Помош, проблеми, прашања, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
Имам пдф документ ама во letter size e :facepalm: и сега како да го испринтам, сегде во сите опции на принтерот местам А4, дури еднаш и пробав со letter ама принтеров постојано јавува порака: не е детектирана фиока која содржи letter големина на хартија.
 
Ситуацијата е следнава: имам ТВ Samsung LE23R81B и монитор Samsung 931bw кои што ми беа закачени на ѕид. Сега сакам да ги откачам и да ги користам нормално на маса/биро. Арно ама незнам каде сум ги забаталил оргиналните држачи. Дали знаете каде може да најдам само држачи? :oops:
Прегледај го приврзокот 65629 Прегледај го приврзокот 65630
 
За мониторот барај VESA постоље по продавнициве, и припази на големината имаш различни, а за телевизорот не знам.
 
Имам екстерен хард диск freecom некои си 6 месеци и последно време почнува да загрњва многу, еднаш дури симнував филм и ми се појави нешто како дека дискот не бил најден...
Иначе дискот е со капацитет од 500 гига и пола веќе е исполнет. Е сеа ме интересира шо е проблемот и дали да го носам во продавницата на проверка дури ми е уште под гаранција ?
 
Стави скриншот од HD Tune.
 
Каков муабет сте свртеле со Вори, па за графичкиве, ѕверови сте. Јас на момак како Вори кој не знаеме колку редовно ќе го одржува РС-то, пред се би му порачал добро напојување, добро куќиште со добар проток и обавезно инсталирање на барем 2 вентилатора.

Другото е сосема солидно. Рамот е лесно надградлив, графичката исто. Дали да оди на Ivy или Haswell, во моментов не му менува многу.
 
Ми "замрзнува" сликата секој пат кога играм некоја игра. Значит не функционира ништо и морам да го исклучам од штек.

Порано ми праеше исто вака, го однесов да ми го исчистат комјутеров внатре во куќиштиво и добро беше се. Сега пак истото и пак го однесов да ми го исчистат, ама не се среди. Ми кажаа да го извадам капаков од куќиштево бидејќи многу загревал така, ама пак истото прави.

Help !?
 
Ти загрева процесорот, треба да му нанесеш нова термална паста, доколку знаеш.Ако не најдобро однеси го на сервис.
 
Како може да се види кој процесор/графичка карта/мемориска картичка итн. е компатибилна со мојата матична плоча?
 
Како може да се види кој процесор/графичка карта/мемориска картичка итн. е компатибилна со мојата матична плоча?

Изгуглај си ја матичната плоча со точниот модел.
 
Имам мака со samsung galaxy note 10.1, повеќе од пола екран е со шарени линии и не може да се користи. Ваков проблем отприлика, само и поголем дел зафаќа:
g4fkU16PhqmMc15u.large

Е, сега, барав по нет, вика дека проблемот е до екранот и истиот би требало да се смени. Прашањето ми е, си има 2 години гаранција, арно ама е купено од Германија, дали има овластен сервисер во МК кај што би важела гаранцијата? Значи овластен сервисер за самсунг во Македонија ако знае некој дали има и кој е, нека кажува.

Ако нема овластен, би можело да се најде екран тука и да се замени? (во продавницата во Германија ќе го заменат цел таблет, ама би било подобро ако може тука да се замени некако).
 
Некој тивок кулер за сок. 775 да препорачате, сакам да го сменам сток-от, не ми треба за оверклок
 
како ке биде подобар звукот за блу реј филм да ги поврзам појачалото извучниците во компјутер (со онбоар звучна) или во hd телевизор со dolby digital
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom