Добро, се жртвував за вас и тркнав до таму.
Прва импресија е дека личи на селски панаѓур, во толкава сала набиени само на дел од неа, со само 4-5 фирми. Да не зборам што се недоволно екипирани што доведува до хаотична гужва. Толку за лошите страни, се надевам дека следниот пат ќе ги отстранат.
Доброто е што навистина има попусти на некои производи. Си купив патики за 1200 што вчера ги гледав во истата фирма во Сити Мол за 1600.
На некои други работи имаше и поголеми попусти, ама обично на постари модели, мали броеви и слично. Кој бара попусти ќе најде по нешто.