може си пробал све што е достапно на НЕТ, дали све ова си го пробал:
... дали користиш еден кабел за напојување со два гранчени приклучоци (т.н.
daisy-chain кабел) за графичката, пробај да ја поврзеш графичката со два одвоени кабли директно од напојувањето, провери дали конекторите се цврсто притиснати,
... игриците како Total War Warhammer и Pharaoh се екстремно тешки и за процесорот и за графичката и повлекуваат нагли пикови (спајкови) на струја со што твоето напојување можеби не може да ги издржи тие скокови, па ја гаси графичката заштитно
...иако кулерите ти се појачани, можеби термалната паста на самата графичка е потполно исушена, температурата на графичкиот чип се прикажува (најчесто е во ред), но сензорите за меморијата (
VRAM) или напонската единица (
VRM) можеби достигнуваат критични температури кои палат сигурносен механизам.
...RTX 3060ти е одлична карта, но ако ја користиш поинтензивно, можно е некоја од фазите (кондензаторите) на самата плочка да е пред откажување, за да го провериш ова, пробај да ја намалиш работата на графичката со MSI Afterburner (намали го Core Clock за 100-150 MHz) и пушти Total War, ако не се случи црн екран, речиси сигурно е дека графичката е физички преоптоварена и пред крај.
... пробај во BIOS да ја исклучиш опцијата CSM (или стави на UEFI mode исклучиво) доколку ја користиш, прави чуда кај
RTX 3000 серијата кога е во прашање прекин на сликата.
... избриши ги драјверите комплетно преку DDU (Display Driver Uninstaller) во Safe Mode и инсталирај ги последните официјални драјвери одново.
доколку во позадина се слуша звук без брмчење или кочење, зуење:
... највероватно пад на напонот на графичката, игрите како
Total War бараат огромна струја во кратки интервали (т.н.
transient spikes), кога графичката ќе повлече повеќе струја отколку што напојувањето или кабелот можат да испорачаат, таа оди во сигурносен режим (се гаси), но компјутерот останува вклучен.
Решение за тест: Преземи ја програмата MSI Afterburner, намали го слајдерот за
Power Limit на
80% и
Core Clock за
-100 MHz пиши ги овие вредности, кликни го штиклирано со копче (Apply) и пушти
Total War, ако играта тера подолго од 5 минути, проблемот е дефинитивно во напојувањето или во оштетен сектор за струја на самата графичка.
... можеби прегревање на VRAM (меморијата на графичката) кога ја проверуваш температурата, ти ја гледаш температурата на главниот чип (GPU Core), меѓутоа, мемориските чипови околу него немаат секогаш сензор кој лесно се гледа во Task Manager, ако термалните падни (гумичките) на меморијата се истрошени или пастата е исушена, меморијата прегрева за 5 минути во тешки игри и го гаси видео-сигналот.
Решение за тест: Инсталирај ја програмата
HWiNFO64 и следи ја вредноста
GPU Memory Junction Temperature додека играш, ако оваа бројка надминува 95-100 степени пред да се угаси екранот, проблемот е во термалните падови.
... дефект на HDMI / DisplayPort кабел или порт, кога графичката ќе се загрее под оптоварување, материјалите малку се шират, ако некој пин во HDMI/DisplayPort портот на графичката или самиот кабел е оштетен, контактот се губи при високи температури, компјутерот работи, звукот оди, но сликата ја снемува.
Решение за тест: Пробај да го префрлиш кабелот во друг порт на графичката (ако имаш повеќе DisplayPort/HDMI влезови) или тестирај со сосема друг кабел.
мислам дека ќе се снајдеш во сево ова напишано исцрпено од НЕТ!