Доста потценети бендови има од таа алтернативна сцена во 80-тите, мене Husker Du и Pixies ми се едни од омилените воопшто.
Инаку, гледам се пост-панк сум постирал на темава, па си реков да ставам нешто и од пост-рокот што ми се свиѓа, да не испадне еден правец дека терам.
Го слушнав синглот на GIAA од новиот албум Origins и искрено не се возбудив премногу и покрај тоа што имам секогаш големи очекувања од нив. Премногу во денс стил ми забегуваат.
Не знам како никој до сега не ги спомна Television. "Marquee Moon" е навистина брилијантен албум, иако се држи на границата помеѓу пост-панк и арт-панк.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.