Помош, проблеми, прашања, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
Имам матична плоча со интегрирана графичка , но сакам да ставам на нејзе друга графичка, на соодветниот слот на матичната. Е сега дали кога ќе ја ставам картицата, ќе ми се направи некаков конфликт? Дали ќе може место интегрираната да ја користам графичката ставена во слотот? Потребни ли се одредени подесувања и какви?
 
Еј дајте некоја антивирусна за 512 мб рам и послаба графичка ?
 
Ваљда овој проблем е соодветен за оваа тема хаха.. Купив веб камера Uc-118M,али не ми дадоја цд за да ја инсталирам камерава...но виндоус 7 сам спушта драјвери како што ми кажале така да не би требало тоа да е проблем..значи.. вчера работеше камерата на фејсбук,ама не на скајп..а денеска нејќе ни на фб.. чаре??Фала однапред
 
Секад кога имам проблеми темава ја користам :D

Има некаков начин да зачувам тоа што има во УСБ-то пред да го форматирам?
 
Секад кога имам проблеми темава ја користам :D
:icon_mrgr:

Какво УСБ? Стикче или на телефон? Ти го појавува на компјутер или нема ништо? Ова ти го пишав онака, додека се обидам да ти ги прочитам мислите :P
 
Стикче. Ми се појавува на комп. ама не го чита/отвара
 
До пред некое време се си беше добро со компјутеров ама еве веќе една недела дури и за отварање на нов таб треба 10-15 секунди, а да не збориме за други програми. Дали ова може да се подобри т.е да се врати како што си беше?
 
Имам матична плоча со интегрирана графичка , но сакам да ставам на нејзе друга графичка, на соодветниот слот на матичната. Е сега дали кога ќе ја ставам картицата, ќе ми се направи некаков конфликт? Дали ќе може место интегрираната да ја користам графичката ставена во слотот? Потребни ли се одредени подесувања и какви?

Ставаш и толку.
--- надополнето: 22 март 2013 во 13:36 ---
До пред некое време се си беше добро со компјутеров ама еве веќе една недела дури и за отварање на нов таб треба 10-15 секунди, а да не збориме за други програми. Дали ова може да се подобри т.е да се врати како што си беше?

Уклучи Task Manager (ctrl + shift + esc) и во Processes види кој процес најмногу ти зема меморија или CPU, кога отвараш табови.
 
До пред некое време се си беше добро со компјутеров ама еве веќе една недела дури и за отварање на нов таб треба 10-15 секунди, а да не збориме за други програми. Дали ова може да се подобри т.е да се врати како што си беше?
Дај за тимвивер ид и пасс на пп да пробам да ти го решам проблемот.
 
Имам проблем со матичната. Матичната не поддржува сата2 а дискот е сата 2 (Samsung HD250HJ). Откако ќе се стартува, нормално покажува дека нема диск, но после тврд рестарт (од копче) се подига нормално и дискот работи. Така на секое уклучување морам да почекам да појави дека нема диск, па со ресет да се подигне како што треба.
Со други дискови (sata1 и иде) работи најнормално.
Има ли некое чаре, на секое да не го ресетирам на уклучување?

П.С. Флешувана е плочата со последиот биос, а ни џамперите не помогнаа.
 
Имам проблем со матичната. Матичната не поддржува сата2 а дискот е сата 2 (Samsung HD250HJ). Откако ќе се стартува, нормално покажува дека нема диск, но после тврд рестарт (од копче) се подига нормално и дискот работи. Така на секое уклучување морам да почекам да појави дека нема диск, па со ресет да се подигне како што треба.

Има ли некое чаре, на секое да не го ресетирам на уклучување?

П.С. Флешувана е плочата со последиот биос, а ни џамперите не помогнаа.

Расчепкај во биосот, намести да го чита како IDE диск.
Треба да е некаде таму кај SATA Compatibility
 
Нема такво нешто, не постои на оваа плоча.

П.С. Плочата е PcChip M860
 
Дали имаш опција во BIOS-от - Hard Disk Pre-Delay ( може да е пишано и како HDD Spin Up или слично име на тоа, на секоја плоча е различно ) ? Ако имаш - зголеми ја малце вредноста ( од 0 на 3 / 4 ).
 
Нема ни такво нешто. Проблемот е изгледа што плочата е правена кога имало само сата1 дискови, а дисков е сата2
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom