Помош, софтверски проблеми и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Sase91
  • Време на започнување Време на започнување
Користам Vista Home Premium и се случува неколку пати да ми јави блускрин самото од себе, пример при сурфање, играње solitaire, ворд, музика слушање, DivX филм гледање и слични работи шо не го оптеретуваат лаптопот, а на игра ми се нема случено. По рестартирањето се’ си е океј, го подига виндовсот ко ништо да не било и си тера понатаму. Ова се случува отприлика еднаш во месецот или на два месеци еднаш. Не е толку често, ама не е па ни толку ретко за да не ме загрижи. Виндовсот си е таков каков што беше ко го купив лаптопот пред точно две години. Не ми е преинсталиран оттогаш, лиценциран е, редовно апдејтуван, нема вируси, тројанци, не инсталирам и бришам програми често.
Кој би можело да биди проблемот? Дали му е веќе критично време за преинсталација на системот, оти не е веќе така брзо како на почетокот, му треба подолго време за подигање, ама општо во работа не е спор, или пак проблемот е во bad sectors на хард дискот? ПОМОШ?

Знае некој совет или да не очекувам воопшто?
 
Имам проблем драјверите не сакаат да се инсталираат за графичка и мрежна. Одам на драјверот за да се инсталира и прави подготовка и кога ке стаса она логото на nvidia после тоа треба да почне да се бираат опции и да го инсталирам драјверот но не сака едноставно се исклучува само од себе , не знам до што е проблемот со истите драјвери и претходно инсталирав. Ова е веднаш после формат. помош :):)
 
Знае некој совет или да не очекувам воопшто?

Исчисти го компјутерот (внатре, од прашина) извади ги рам плочките, зачисти ги плочките и слотовоте и после смени им ги местата на рам плочките. Види дали пак ќе те зеза.
 
Исчисти го компјутерот (внатре, од прашина) извади ги рам плочките, зачисти ги плочките и слотовоте и после смени им ги местата на рам плочките. Види дали пак ќе те зеза.

Го имам направено тоа, дури и стакло беше ко го отворив лаптопот внатре.
 
Го имам направено тоа, дури и стакло беше ко го отворив лаптопот внатре.

Пробај го ова со графичката и слотот за графичка.
 
Пробај го ова со графичката и слотот за графичка.

Ама за лаптоп се работи, интегрирана има графичка. А и не верувам оти е хардверски некој проблем, повеќе на софтверски ми личи, затоа и во оваа тема го пишав проблемов.
 
дали низ интернет има custom visual styles за windows 7? знае некој добри страни за оваа работа? ;)
 
дечки како можам да го направам побрз start up и shut down?? бидејќи времето за гасење и стартување на компјутерот ми е многу големо
 
Пробај ова и кажи. Јас не би пробал вакво забрзување, користи на сопствен ризик.

хуухухууху не ризикуам за првото и второто :))))
ги деселектирав тие апликациии во старт ап :))) го дефрагментирам редовно сеа уше еден голем хард диск и се ќе биде бомба :)
 
Кажете ми како одеше онаа постапката, за да можам да ги видам тие фолдери што се скриени, во my computer, па documents and settings, потоа што следува ?
 
Кажете ми како одеше онаа постапката, за да можам да ги видам тие фолдери што се скриени, во my computer, па documents and settings, потоа што следува ?

My Computer > Tools > Folder Options > View > под Hidden Files & Folders штиклирај Show Hidden Files & Folders
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom