Посредници за продажба (Нудам соработка)

  • Креатор на темата Креатор на темата Мортидо
  • Време на започнување Време на започнување

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.090
Веб-сајт
www.facebook.com
Имам предлог за членовите на форумов и останатите гости кои ќе налетаат на темава.

Бидејќи живееме во време каде тешко се доаѓа до работа и пари, ова е добра можност за заработка на некој денар (без зае*анција). Се бавам со рачна изработка на копаничарски дела (резби) и мебел од масивно дрво. Имам неколку готови ракотворби но претежно работам по порачка. Кога немам порачки, тогаш работам за да имам производи на залиха доколку на некој му е за брзање и сл. Клиентелата ми е претежно од околината каде што живеам (Тетово), а поради недостиг на време не можам да го проширам пазарот низ другите градови. Се промовирм единствено преку фб и преку пријатели, предходни муштерии итн.

Од копаничарство најмногу изработувам икони, скулптури, натписи и логоа за фирми и други сувенири по желба на клиентот.

Од мебел изработувам клупи и маси за двор, градина, ресторани, пицерии и сл. и Адирондак (американски), односно Мускока (канадски) столици, одлични за по дворови. Во Канада нема двор без нив.

Сите производи се од квалитетен материјал со загарантиран квалитет. Резбите ги изработувам во орев, цреша и костен, а мебелот е од чисто масивно дрво (чамово), најквалитетното од оваа врста и најисплатливо за наши стандарди. Сите производи се премачкуваат со садолин со нијанса по желба на клиентот, а потоа завршно се лакираат за заштита од вода како и за мебелот да добие сјај и убав изглед.

Превоз на производите:

- За резбите над 6.000 ден. вршам бесплатна достава низ Полошкиот регион, а над 12.000 денари бесплатно доставувам низ цела држава.

- За мебелот доставата е бесплатна во Полошкиот регион (Тетово и селата).


Она што го барам е: потрага по нови клиенти, промоција и продажба на моите производи. Ваше е да ги најдете потенцијалните клиенти, да им го промовирате производот, да им ја кажете цената која предходно ќе ви ја кажам и доколку направите зделка да им земете капар 60% од вкупната цена (или поврзетеме мене со клиентот, процентот го добивате веднаш штом го добијам капарот). Останатото останува на мене.

Она што го нудам е:

Од секоја продадена РЕЗБА посредникот добива 30% од вкупната сума на производот. (пример: Доколку резбаното дело чини 12.000 денари, посредникот добива 3.600 денари.

Од секој продаден коплет маси (една маса и две клупи) или комплет Адирондак столици (4 столици + масичката 50х50цм оди гратис), посредникот добива 30 евра.

Во изработка имам и мебел кој е уникатен (мебел со резба и сл.). За таквите производи ќе договоараме накнадно, но со цената ќе расте и процентот за посредникот.

ОК. Мислам дека доволно јасно објаснив. Доколку ви се чини интересна мојата понуда исконтактирајте ме во инбокс или на мејл.

Значи, мојот пристап е секогаш искрен и сериозен. Го очекувам истото и од ваша страна. Копаничарството и општо рачната изработка прилично држи цена така што и процентот за посредникот е повеќе од добар. Не губите ништо, напротив, може само да имате ќар. Се што е потребно е голема воља и малку вештини за маркетинг и продажба.

Мојот блог ми е во потписот. На него има слики и информации. Повремено на темава ќе ставам слики од производи кои ми се на залиха.

Се надевам не нарушив некое правило од форумот.

Поздрав, Тоде.
 
Одлично, само продолжи така,
ако бизнисов ти се прошири,бар овде низ Скопје, ќе треба бар и десетина чираци да земеш, оти ќе има многу нарачки.
Дали иконите си пробал да ги понудиш - изложиш и на некој манстир, или бар на некоја нивна слава и прослава.
Скопје е сега голем пазар за твојте производи,бидеиќи врие од туристи секој ден.
Плоштадот од левата страна на Вардар е идеално место за изложување на некој поситни такви дела.
А за маси и столеви, Водно му е мајката и хациендите таму,можеби и Маврово како поблизу.
 
Имав оставено икони и други резби пред неколку години во една галерија во Скопје но ништо не се продаде. Нудев и по други галерии сувенири поситни, но не беа заинтересирани некако. За по манастири немам изложувано.
 
Моментално што имам на лагер:

Икона на Св. Јован Крстител
димензии: 34х44цм
изработена во ореово дрво, премачкана и заштитена
11167971_10153051581640819_2657158446948795117_n.jpg

Икона на Св. архангел Михаил
димензии: 33х45цм
изработена во ореово дрво, премачкана и заштитена.
10994449_10152810074175819_2280003831615901602_n.jpg


Икона на Св. великомаченик Георгиј
димензии: 33х44 (плус треба да и се додаде рамка)
изработена во ореово дрво, премачкана и заштитена
10993415_10152808546050819_5098421910276909546_n.jpg


Скулптура ’’Старата виолина’’
димензии: 20х70цм
изработена во дрво од орев, бука и јасен
10419630_10152290085240819_6565979293240627982_n.jpg


Женско торзо - скулптура
димензии: 20х70цм
изработена во дрво од липа (постолјето од воден јасен)
10537874_10152786155845819_9211478285708740657_n.jpg


Абстрактна скулптура - Чвор
димензии:13х40цм
изработена во ореово дрво
10952278_10152786156010819_2862575638308424638_n.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom