Crazy in Love
Here's looking at you kid.
Едно е да тормозиш машко ама чим почнеш да тормозиш женско веќе и во очите на сите стануваш сељак така да и најголемите идиоти такво нешто избегаваат. Женски беа главно фаќани за гз и цицка и тоа го имаше и го има, ама тепање девојки од машки соученици е ретко. Ако сепак имаш конкретни статистики дека не сум во право слободно приложи ги.
Од дискусија за насилство меѓу машки деца се префли на девојки, за што сакаш конкретно да дискутираме, дека се нашите девојки од основно школо малтретирани и понижувани од машките соученици? Ете не верувам во тоа, но слободно демантирај ме, ама со факти.
Ти упорно тврдиш дека борбениот тренинг кај деца е џабе а јас не само што мислам туку и знам од пракса дека грешиш, нејсе да те убедувам немам намера, ќе си останеме секој со свое мислење.
Фаќањето на девојчиња го тргам настрана, зборам за физичко и психичко малтретирање и тоа во подолг период. И не, немам статистики, ама знам за што зборувам, ако ти не си видел, не значи дека не постои. И верувај, не секогаш машкото кога удира девојче се категоризира како сељак, особено ако станува збор за група на машки кои го прават тоа. Тврдам, одговорно пред форумов дека постои малтретирање, понижување и физичко и психичко врз девојчиња од страна на машки. Не можам да ти кажам процент, затоа што не го знам, ама постои и тоа го урива светот кај девојче во пубертет кое само што почнало да расте. Како тоа девојче ќе се одбрани? КАКО? Еве нека помага кај машките борбената вештина. Кај женските како? Не може никој да ме убеди дека 13-14 годишно девојче може еднакво да му возврати на машко на нејзина возраст, едноставно ја нема таа сила. Да каже на родител нема да каже, затоа што ќе и е страв дека само полошо ќе направи. Јас го спомнав малтретирањето општо, ги спомнав и машките и женските. Го истакнав малтретирањето на женските затоа што тоа е нешто што не е толку зборено, а темава е општо за насилници. А не за машки или женски жртви.