Помош, совети, размена на искуства...

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување
Iskriven objektiv-ima li care?

Денес случајно ми се уклучил апаратот додека ми беше во футролата. Кога го извадив видов дека последното делче од објективот е искривено (од деловите што излегуваат кога се зумира, тоа што е најдалеку од тој што слика). Може ли да се поправи?
Утре го носам во Германос, уште е под гаранција.
Совет?
 
Росионеро друже носи го во Германос ама физичко оштетуваање е тоа, така да гаранцијата во тој случај не важи.
 
Имам проблем. Сакам слики од апаратов да префрлам на компјутер. Со кабел го поврзувам апаратов со компјутеров, ама кога сакам да ги земам сликиве се појавува едно The scanner or camera is in use. Please try again later. И пак после неколку проби се појавува ова. Решение?
 
За апаратот имаш софтвер? Може да не е плаг ен плеј и да не го распознава како мас мемори...или па провери во сетинзите за апаратот како што ти е наместен да го препознава
Мас сториџ дивајс ти е најпаметно, или ако нема таква опција инсталирај софтверот
 
Планирам да земам Канон А560...Добивам обични батерии со пакетот...Кој пунач и батерии би ми ги препорачале???
 
Планирам да земам Канон А560...Добивам обични батерии со пакетот...Кој пунач и батерии би ми ги препорачале???

Најефтините непослаби од 2100 mА/h (гледај да се 4 на број и немаш мака)
 
имам еден проблем од поодамна ама прашав еден чоек шо се занимава со фотографија ми рече дека нема спас ама сепак да си прашам јас. Значи имам црни точки на сликте кога сликам со F5.6 се матни а ако сликам со F36 се оштри, тој човекот ми рече дека е грешка во производството на леќата и нешто има помеѓу леќите внатре btw иам sony dslr a100
 
E kako toa "nema spas"??? Pa a100 e DSLR taka sto kje si ja promenis lekjata (pozajmi ja od nekoj) i kje vidis dali e do nea ili nesto do fotoaparatot
 
Сакам да го добијам ефектот - во еден кадар еден ист човек седи стои и лежи на пример а камерата е статична (како на филмови). Значи сликам 3 слики и сакам да ги спојам во една али не преку HDR туку обично спојување а без изобличувања на сликата.. Знае некој со кој софтвер можам да го направам ова?
 
Можеш:)
Една главна слика а другите ќе ги исечеш и ФОТОШОП:)....со Photomatix за HDR нема да можеш да ги ставиш:(
 
Преку HDR можам, го пробав тоа, али сликата ја дава со премногу ефекти. Муабетот ми беше сликата да е иста само лугето да се на различни места во сликата.
Точкест фала ти многу за сечењето :Dhehe
 
Преку HDR можам, го пробав тоа, али сликата ја дава со премногу ефекти. Муабетот ми беше сликата да е иста само лугето да се на различни места во сликата.
Точкест фала ти многу за сечењето :Dhehe
Епа изгледа дека HDR не ти е баш јасно што е чим пробуваш :pos:
Друг начин имаш...Апаратот ќе го поставиш статично во собата и личноста која ја фоткаш ќе се преместува на разни места...после тоа нормално пак у фотошоп и сите ете три слики ќе ги ставиш во фотошоп на посебни леери и ќе бришеш таму кај што се познаваат луѓето...полесно амин

И со HDR софтвер нема никогаш да го постигнеш тоа
 
Преку HDR можам, го пробав тоа, али сликата ја дава со премногу ефекти. Муабетот ми беше сликата да е иста само лугето да се на различни места во сликата.
Точкест фала ти многу за сечењето :Dhehe

чекај сеа, за денски или ноќно време?
ноќно време ај ќе можеш да го постигнеш тоа со долга експозиција и со некаков преносен извор на светлина, да не објаснувам сеа..
а за денски стварно не знам.. а HDR-от ти е за сасвим друга работа..
фотошоп и се е можно :)
 
Прелесно е бе чоек за дење ти збора, земаш трите фотки, местиш Opacity negde 80 % гледаш што треба да избришиш со гумата бришиш пополека и тоа е тоа ако сакаш туторијал ќе ти направам не е тешко :smir:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom