Пост на кој сте се изнасмеале

Brace yourselves for the epic mindfuck!

Д.
мора на некому да ја опишам глетката што ја видов пред некој саат....ужас.....:notworthy:
бев до кај другар што го немав видено подолго време. ама тој пустиот живее во дивина, околу него само една куќа и тоа во неа стара жена.......
седев што седев и викам ај ја ќе одам сега ама по скатеното патче.
он ме предупреди да си одам по пат ама ај реков сеа кој ќе кружи, 10 пати е подалеку.
и тргнувам ја по патчето, ни зад мене, ни пред мене луѓе.....штама, а саатот 22.05.......најпрвин душата ми ја извади кучиштето на таа комшивката стара, коа ми се пушти, одеднаш, срцето в петици ми појде.
од коа го поминав патчето се најдов на едно место за дрогираши и љубовници. е сеа во ум си викам наебав. си почнале да се збираат тие.....кој се шприца, кој шмрка, кои се драпаат, ама не ме приметија толку.....идам ја опуштено (демек) со срцето стегнато и гледам, малку оддалечена од овие ненормалниве, кола. убава, нова...од неа излегува човек, ќелав, висок, ама мене не ме примети по темница. си застанува човеков на задната врата и ги турка панталоните. и тука пак во ум си викам е сеа стварно наебав......сеа како да поминам одеднаш зад него, по темница, а он со спуштени панталони стои свртен кон кола кај задната врата, очигледно некоја имаше легнато на задно седиште и ќе му пружаше орален секс. шо да праам си мислам......како да поминам.......и ми текна му пишав порака на другаров да ми се јави. ја го напраив моблиниот на најјако да заѕвони и демек тогаш уз одење ми ѕвони, колку да му даам знак дека има човек зад него, да не ми рипне со пиштол одеднаш. другаров почна да ѕвони и ја демек си идам (со брзо одење, ни лево, ни десно гледам) по темница не ја гледам колата. поминувам на 10тина метри од него, и го гледам он ги кренал панталоните и демек така си стои потпрен на кола. кога го гледам поубаво косата ми се крена.....
ЧИЧКО МИ.......:eek::eek::eek: прв братучед на тато, одма тука седи до нас. значи не можев да им поверувам на очиве. и оддалеку кога го гледав ми заличе на него ама ни на крај памет не помислив дека стварно е тој. ејјјј....со кој памет бе.....домаќин човек се прави....ќерки средношколки има, а он со проститути како тинејџер се крие.....се направи дека не ме гледа (по темница демек,а сигурно ме виде дека сум јас), јас искрено се засрамив и демек зборувам на тел, демек не сум го приметил, као шпиртосан така речено почнав да трчам......
уште не можам да ја заборавам глетката, ми се гади.........колку само добра и убава жена има, ова сигурно не го заслужува стрина ми....е*ати мажот, ми е срам што имаме иста крв.....
 
Темата се разбира дека е Велес :pos:


Перката има истепано гостин затоа што се качи на стол.
Aбе Перката има избркано гости оти му цепеле на скопски, многу лигави му биле за слушање!
истиот перка на скопјанец што му има нарачано ладен сендвич ву има однесено половина леб внатре полн со коцки мраз, ...Типов е зрел за (лудачка) кошула!!!!!!!

Перката е сопственик на Бродот на Велешко Езеро иначе како за информација на неупатените.
 
Не е пост, ама околностите и целата конотација се собраа во еден куп.
windfucker.jpg
 
Работата е едноставна: тие лопати не се лопати за наменети за копање, туку обично се позлатени или посребрени, што значи, тоа се симболични лопати а не обичен градинарски алат, со чие купување, нивниот купувач станува донатор при градењето или одржувањето на одреден храм, а не просто наддавање за купување обична лопата за копање по двор. Ист е случајот и со наддавањето за купување крст или било кој друг предмет, со чие купување се станува донатор на веќе наведеното.

Мики за лицитацијата на лопати.
 

Ова е пост од Werther, кој е, очигледно, празен, исто како и авторот од постот, така да немам на што да се изнасеам...
 
Brace yourselves for the epic mindfuck!

Овој истиот тип го читав и претходно во Драга Кајгана и исто така ја фатил комшиката не дело како се швалерисуе.
Како што му кинисала работава ќе го фати и Стевче со фризерката на дело.
 
баш ми е мило што ве изнасмеја мојата мака....барем вие смејте си се.......:unsure:а мене како ми е тргнато, на цел комшилук им ги знаам швалерите.........изгледа таква крв имам, ме влече да бидам во близина на неверници.......
 
баш ми е мило што ве изнасмеја мојата мака....барем вие смејте си се.......:unsure:а мене како ми е тргнато, на цел комшилук им ги знаам швалерите.........изгледа таква крв имам, ме влече да бидам во близина на неверници.......

Ако неможеш да ги победиш придружи им се ;)
 
Ако неможеш да ги победиш придружи им се ;)
да бе со чичко ми оргии ќе правиме :pos:
еј само немојте муабетов да се рашири, од уше в уше и стрина ми ќе разбере.......
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom