Помош, проблеми, прашања, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
Дали некој може да ми каже колку ке ме чини промена на екран за HP 4710s 17.3 inc. и каде е е најефтино и квалитетно, екранот е удрен со тап предмет и 80% бел 20% црн
 
Имам АСУС K56C SonicMaster

Од кога ми е форматиран најверојатно не ми се ставени оргинал драјвери за SonicMasterot пред тоа имав многу посилен звук и чистина, сега не е така, некој ако не му е тешко да ми каже каде да најдам да инсталирам и слично, имам Windows 8.1 инсталирани ми се драјверите од страната на АСУС, али незнам шо е проблемот
 
Кој Realtek audio драјвер го имаш?
 
Тастатурата на лаптопот нешто ме зафркава, пишувам брзо но не ги печати сите букви, како да кажам, не реагира навремено, не се печатат букивте редоследно. Се случува да треба некоја буква два пати да ја претиснам за да се испечати.

И тачпадот исто така кога ја поместувам стрелката не реагира нешто навремено..веќе два дена ми е вака..
 
Имам проблем со компјутерот. Кога го палам не го подигнува windows-от застанува до тука
0d56d1d817c8857685d09ac708590f34.jpg

Пробав со xp и со седмица и со двата исто прави.
Помага само hiren`s boot cd ако го бутирам и ако одберам boot from hard drive тогаш го подига widows-от.
e1e4f4907fb5291910d4750fca9f9e75.png

Дали знае некој што може да биде?
 
Последно уредено:
Пред се рестартирај го BIOS-от на дифолт, избади ја батеријата од матичната со исклучен компјутер нормално, почекај 2 минути, врати ја назад и пробај пак.
 
Пред се рестартирај го BIOS-от на дифолт, избади ја батеријата од матичната со исклучен компјутер нормално, почекај 2 минути, врати ја назад и пробај пак.
Ако ова беше одговор на мојот проблем пробав но не успеа пак исто прави.
Друго решение?
 
Пробав и тоа го ставив и прв да го бутира и втор никако не сака.

Извади го скроз цд-то, одштекај го од напајање......па пробај пак, ако нејќе и така пробај со друг хард, или истиов стави го на друг сата порт. Која конфиуграција?
 
Извади го скроз цд-то, одштекај го од напајање......па пробај пак, ако нејќе и така пробај со друг хард, или истиов стави го на друг сата порт. Која конфиуграција?
Го извадив цд-то, го ставив хард-от на друг порт и пак истото. Само не пробав со друг хард зошто немам. Инаку заборавив да напоменам дека ова ми се случи откако сакав да инсталирам ZORIN OS и со инсталацита ја форматирав C партицијата каде што претходно ми беше XP-то и тогаш ми се случи ова кога се рестартира за да продолжи со инсталацијата и допре каде што допира сега. Пробав повторно да инсталирам XP но исто. Пробав да инсталирам седмуца но ми бараше драјвери од двд ромот што претходно немаше потреба од нив кога сум инсталирал седмица. Стварно не знам што се случува.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom