Помош, проблеми, прашања, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
Луѓе кoи се овластени сервиси за HP во Скопје!Дали има еден или повеќе и кој(и) се тие
C34UavP.png

Да си знаете од сега сите ...

ОВЛАСТЕНИ СЕРВИСИ

xaFGf2U.png
 
Какви се овие новиве целерони G1610, G2020 итн. во гејминг перформанси? Дали се драстично подобри од Athlon 64 X2 серијата? Правам споредба со AMD бидејки таков имам и планирам да земам некој нискобуџетен процесор, успат добро би било и некоја компатибилна матична плоча да кажете за целерониве и по која цена се движат. Фала однапред :cool:

Зависи што игри планираш да играш. За некои постари игри кои користат јадро или две, ок е G2020, за поновите кои користат 4 или повеќе јадра, нема баш да вади некои јаки перформанси. За 100 денари повеќе можеш да земеш G3220 3.0Ghz, понова генерација е на lga1150 , малце повеќе Ghz има и троши помалце струја. Цена му е 3000 и матична за него е 2500 на Н81 чипсет.Кој 64 х2 го имаш?
 
4400+ Brisbane 2.3 GHz на ASUS M2V-MX-SE матична :) Играм на 1280х1024 резолуција па колку што гледам на гугл пофалби за G2020 вади доста солиден фрејмрејт на Crysis 3 на медиум со HD7770.
 
Ќе осетиш разлика, солидни процесори се, јас го имам G2120 на 3.1GHz со GTX650Ti Boost графичка, ги тера супер сите понови игрици.
Исто и мојот предлог е како погоре G3220 + H81 матична, 4/8гб рам и солидна графичка, така да со малку пари може да си имаш солиден компјутер за гејмање :)
 
1zea8mu.png

Не знам зошто лаптопов ми работи нон стоп 90% или 100% load нон стоп. И температуриве се прилично високи. Некој совет?
 
Кој/и процеси ти го цедат процесорот? И добри се температуриве вака (зависи каков кулер имаш)
 
Лаптоп е, исчистив со ccleaner истории такви ствари и одма паднаа температурите на 42 степени, Фала на помошта(y)
 
Скенирај плус за секој случај со добар антивирус пример Нортон + со Malwarebytes и HitMan Pro.
 
4400+ Brisbane 2.3 GHz на ASUS M2V-MX-SE матична :) Играм на 1280х1024 резолуција па колку што гледам на гугл пофалби за G2020 вади доста солиден фрејмрејт на Crysis 3 на медиум со HD7770.

Crysis е една од игрите што ја оптимизираа да користи повеќе од 4 јадра. Инаку подобар е Интелот, од 2013 е, за разлика од АМД кој е 2006 мислам или 2007. Ако имаш нешто плус пари или време да почекаш да присобереш пари, би ти препорачал да го земеш АМД FX6300, доста солиден процесор за 6000 ден. 6 јадра на 3.5 Ghz и турбо на 4.1 Ghz, добар за next gen игри, рендерирање, стриминг и плус може да се оверклокува.
 
Кога сме кај тој ранк на процесори, читам дека i3-3220 би бил подобар избор за гејминг од FX6100 (FX6300 не ми е многу познат), добро сега за остало рендер, стрим нормално FX6XXX ќе го доминира со предноста на повеќе јадра.
 
Имам проблем со звукот на компјутерот, односно немам звук тоа што беше доле во десниот ќош за звук го нема исчезна :)
Незнам шо му е финтата..
Звучниците се во ред, што да направам да си го вратам звукот ај нека објасни некој
Истиот проблем, ќе може некој да ми објасни како да си средам да имам глас??
П.С: И ако може малце попросто, пошто не се разбирам баш баш.
Фала.
 
Кога сме кај тој ранк на процесори, читам дека i3-3220 би бил подобар избор за гејминг од FX6100 (FX6300 не ми е многу познат), добро сега за остало рендер, стрим нормално FX6XXX ќе го доминира со предноста на повеќе јадра.

FX 4100, 6100 и 8100, или Zambezi/Bulldozer процесорите на АМД не се прославија многу, и затоа одма ги заменија со Vishera/Piledriver FX 4300, 6300 и 8300. За цена на i3 кој што е dual core со hyperthreading, со АМД добиваш процесор со 6 јадра. Нормално дека за гејминг кај поновите игри АМД буквално ќе го убије Интелот (нејќам да започнам АМД/Интел војна, само изнесувам факти :)), додека кај постарите игри, Интелот е подобар, зошто Интел секогаш имале појаки јадра на процесорите, додека кај АМД се малку послаби и затоа нудат процесори со повеќе од 4 јадра, за разлика од Интел. Еве ти споредба http://cpuboss.com/cpus/Intel-Core-i3-3220-vs-AMD-FX-6300
 
Здраво имам еден проблем со лаптопот го натиснав со рака и сега се појави како пајажина ништо не се гледа како распукан е екранот , дали тоа се поправа или треба нов екран/дисплеј и ако треба одприлика колку би коштало иначе се работи за тошиба сателит 17 инчи позз
--- надополнето: 31 јануари 2014 во 02:15 ---
Здраво имам еден проблем со лаптопот го натиснав со рака и сега се појави како пајажина ништо не се гледа како распукан е екранот , дали тоа се поправа или треба нов екран/дисплеј и ако треба одприлика колку би коштало иначе се работи за тошиба сателит 17 инчи позз
 
Здраво дечки,
Дали некој имал искуство со некој ваков Power Bank од AliExpress и слични сајтови?
Сакам да нарачам, па добро би ми дошол некој совет :) , фала
 
ај помош и за мене... инсталирав 7ца на лап топ DELL 3537 арно ама ниеден драјвер не ми фаќа пошто е 32 битен оперативниот а на официјалната страна на дел има само за 64 битен... некој да знае од кај можам да ги симнам драјверите???

или ке мора да си инсталирам 64 битна 7ца ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom