Помош, проблеми, прашања, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
Не е поврзано со хардверот, но сепак ќе прашам.
Што треба да користам на некој начин за нега на компјутерот, односно со што да го чистам екранот од оние точки што се појавуваат, или пак дали треба нешто да превземам за чистење на делот што дува , кулерот? Пример редовно бришење прашина итн?
 
Десктоп или лаптоп?
CRT или LCD?

Sent from my ST21i using Tapatalk 2
 
И за декстоп и за лап топ ме интересира.
ЛЦД се изгледа, нови се.
 
За монитори има посебни влажни марамчиња и супер вршат работа. За тастатура (и десктоп и лаптоп) има спрејови со компримиран воздух, исто светска работа. Кај десктоп еднаш годишно отворање на куќиштето и чистење, а кај лаптоп подлога/ладилник е задолжителна.

Sent from my ST21i using Tapatalk 2
 
Дечки да ве прашам. На мојот лап топ забележав дека не му работи она место маус што е, го ставам прстот и го мрдам, ама стрелката не се помрднува не реагира. Незнам тоа како се вика, ама знаете за што ви зборам. Лап топот е релативно нов, летово го купив.
 
Има ли нешто до 500 - 600 евра што ќе врши работа некое време?
Матична (3.300) + Процесор (10.500) + РАМ x2 (3.000) + Графичка (10.000) + Хард Диск (3.900) + Куќиште (3.200) + Напојување (2.600) = 36.500 (600 евра)

Ако можеш да искористиш хард диск од претходно (ама некој асален), можеш да идеш на подобра графичка. Матичната е нов чипсет, што не се клока, ама не ти треба со тој процесор. Рамот е доста солиден (и малку поскапе последно време). Куќиштето и напојувањето ти се сосема солидни за таа кофигурација. Додуша, може малку подобро напојување, ама зависи како си со буџет. Конечно, побарај попуст, ќе ти дадат барем 5% и ќе ти излезе поевтино.

Подобра графичка од таа горе, ако можеш да уклопиш:
Мебиус Sapphire 7850 - 10.310.
ASUS DC2 7850 2GD5 - 11.990

Таа од Мебиус сега ја видов, и подобра е од 650TI што ти ја линкував погоре, јас би ја земал 7850-ката. Мебиус се во Тафталиџе. Во врска со напојувањето, ист ценовен ранг и квалитет е веројатно ова, а ако можеш да си дозволиш ова (убедливо најдобро од овие претходно споменатите). Значи ако имаш да искористиш од стариот компјутер куќиште, можеш да ги дадеш на напојување. Обавезно земи некои од овие тука, немој никако да одиш со Хантол, Делукс и слични срања напојувања да не ти рикаат компоненти.

Ваквата конфигурација ќе ти биде многу солидна, матичната е со нативен USB3.0, PCIe 3.0, и сите нови тракатанци. Истиот процесор и матична ги има брат ми, само он има плус SSD, и компјутерот растура. Во иднина само ќе ставиш едно SSD, и нема потреба да се замараш. Тука немаш режач, искористи го постоечкиот, во спротивно е 950 денари.

Ако има нешто, пиши слободно.
--- надополнето: 25 февруари 2013 во 12:26 ---
Па околу 300 евра..
Монитор имаш? Куќиште? Дискот и другите делови не можеш да ги искористиш. Освен оптичкиот (претпоставувам дека е на SATA).
 
Да, одличен избор е тој. Не проверив во DDShop затоа што сепак треба да се почека да се нарача. Како и да е, Blu му е одлична варијанта, за ден-два го доставуваат.
 
Да, одличен избор е тој. Не проверив во DDShop затоа што сепак треба да се почека да се нарача. Како и да е, Blu му е одлична варијанта, за ден-два го доставуваат.
Додека сме кај DDshop, ме интересира твоето мислење за оваа графичка...
http://webshop.ddcom.com.mk/product...y-port-HDMI-2560x1600/pid/755575#.UStVvR0QY-o
 
Додека сме кај DDshop, ме интересира твоето мислење за оваа графичка...
http://webshop.ddcom.com.mk/product...y-port-HDMI-2560x1600/pid/755575#.UStVvR0QY-o
Искрено, не ми се познати VTX. Пример знам за AFOX кои се нудат во Сет и имаат многу попривлечна цена од VTX. На конкретната карта цената и е 11.200. Во Сет за 11.900 имаш ASUS DC2 што е докажан квалитет, со подобро ладење и веројатно компоненти. Конечно, и таа во Мебиус за 10.000 Sapphire 7850 е подобар избор од VTX-от. Гледам дека има малку клокнато јадро и меморија во однос на референтната, ама не познавајќи го квалитетот на производителот, на долг рок не знам како би се држела.

Како што кажав, не ми се познати, може се лажам, ама мислам дека не. Подипломатски одговор од овој не можам да ти дадам. ;)
 
Fair enough...VTX е нова марка, формирани се 2012 год. и по некои информации станува збор за фирма сестра на Power of Color. Цените им се ниски затоа што сеуште не се пробиени на пазарот. Еве некои тестови на споменатата картичка.
http://www.playwares.com/xe/mainreview/24682081
 
Цените им се ниски затоа што сеуште не се пробиени на пазарот.
Многу е тешко да се пробиеш на пазарот на компјутерски хадрвер, ама очекував пониска цена од новајлии. Да беше цената некои си 8.000 па да размислиш, за 11.200 секогаш ќе ја земам Асусот за 700 денари повеќе, или Гигабајтот.
 
Имам SATA to IDE и IDE to SATA конвертор... Пробувам и така и така да поврзам диск/цд ром, несака.. Во биос наместено ми е Sata Mode на IDE. Се е поврзано како што треба, арно ама ништо не се случува во оперативниов... Има некои посебни сетинзи за ова?
 
Понекогаш не сака да работи со некои матични плочи од Х причини.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom