаат доволно аргументи за некоја конкретна ситуација или работа, па на таков начин се обидуваат да го дескридитираат оној кој им ги „мрси“ плановите. Потценувањето кај нас е честа појава, затоа што општеството ги изгуби сите вредности кои треба да го одликуваат како здраво, па се востанови практика на создавање на лажни морални вредности, токму преку потценувањето на квалитетот и на сите особини на здравото општество. Оттука денес е „нормално“ кога сакаш нешто да постигнеш, тоа да го направиш со потценување, без да поседуваш квалификации или вредности за некоја конкретна работа.
 
Обидувам се да се однесувам со другите така како шо сакам да се однесуват со мене, а и слободното време подобро би си го искористила у нешто позитивно ,нешто шо се однесува за мене.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom