Поскапуваат автобуските билети на ЈСП

  • Креатор на темата Креатор на темата edinchez
  • Време на започнување Време на започнување
Moре све нека покачат, малку е за овој народ.
И воздухот нека почнат да го наплаќаат. Само да прашаме за јажиња дали да си купиме или ќе ни даваат гратис.
 
Оваа вест само дополнително ми го зголемува револтот кон ЈСП. Па добро бре, дали се они нормални!? Пензионерите ко лешинари се возат мувте, а јас ќе им плаќам за тоа? Плус, зошто во таа нова цена за слободните карти не ги вклучат и ноќните линии? НАмерно е ова направено... Прво град Скопје ги крена цените за такси до небо, а сега (зошто нели принуден си да се возиш со бус), ти ја поскапува и картата... Тоа се треба да се запали бре.... :mad:
Plus davaat pari za reklami deka treba sto poveke da se koristi javen prevoz ...
 
Или возете се со ЈСП и плаќајте карта, или барајте по ефтини алтернативи, ако најдете јавете! Велосипед е моментално најефтина друго не знам...
 
Moре све нека покачат, малку е за овој народ.
И воздухот нека почнат да го наплаќаат. Само да прашаме за јажиња дали да си купиме или ќе ни даваат гратис.

Гратис !? Ју мед. И јажињата ќе ги покачат сеа. Да не можеш да се обесиш ко чоек. Пу јаз`к.
 
И да сакаш со точак не можеш затоа што тротоарите се претворени во паркинзи а со секое спуштање на коловозот се изложуваш на ненормална опасност.

14 години возам па еве здрав и жив сум, идам по патека и по улици по кој нема многу сообраќај. :D
 
Или возете се со ЈСП и плаќајте карта, или барајте по ефтини алтернативи, ако најдете јавете! Велосипед е моментално најефтина друго не знам...

Велосипед на -20 во јануари. challenge not accepted :)
 
14 години возам па еве здрав и жив сум, идам по патека и по улици по кој нема многу сообраќај. :D

Добро ама не можеш зимно време секого да го тераш да оди со точак, има луѓе кои патат од синуси, имаат астма, поготово на вториве убиство им е на зачаден воздух зиме да излезат и да вршат физички активности :) Инаку и јас често одам со точак секаде ама некогаш не можеш, мраз има некогаш, некогаш снег до колена и така...
 
Велосипед на -20 во јануари. challenge not accepted :)

Добро ама не можеш зимно време секого да го тераш да оди со точак, има луѓе кои патат од синуси, имаат астма, поготово на вториве убиство им е на зачаден воздух зиме да излезат и да вршат физички активности :) Инаку и јас често одам со точак секаде ама некогаш не можеш, мраз има некогаш, некогаш снег до колена и така...


Кога можат они и ние можеме, плус зимата кај нас е поблага за разлика од онаа во Холандија.​
 
епа нови автобуси, и нова цена
 
Кога можат они и ние можеме, плус зимата кај нас е поблага за разлика од онаа во Холандија.​
Ќе ве молам малце реалност :cautious: По оние неисчистени улици, калосани, раскашавени или подмрзнати само за точак возење е! Амстердам =/ Скопје
 
Еееј абе да не е покачувањево ради климата, а!? Сакате да се греете без пари, епа нема. :)
 
Кога можат они и ние можеме, плус зимата кај нас е поблага за разлика од онаа во Холандија.​
па во право си за со велосипедиве, браво за овие на снег и мраз ги возат, кај нас не мора да се вози во најладните месеци (чим не е можно) во другите може, иначе како што викаш или возете се со јсп или барајте поевтино, а стварно со велосипед е добро зашто и за здравјето е подобро
 
Читам на Сител(од Time де leech-от) ќе поскапеле за 6% од 30 на 35 денари.
Инаку кој сака нека прогугла цената на нафтата во 2009 се движеше околу 82 долари за барел, денес е околу 97 реално зголемување од околку 18.3%. Со учество во цената на билетот од 33% ова му доаѓа како оправдано зголемување од 6%. И се ок освен тоа како 6% од 30 е 5. Време е да си отворам учебникот по математика за 6-7 одделение пошто има изгледа некои промени во теориите. :P.
Шала на страна можеби е земена некоја просечна цена со вкучен удел на количината на секој различен вид на билет, ама некакко тешко ми е да поверувам.
П.С. Хип-Хоп има релно здрава идеја со велосипедите, дел од мај и јуни јас го поминав на релација карпош 4 - Факултети, не зема повеќе од пола саат, ама па затоа доста е ризично, пред се поради недостатокот на култура и инфраструктура.
П.П.С.
Ако некој ги знае предложените промени на цени и удел на истите во вкупната продажба нека пише, бар да не ја тупиме без везе.
 
Муабетот е дека ЈСП можеби воочија нешто од писмата што им се испраќаа.
Видоа директно како другите компании (ЕВН) се справуваат со истиов проблем и со исти мерки ќе го решат.
Кога една група на луѓе не плаќа, има друга што ќе мора да плаќа, како сметката на крај би дошла во позитива. Нејсе, народот ќе се побуни 3 дена и откако ќе излезе некој од ЈСП и не просветли дека ова покачување е заради "покачената цена на бензините", толку ќе биде.
Никој новинар нема да смее повторно да чепне на темата ЈСП, ако воопшто некој до сега напишал нешто до сега.
И народот ќе мора да си трпи.
Групата што не плаќала до сега ќе си продолжи да не плаќа, никому ништо.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom