Дали има шанси за бременост за време на менструација - да, апсолутно. Ама се минимални шо не значи дека ти би била исклучок по дифолт. Ама ова шо го пишам не е само за тебе туку секој кој не сака дете -
користете заштита! Ако користиш заштита шансите за дете ти се многу помали.
Према датите, во овулација си сега? Можи и од то да те наболваат. Почекај до кога треба да ти дојди. Почекај да помини ден над термин и напрај тест за бременост. До тогаш сем да чекаш можиш да одиш на гинеколог, да те боцни за да провериш преку крв, да си имаш еден рутински преглед, ехо ова- она. Барем со време ќе видиш на шо си.
Исто така ако си во овулација, можиш да си провериш вагиналниот исцедок. Како знајш дека си во овулација е ако исцедокот ти е леплив, теглив и проѕирен. То значи дека си плодна, ама не и оплодена. Како шо излегваш од овулација овој исцедок се намалва и суши. Ако во овулација исцедокот ти е сув, груб, залепен во себе ама не се држи како лепило ако пробаш со прсти да го разделиш, и е белузлив најчесто е индикатор дека не си плодна, а ако е ова во овулација можи да значи и дека настанало оплодување на јајце клетката.
Еве и тука можиш да прочиташ од кај шо ја презедов сликата:
What is egg white cervical mucus, or EWCM? Is egg white discharge normal? And is it bad if you have too much, or none at all?
www.verywellfamily.com
И ако не си, ова нека ти биди лекција во иднина да се едуцираш ако веќе си решила да бидиш сексуално активна. Споменаа горе сексуално преносливи болести, едуцирај се и за тоа, важноста на контрацепцијата и како да го напрајш вистинскиот избор на контрацепција во даден момент. Општо и секс за време на менструација ми е нехигиенски, ова према мене, крвта од ѕидот од матката да ми ја бутка внатре- надвор, а не па секс за време на менструација без заштита. Во моја глава ова ме насочва дека то е плодна почва на бактерии, али нема да коментирам за ова нахнадно зошто немам барано конкретно на темата.