ПОПИС 2011-Ќе се преброиме ли?

  • Креатор на темата Креатор на темата Karlos sakalot
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Мислиш дека ќе биде подобар? Чекај, ќе видиш! :coffee:

Прво, сеуште немаат поминато обука, а имаат уште само 2 (ДВА) дена до пописот. За денес и утре се закажани попишувачите кои се вработени во јавната администрација, а за другиве останува 1 (ЕДЕН) ден. Ќе биде весело да се види како ќе се снајдат на терен, ама тек допрва ќе ја видиме некоординираноста.
No worries they on top of the situation, like a BAWS.
 
Од мојата општина Босилово, има назначено турци кои немаат ни 4то одд завршено буквално незнаат ни една буква да напишат,а камо ли да читаат, која глупост лелеее..........
какви попишувачи ќе бидат тие??
Туку ништо не е чудно за нашата Македонија...МОНАРХИЈА! :mad:
 
...
у ствари се работи за обука на реонски инструктори кои не биле обучени досега и обука на реонски попишувачи

Нема логика! Обуката трае 2 дена, а имињата се објавени вечерта (утрото) во 3 саат. Како ќе се информираат тие луѓе дека се одредени да бидат попишувачи и да дојдат во 10 саат сабајлето?

Значи претходно се средени списоците во штабовите. Инаку, да си бидеме на чисто - не се само дпмне виновни, јас на овој список гледам и семејства од сојузот. Проблемот не е само една партија.

Подобро нека ни кажат колку имаат договорено и крај. Да не се трошат пари за џабе.
 
Добро, што ве чуди бе луѓе?
Се знае кои луѓе и како се вработуваат во ЈП, а од нив се попишувачите, па ете ти ги истите тие луѓе и на пописот. Ете ти ги и од двете партии, тие работаат во ЈП.
 
Аман бе ропачишта и бескичмењаци, оставете го оној што нема пари да земе некој денар од пописов, а не 90% од списоциве да ги полните со партиски војничиња и луѓе кои работат во администрација, СРАМОТА! Списокот сабајлево во 7ч објавен, а од 12ч обука, комедии :pos: Затоа државава не ја бивало, не ја бива, ниту пак некогаш ќе ја биде - БАНАНА!
 
Сега некои војничиња ќе се јават и ќе се жалат дека лепеле плакати, а не се а списокот, и утре очекувајте КОРЕГИРАН список каде што ќе ги извадат некои кои не биле многу активни и ќе ги стават некои други, видете ги сите списоци по неколку дена за сите има корегирани списоци, ШТО КОРЕГИРААТ?
 
На 3 дена пред старт пописот се проблематизира

На три дена пред стартот на пописот, ново недоразбирање меѓу членовите на државната пописна комисија. Претставниците на албанската и турската етничка заедница, имаа посебно толкување на членот 6 од законот. Бараат да бидат попишани и лица кои се подолго од една година надвор од Македонија, а во тој период влегле во државата. Потпретседателот, Абдулменав Беџети, вели дека тоа е согласно европските стандарди. од друга страна мнозинството членови на комисијата смета дека на тој начин се крши законот за попис.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/na-3-dena-pred-start-popisot-se-problematizira

ПАНИКА ? ПАНИКА СЕ ДИЖЕ . мора да го правам минимин 25 кома 17 бе
--- надополнето: Sep 28, 2011 10:38 PM ---

Овие се понашаат ко на Голи Оток да ги депортираме, па овакви пропаганди :tapp: Бог да чува
 
Треба секој Македонец на своја адреса да додаде по некој од дијаспората, како што прават Албанците.
Значи копија од лична карта и изјава дека тука живее.
 
Изгледа пак ќе се одложи пописот, потпретседателот на ДПК Абдулменаф Беџети даде неотповиклива оставка. Има информации дека уште 8 други членови на ДПК дале исто така оставка.
 
Изгледа пак ќе се одложи пописот, потпретседателот на ДПК Абдулменаф Беџети даде неотповиклива оставка. Има информации дека уште 8 други членови на ДПК дале исто така оставка.

Аман бре, а причините за овие оставки?
 
Аман бре, а причините за овие оставки?

Многу се јасни причините....да се попише и вујко му на братучед му од таткова страна што живи у Швицарска веќе 30 години
 
Многу се јасни причините....да се попише и вујко му на братучед му од таткова страна што живи у Швицарска веќе 30 години

Најверојатно си у право, ај да видиме до утре што ќе смислат, паметни се они имаат 24 часа наместо да почнат да се спремаат за вакви проблеми уште од априлското одложување.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom