Овие борци за Бога и во име на Бога (мада секој мајмун може да се слика со некоја книга и знаци) не се ништо поопасни од оние кои повикуваат против Бога и против вера.
...
Иако светлосни години од самата тема, сепак да надополнам некои информации за борбата против верата (која се интензивира со големиот број вакви и слични теми и форумџии)
http://workmall.com/wfb2001/russia/russia_history_the_purges.html
...
20 милиони убиени во борбата против Бог е добро? Колку има убијци во име на Бог, дест пати повеќе има во име против Бог...затоа за мене е глупо вакво убедување. Никој никого нема да убеди, само ќе се бламира...а со плукање кон туѓа вера, верба, мисла животна водилка...се открива своето право лице.
Морам, на почеток, да признаам дека ми се здрви газот кога видов дека си ме цитирал.
И, веќе веднаш потоа, морам да не се сложам во целост.
Сликите покажуваат
луѓе, не политички системи, како тесно се идентификуваат со насилство и со света книга. Очигледен нон-сенс и заблуда. Манифестација на екстремна омраза во име на (или со поддршка од) Господ. Религија, грешно разбрана и злоупотребувана од верници.
Ти зборуваш за државниот атеизам. Државниот атеизам нема никаква врска со индивидуалните убедувања на атеистите, исто како што државниот апарат кој ја користи религијата нема никаква врска со индивидуалните световни убедувања на своите поданици/жители. Државниот атеизам бил користен како една од алатките за контрола на масата, исто како што друг ја користи религијата и догмите.
Овде споревме за индивидуалната религиозност наспроти индивидуалниот атеизам. Аргументот е дека државите кои имаат поголем процент на жители атеисти се понапредни, побезбедни и помирољубиви, во споредба со оние каде процентот на религиозни жители е поголем. Студија. Резултати. Фактографија. Не емотивни ставови или лични перспективи.
Околу делот со „20 милиони убиени во борба против Бог“ - мислам дека е малку претеран. Не верувам дека намерата на Сталин била да го „убие бог“. Имал он многу поинаква агенда. ...иако би можеле да ги дискутираме и аспектите „за“ и „против“ неговиот пристап.
И како што вика Луси_Лу, џабе веземе и мај чоис - точно. Се' додека не пишеш на темата свој став. Оттогаш влегуваш во дебатата, а кој не сака да учествува, воопшто не мора ни да чита - уште помалку да ги става на проверка своите длабоки убедувања.
Лично, јас сметам дека духовноста е многу важен аспект (кој организираната религија бесправно го узурпира) од животот на секој човек, но исто така цврсто верувам дека игнорантноста (комотното незнаење) и затвореноста за гледиштето на соговорникот е најголемото проклетство кое може да „зарази“ нечиј живот. Немам намера да преобратувам верници. Единствено да овозможам и поинакви перспективи за оние кои ја бараат својата „вера“ препрочитувајќи ги полемиките.
И уште нешто. Лично, сметам дека организираната религија ужива поголем углед кај неуката или недоволно образована популација. За ова сум подготвен да цитирам студии. Внимавајте дека не велам „поглупава“, „подебилна“ или „понеинтелигентна“ полулација. Таа популација (недоволно образованата) е полесна за манипулација и подведување. Пишувам за нив.
Затоа, иако од една страна жестоко го поддржувам правото на секој да направи сопствен избор на она во што ќе верува, ја сметам за дискриминирачка тенденцијата на луѓето да обесхрабруваат дискусија за суштински вредности како што е верба во господ.
Демократијата (и форумот, како незина најнепосредна платформа) го гарантира токму тоа: Отворена арена за спротивставувања на мислења, вредности и
ставови. Токму какви што се овие. Сите револуции почнуваат на ова ниво. А еволуцијата на религиите недвосмислено укажува на промена во парадигмите. Јас се трудам да дадам свој придонес. Доколку некому е навредливо, срдечно му/и препорачувам да не ја посетува темата
