Последниот денар

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување
Пааа... ако се последни пари во смисла на рецимо 50 еУра тогаш би ги потрошила без размислување на еден убав, прекрасен, шармантен парфем. Ако се околу 500 денари, тогаш би ги потрошила на една добра порција лазањи... а ако е ситна пара... се знае... Airwaves лињакови:pipi:
 
Е да... последните пари, од искуство кажувам, ги давам за нешто поврзано сокола. дали ќе е некој дел, нешто за upgrade, козметика или сл...било што.
Три дена како студент сум јадел пола леб на ден, од кој четврт со шеќер и вода, а другата четврт за ручек со сардина конзерва (испратени од дома), оти плуснав пари за Turtle Wax полир паста.
 
Последни пари?
Колку тоа тешко звучи!!!:icon_frow:icon_frow:icon_frow
 
Ако е поголема сума би ја потрошила за надоградување на компјутеров, техничка опрема, дигитален апарат бла бла...
Ако е помала за јадење, некои ситници итн.
 
зависи од ситуација и пред се колку е тоа последен денар? Пример ако се сто денари во моментов Чизбургер и Лименка Кока Кола. Ако се 160 евра Микроскоп за ББ5 Бокс.
 
Купувам куршум и изнајмувам пиштол :pos:

Шала на страна што би купил? Па би купил некоја добра книга.
 
Секогаш кога ќе ми останеле денари во џебов, мора на јадење да ги потрошам, ако сум надвор од дома на солено јадење, а ако сум дома одам одмаааа в продавница и блачко :)
Најчесто од солено земам тост, хамбургер или пица
а од благо наполитанки, торта, чоколадо бре :hehe:
 
Нешто за оружје...морам да си ја одржувам колекцијата од оружје што ја има направено татко ми...ке купам снајпер...по можност познатата 6ка од Кантер Страјк или Магнум
 
Ќе одам на кванташки и ќе ги измолам да им купам 10 кила јаболки. Ќе ги продадам на зелено пазарче за поскапо. Па втора тура. Итн...
 
Поголема пара...За компјутер
Помала пара...Интернет кафе....:pos: :pos:
 
Со поголема пара...пат до Париз или Прага. Со помала, книга некоја. Со малку пари, порција тортелини во сос, а со најмала пара, молив и тетратка и шише вода.
 
па зависи од тоа колку пари ми останале, и од тоа што ми се прави во моментот....ама најчесто не ги трошам....си штедам :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom