Постои ли љубов?

  • Креатор на темата Креатор на темата SCORPIO__20
  • Време на започнување Време на започнување
Убаво е да имаш свое размислување за љубовта но откако ќе имаш искуство.Според тебе таа е глупава од причина која што ја спомна дека ти е страв да се заљубиш.Но мислам дека позади целиот твој одбрамбен став за љубовта се крие нешто сосема друго.Не де не веруваш туку ти е страв да поверуваш затоа што си видела болни искуства а не си доживеала.
Е сега мислам дека си во право
Не сум доживеала, а не сакам да доживеам нешто што им се случило на моите другарки
Можеби затоа не верувам во љубов
 
А зошто не можеш да сватиш едноставно е не верувам во љубов и готово, глупаво е да си заљубен
Можеби не верувам во љубов затоа што се плашам од неа не знам


Абе сакаш верувај сакаш не верувај љубов постои!


И воопшто не е глупаво да си заљубен! Да знаеш!(ќе дознаеш со тек на време)

А тоа што им се случило на другарките твои не мора да значи дека и тебе ќе ти се случи! Не знам што им се случило на нив, но сепак ти не треба да осудуваш така, треба да осетиш на своја кожа па да кажуваш.
Има секакви машки со различни карактери!

Мене ми се случува едно т.е. јас сум во врска и сум заљубена, а на другарка ми и` се случува нешто сосема друго т.е. не е во врска со него поради икс причини ама пак е заљубена (значи љубов постои).

И што треба ова да значи дека и јас ќе завршам како другарка ми?! Можеби разочарана... НЕ! Јас се надевам на подобро но, сепак не претерувам и не летам многу многу во облаци...да знаеш!


едит:
Имаше еден период во кој сите што ги познавав ставаа крај на врските од икс причини и што требаше јас да направам ??
Да се огледам на нив и да постапам како нив?? Не!
Или пак можеби требаше да очајувам и да си велам леле врската ќе ми отидее...и да паднам во депресија и да не преземемам ништо и врската стрварно да ми отиде во неповрат?? НЕ! Ниеднаш не помислев дека и јас треба да ставам крај(а сигурна сум дека ни он не помислил:)). Сите околу мене си правеа “фати пушти“ со дечковците/девојките. А јас ниеднаш не ја прекинав врската. Цели три години без прекини иако имало и периоди на очајување карање сакање уште повеќе сакање и сл.(и уште трае :))


Затоа не гледај што прават другите! Гледај тебе како ти одговара! Слушај совети од други луѓе но, не мора секогаш да ги применуваш и уште нешто крајната одлука секогаш треба да е твоја,а не под влијание на други!
 
А бе луѓе баталете шо и објаснувате работи кои сеуште не ги сваќа па нели и прочита вте во еден од другите топици дека живеела затоа што морала се друго паѓа во вода мислам нека продолжи така па и старно љубовта нема да постои но само за неа
 
Љубов? Хм, што ли беше тоа? :raz:
:pos:
Шала на страна, значи вака:
Зборот "љубов" ништо не значи, како и останатите зборови кои ние сме ги измислиле. Зборовите сме ги измислиле за да ги искажеме нашите чувства. Како што реков, зборот "љубов" како збор ништо не значи. Ама постои некое чувство, некоја хемија меѓу двајца луѓе која ние сме ја нарекле "љубов". Секако дека се разликува од физичката привлечност, што ние сме ја нарекле "страст", но тоа се две слични чувства кои често ние луѓето ги мешаме. Љубов е кога се грижиш за некој, кога некој ти недостасува, кога трепериш кога си покрај него...
Тоа е тоа чувство кај нас кое сите некогаш мора да го доживееме, чувство кое се доживува вистински само еднаш во животот и чувство кое сме го нарекле "љубов". Без разлика како се вика, можеби забегав малце од темата, ама сакав убаво да се изјаснам. Тоа што го кажав беше љубов спрема личност од спротивниот пол (иако има исклучоци), ама не сакав тоа да кажам, туку дека постои и поинаква љубов, како што е љубовта спрема детето, спрема мајката, спрема таткото...
А да не заборавам да кажам и дека многу луѓе се плашат да ја доживеат љубовта и затоа тврдат дека не постои. Тоа чувство постои и често го мешаме, меѓутоа не се плашете, луѓе сме, а не животни, можеме да го контролираме тоа чувство, како и чувството наречено "страст". :pos:

Мислам дека добро ви го разјаснив поимот "љубов", сега идам да ручам, уживајте. :pos:
 
зависи за каква љубов зборуваме.некоја постои некоја не некоја сами ја создаваме.:smir:
 
Љубовта е само навика! Барем кај мене.
 
Па јас мислам дека постои. Велам мислам бидејќи се уште не сум ја почувствувал, но со оглед на моите години има време за тоа...
 
Љубовта е само навика! Барем кај мене.

Ај баш кажи ми како навика?Од навика сакаш све?Или колку да се пише нешо поразлично од другите?

Постои љубов не само кон спротивен пол, туку мајка татко, љубов кон спорт.....итн итн итн.
 
se razbira deka postoi ljubov...taa e najubavoto cuvstvo koe ne spojuva iako ponekogas i ljubovta znae da boli ....
 
Какво е ова прашање? И уште поглупи одговори??
ЉУБОВ ПОСТОИ! Тоа треба да ви биде јасно на сите без дилема.
 
Љубовта постои само на почеток. После преминува во навика и караници:toe::toe::toe:
 
So ogled na toa deka sum ljubela i od toa sum dobila samo bolka i razocaruvanje jas licno ne veruvam,mozebi zvuci pateticno ama taka mislam,i koga bi me prasale dali postoi ke odgovoram potvrdno DA postoi ama nevozvratena.
 
Ооооо постои , како не постои само треба да се доживее и да се почувствува:back:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom