После разделба... пријатели нели?

  • Креатор на темата Креатор на темата CuCeNcE
  • Време на започнување Време на започнување
Нема шанси!

Јас обично ден-два пред да раскинам барам 500 евра на заем, потоа си правам нов МСН и си купувам нов број.
 
Мали се шансите после разделба-пријатели,зависи од еден куп фактори,од врската што сме ја имале,од тоа како сум се понашал со неа и таа со мене...но со последнава бивша,после 8 месеци врска ја иам на мсн,односно таа ме адна по втор пат и сеа сме “другари“...но ретки се тие случаеви,зависи и од двете страни целата ситуација.
 
па мислевме дека ќе останеме пријатели ама :nenene: ништо нема шанси. само онака на мсн сега ама не е то то :nesum:
 
Не. Нема пријателство после раскинување. За разделбата секогаш има причина. Секогаш едниот го сака тоа пријателство бидејќи сеуште сака да биде со поранешниот партнер. Побезболно е за двајцата доколку комуникацијата престане.
 
Најчесто после раскинување ја слушаме таа реченица "Ке останеме пријатели нели?"... Но колку е тоа така? Дали можете да останете со бившиот/бившата пријатели? Дали тоа пријателство е вештачко или искрено?

како не бе. :tapp: ајт таму бркај работа...
завршена епизода во животот. нема причина за во другата да го има.:toe:
 
Секако дека треба

Најпрвин мислам дека е многу зрело, да се разделиш човечки и како пријател (освен при неверство и психо-физички терор)..со желба да останеш пријател...
Доколку тој човек нешто ти значел, сигурно дека ќе продолжи да ти значи.. итреба да сме тука еден за друг..
Земајќи во предвид, дека со текот на времето, работите сами ќе се оладат, нормално е да не си прв другар со таа личност, ама сепак една почит и коректен однос треба...
Бившите, се дел од нас, тоа сме ние-тоа бил нашиот избор и тоа треба да го почитуваме
 
тешка работа...еден два муабета на кафе може..али повеќе не
 
останавме пријатели...се додека не си најде друг...сега едвај едно здраво си кажуваме...
 
После раскинување нема пријателство. Така мислам дека е најдобро
 
Пријатели? Зашто не...
Не би можел и ја да ја имам како најдобра другарка после врска, јасно, ама поздравување, разменување неколку муабети секако да.
Не ги разбирам паровите кои поминале прилично добар дел од својот живот и за 24 часа ко да не се знает.
Би сакал да одржувам некаков контакт после разделбата, ама зависи и од другата половина, зошто не се секогаш најпријателски настроени.
 
Па зависи како завршила врската.
Не би прекинала можеби контакт, но сигурно нема да имаме блиски односи.
 
И после 30 години брак пак би го рекол истото : НЕ! .
Нема шанси , едноставно несакам да се потсетам дека сум го трошел моето време со личност која не го заслужувала тоа , нема потреба да го трошам и тоа време што ми преостанало на мемории , радо би создавал нови со друга личност.
 
Пријатели она баш пријатели нема шанси.

Ама сепак добро е да се остане во контакт, да не дојде до степен воопшто да не се комуницира меѓусебно или да се оговара партнерот којшто до пред одреден период ти значел барем малку кога веќе си одбрал да бидете заедно. Муабет онака, може. :)
Ама сепак не е тоа, тоа, никогаш нема да се гледаме пријателски и двајцата ќе го знаеме тоа.
 
Малце тешко да се остане пријател со некој што си бил заедно, пошто секогаш на едниот му е тешко шо раскинале и сеуште осеќа нешто и цело време ќе си мисли дека со тек на време пак може да бидат среќна двојка и да се надева. Што значи јас никогаш не би можела да бидам другарка со некого што претходно сме биле во врска
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom