- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.357
- Поени од реакции
- 13.151
Здраво луѓе, да ве замолам да ми кажете каде се продава од тоа што е како спреј од воздух што служи за чистење на вентилаторот на лаптоп, и термална паста која се става на системот за ладење, аматер сум знам дека во сервис може да го средам и дека исто ќе ме чини ама сакам сама да си го средам компјутерот, немам попаметна работа
За чистење на вентилаторот го имаш компресорот на најблиската бензиска станица, кој ќе го исчисти вентилаторот многу подобро наспроти спрејот со воздух кој воопшто не ти е потребен.
Термалната паста ја имаш во Сет, Логинг Електроникс, а најверојатно и во Анхоч и останатите продавници за компјутери и компјутерска опрема, но Сет и Логинг Електроникс - особено Логинг Електроникс - ти се загарантирани дека продаваат термална паста.
 
	 
 
		 
 
		 
 
		 
	 
 
		 
 
		